Средба на Џафери со претставници од Проектот за парламентарна пракса, Исток – Запад

 Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со претставници од Проектот за парламентарна пракса.

Исток – Запад кои работат на зајакнување на парламентарната демократија, промовирање транспарентност и одговорноста во управувањето и давањето поддршка на граѓанското учество во процесот на донесување одлуки.

Како што соопштија од Собранието, спикерот Џафери на средбата со директорката на Проектот, Џил Адлер, проектниот менаџер Елена Саботина и министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија во Владата на Македонија Зоран Шапуриќ, разговарале за досегашните проекти што се реализирани, но и за актуелните парламентарни случувања.

Адлер го искажала своето позитивно мислење за одличниот напредок кој го има остварено Македонија во изминатиот период и упатила честитки за брзата динамика на ратификување на Протоколот за членство на Македонија во НАТО во националните парламенти.

Џафери ја потенцирал успешната соработка со меѓународни организации и донатори кои го подржуваат зајакнувањето на капацитетот, унапредувањето и осовременувањето на функционирањето и работата на Собранието. Тој нагласил дека Собранието е отворено за соработка во области кои се значајни за целокупниот општествен развој.

Мисијата на Проектот за парламентарна пракса, Исток-Запад е зајакнување на парламентарната демократија, промовирање транспарентност и одговорноста во управувањето и давањето поддршка на граѓанското учество во процесот на донесување одлуки.

Армијата на Конго тврди дека спречила државен удар, три лица загинале во престрелката

Армијата на Конго соопшти денеска дека рано изутрината „спречила државен удар“ и ги уапсила сторителите, меѓу кои и неколку странци, а забележано е и пукање во главниот град Киншаса, при што загинаа три лица.

Портпаролот на армијата на Конго, генерал Силвен Екенге, на прес-конференција соопшти дека обидот за државен удар бил спречен од конгоанските одбранбени и безбедносни сили и дека ситуацијата е под контрола, но не даде повеќе детали.

Покрај тоа, се судриле луѓе во воени униформи и обезбедувањето на локален политичар во неговата куќа, на околу два километри од претседателската палата и делот од градот каде се наоѓаат некои амбасади. /МИА

Сабаленка за поразот од Швјонтек: Сè уште сум среќна со резултатот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го коментираше поразот од полската претставничка Ига Швјонтек во финалето на турнирот во Рим. 

Таа истакна дека генерално е задоволна од нејзиниот настап во главниот град на Италија.

- Иако работите не одеа во моја корист, сепак сум среќен со резултатот во Рим. Во првиот сет не играв многу добро и не ја чувствував мојата игра. Во вториот се обидов да бидам малку поагресивна. Имав неколку можности да направам брејк. Можеби ако ги реализирав, натпреварот ќе испаднеше поинаку. Но, јас не го направив тоа. Ќе се обидам подобро следниот пат, рече Сабаленка на прес-конференција.

Во меч што траеше 1 час 29 минути Швјонтек победи со резултат 6:2, 6:3. Првиот светски рекет ја освои својата четврта ВТА титула во сезоната и 21-ва во кариерата.

Ова е втор меч на тенисерките во последните две недели. Швјонтек и Сабаленка се сретнаа на 4 мај во решавачкиот меч на турнирот во Мадрид. Тогаш победи исто така првиот рекет на светот. /МИА

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

притисни ентер