Српските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирање

Српските НВО поднесоа кривична пријава против полицијата и БИА поради софтверот за шпионирање на новинари и активисти.

Невладините организации во Србија денеска поднесоа кривична пријава против полицијата и Безбедносно-информативната агенција (БИА) по извештајот на „Амнести интернешенел“ (Amnesty international) дека српските власти употребиле шпионски софтвер за следење на новинари и активисти.

АИ во извештајот од 16 декември наведува дека открила наводна илегална примена на шпионски софтвер кој „на српските власти им пружа големи можности за надзор, кога ќе биде инсталиран во апаратот на лицето кое се следи“.

Во извештајот на АИ вклучени се и сведочења на новинари и активисти, кои ја обвинуваат власта дека тајно инсталирала шпионски софтвер во нивните телефони додека бил во притвор или за време на испитувањето.

Додека српската полиција тврди дека користи само форензички средства во согласност со законите.

Активистите ја контактираа и специјализираната агенција на ОН и комесарот на Советот на Европа за човекови права. /МИА

Борба за живот: Човек се втурна кон дива мечка за да си го спаси кучето (ВИДЕО)

Кучињата заслужено се опишани како „најдобриот пријател на човекот“ или „најлојалното животно“, особено во ситуации кога треба да нѐ заштитат.

Тие се подготвени да ги ризикуваат сопствените животи во опасни ситуации, што е напишано во многу литературни дела или прикажани во филмови, пренесува Times Now News.

Денешната приказна е за човек кој решил да го извлече од неволја својот четириножен пријател. Дива мечка нападна врзано куче, а потоа во приказната се вмеша и сопственикот.

Ризикувајќи си го животот, човекот се втурнал кон ѕверот, го повлекол синџирот со кој било врзано кучето, а потоа посегнал по дрвена даска. Ова очигледно ја збунило и исплашило мечката, па таа се повлекла.

Видеото трае 10 секунди, што е сосема доволно за да се прикаже драмата, а брзо стана вирално на мрежите. Многу гледачи оставија коментари.

„Очигледно, човекот знаел да ја избрка мечката. Изгледа ваква ситуација се има случено и порано“, напишало едно лице, а друго продолжи: „Можеби требало да го одврзат кучето и заедно да се засолнат“.

Поединци верувале дека човекот имал среќа бидејќи не наишол на возрасна мечка, но дека секако покажал голема храброст.

Не е откриено каде се случил инцидентот, иако повеќето корисници ја споменуваат внатрешноста на Турција. Некои мислат дека кучето е овчар Кангал, а противник му е сириска кафеава мечка.

Американец „случајно“ го избодел 50 пати својот татко, па се предал во полиција

Маж од Мисури ѝ се предал на полицијата, признавајќи дека „случајно“ го убил својот постар татко избодувајќи го 50 пати.

Џефри Геде (41) им рекол на замениците на шерифот на округот Џеферсон дека „направил грешка“ и сакал да им се предаде на нив, а не на полицијата во Манчестер, бидејќи повеќе ѝ верувал на канцеларијата на шерифот, пишува BrefNews.

Откако бил предаден на полицијата во Манчестер, Геде признал дека го удирал својот татко со раце, но не можел да се сети дали користел нож за време на фаталниот напад.

Полицијата го пронашла Едвард Геде (75) со тапи повреди на лицето, главата и грбот, заедно со 50 убоди и скршеници на коските. Жртвата била и задавена.

Во корпа за отпадоци е пронајден кујнски нож, а полицајците забележале силен мирис на белило во домот.

Геде, кој тврдел дека „случајно убил некого“,е обвинет за убиство и криминално поседување оружје.

Белата куќа го предупреди Трамп: Ослабениот Иран би можел да возврати со нуклеарна бомба

Иран може да се придвижи кон изградба на нуклеарна бомба откако беше ослабен од војните на Блискиот Исток, го предупреди Белата куќа новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Советникот за национална безбедност на Џо Бајден рече дека тој го информирал идниот претседател за „ризикот“ официјален Техеран да го добие оружјето.

Ова доаѓа откако Трамп, наводно, размислува за воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки кога ќе продолжи да биде врховен командант по положувањето заклетва на 20 јануари, објави британски Телеграф.

Џејк Саливан, советникот за национална безбедност во Белата куќа, рече дека го предупредил тимот на Трамп да биде „внимателен“ за заканата од нуклеарна ескалација.

Позицијата на Иран ослабе по израелските напади врз неговите сојузници - палестинскиот Хамас и либанскиот Хезболах, како и падот на Башар ал Асад, ирански ориентиран претседател на Сирија. Саливан предупреди на зголемен ризик Иран да се откаже од ветувањето дека нема да произведува нуклеарно оружје.

„Тоа е ризик за кој сега се обидуваме да бидеме внимателни. Тоа е ризик за кој јас лично го информирам претстојниот тим“, рече Саливан, додавајќи дека се консултирал и со американскиот сојузник Израел.

Тој додаде дека, со оглед на „ослабената позиција“ на Иран, Трамп може да го убеди Иран да се обврзе да го уништи својот нуклеарен капацитет.

Сепак, новоизбраниот претседател и неговиот тим ја разгледуваат ослабената регионална позиција на Иран и сега размислуваат за воздушни напади врз нуклеарни постројки, пишува Wall Street Journal. Ова би значело кршење на долгогодишната американска надворешна политика, која го ограничи Техеран преку дипломатија и санкции.

Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неодамнешните разговори дека е загрижен за способноста на Иран да развие нуклеарни капацитети, според извештајот. Марк Рубио и Мајк Валц, номинирани за државен секретар и советник за национална безбедност, постојано заземаат цврсти позиции за Иран.

И двајцата го критикуваа Џо Бајден, американскиот претседател, за притисокот врз Израел да избегне бомбардирање на нуклеарни постројки за време на одмаздата во октомври. Трамп потоа изјави дека Израел треба „прво да ги насочи нуклеарните капацитети, а подоцна да се грижи за останатото“.

Ова укажува дека, дури и ако САД не извршат директно воздушни напади против Иран, веројатно ќе му даде на Израел поголема слобода да го нападне Техеран отколку администрацијата на Бајден.

Агенцијата за атомска енергија на ОН денеска предупреди дека Иран веќе е на работ да направи нуклеарно оружје. „Нема смисла да се оживее дипломатскиот договор од 2015 година, кој тогаш го постигна американскиот претседател Барак Обама, бидејќи Иран драстично го прошири своето производство на ураниум и „практично е на исто ниво како државите со нуклеарно оружје“, се наведува.

Како дополнителен знак на зголемени тензии меѓу големите сили, Техеран во саботата формално протестираше поради апсењето на двајца Иранци обвинети за пренос на чувствителна американска технологија.

„Сметаме дека и суровите и едностраните санкции на САД против Иран и овие апсења се спротивни на сите меѓународни закони и стандарди“, рече претставник на Стејт департментот.

Израелскиот премиер Нетанјаху вети дека ќе го возврати ударот на последниот преостанат член на „иранската оска на злото“ со удари врз нивните јеменски Хути.

Бунтовничката група еден ден претходно погоди израелски трговски центар во близина на Тел Авив со, како што ја нарече, балистичка ракета, при што беа повредени 16 лица.

притисни ентер