Стартуваа натпреварите на Балканското првенство во одбојка на песок во Штип

Почнаа натпреварите на Балканското првенство во одбојка на песок во спортско рекрекреативниот центар „Џексон“ во Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова превентсво е одлична можност за сите љубители на спортот да уживаат во настаните закажани за овие три дена.

-Чест и задоволство е да се биде домаќин на пет репрезентации коишто во следните денови ќе настапуваат во спортскиот центар „Џексон“ на одбојка на песок, спектакл, нешто што штипската јавнност го заслужува, рече Јорданов.

Меѓународниот одбојкарски судија Никола Мицевски вели на превенството ќе се одиграат 32 натпревари во машка и женска конкуренција, ќе настапат 40 учесници од пет балкански држави, а натпреварите ќе ги судат локални судии. Мицевски ги покани сите во следните три дена да го посетат СРЦ „Џексон“ и да уживаат.

-Ги поканувам сите љубители на одбојката да дојдат следните три дена и да уживата. Одбојка на песок е спортска дисциплина која се развива многу повеќе за разлика од одбојка во сала, и токму затоа Штип викендов ќе биде епицентар на спортските случувања, вели Мицевски.

Свеченото отворање на Балканското првенство во одбојка на песок е закажано за вечерва, а финалните натпревари се закажани за во недела.

Пронајден 36 годишен затвореник во затворот во Шутка

36 годишен затвореник во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари бил пронајден мртов во неговата ќелија, соопшти МВР.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги од насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

„Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа „Затвор Скопје“ било пријавено дека во притворското одделение, во просторијата во која престојувал, бил пронајден починат осуденикот В.В.(36) од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Од денеска поевтинување на дел од прехранбените производи

Од денеска стапува на сила владината мерка за намалување на дел од прехранбените приоизводи .

Одлуката за намалување на бруто профитната маржа на 73 производи вчера е објавена во Службен весник, а веќе денеска во маркетите и продавниците каде стојат овие производи ќе треба да имаат ознаки „ помалку трошоци, Повеќе за тебе“.

Цените на брашното, оризот, млечните и пекарските производи, месото, зеленчукот и овошјето треба да бидат намалени до 31 октомври. А веќе в петок треба да почне и примената на законот за забрана на нефер трговски практики, со кој се очекува да се стави крај на проблемите со цените. Освен рабатот, со законското решение беше донесена и листа со над 2 500 производи чии маржи ќе бидат ограничени до 10 %. .. Денеска инаку, треба да излезе и пресметката на ссм за минималната синдикална кошничка

САД: Треба да се спречи ескалација меѓу Израел и Хезболах

Соединетите Американски Држави не поддржуваат ескалација на конфликтот што се случи во последните денови меѓу Израел и Хезболах, изјави висок функционер на Стејт департментот.

„Не можам да се сетам, барем не во последно време, дека каква било ескалација или интензивирање на конфликтот доведе до деескалација. Стабилизацијата не може да се случи на таков начин“, рече претставникот, наведувајќи дека Вашингтон интензивно ќе разговара со своите сојузници за конкретни идеи за смирување на ситуацијата и спречување на проширување на војната.

Во понеделникот Израел изврши жестоки воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан, при што загинаа 492 лица, повеќе од 1.500 луѓе беа ранети, а десетици илјади избегаа за да најдат побезбедно место.

По нападот, израелските власти изјавија дека во никој случај не се за проширување на војната, туку дека овој напад, како и претходниот, е осмислен за да ги принуди членовите на Хезболах да најдат дипломатски решенија за актуелната криза. Претставникот на Стејт департментот го отфрли овој став и изјави дека САД не го поддржуваат.

На прашањето дали Израел подготвува копнена инвазија на Либан, тој одговори дека таквата акција воопшто нема да придонесе за намалување на тензиите.

Вооруженото крило на Хамас објави дека еден од нивните команданти, Махмуд Ал Надер, бил убиен за време на израелските напади во понеделникот.

притисни ентер