Средба Лимани - Санз Луке: Ја зајакнуваме соработката со UN Women преку заеднички проекти

 Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на работниот престој во Женева оствари средба со Регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија, Белен Санз Луке, информираат од Министерството.

На средбата се разговарало за конкретни теми, како продлабочување на соработката и засилување на поддршката на жените жртви на семејно насилство и нивите деца, преку обезбедување на прифатилишта (шелтер центри) во целата држава.

Точка на разговор била и поддршката на руралните жени, во насока на обезбедување на услови за нивно активирање на пазарот на трудот и можности за згрижување на децата во предучилишни установи во средината каде што живеат. Ова, велат од Министерството, претставува двојна придобивка со тоа што тие стануваат и економско независни, а нивните деца вклучени во предучилишниот процес, од што бенефит имаат и самите тие и државата.

Од страна на Регионалната директорка, Санз Луке била искажана поддршка и во проектите и мерките за младите, со акцент на младите девојки и нивна поголема видливост во општеството.

Двете страни се согласиле на зајакната соработка преку заеднички проекти и потпишување на меморандум за соработка во областите кои ги покрива министерството.

Взаемниот заклучок на крајот бил дека доколку не се имплементираат законите, тие залудно се напишани на хартија.

Македонија, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, направи значителен исчекор напред во заштитата на човековите права на жените со усвојувањето на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство и измените на Кривичниот законик.

НБА: Гордон уште четири години во Денвер за 133 милиони долари

Ден пред почетокот на новата сезона во НБА, шампионот од 2023 година, Денвер Нагетс, се договори да ја продолжи соработката со својот крилен кошаркар Арон Гордон (29) за уште четири години.

Гордон, кој имаше договор со Денвер до лето 2025 година, ќе инкасира 133 милиони долари во периодот од 2025 до 2029 година, додека во сезоната 2024/25. неговата плата ќе изнесува 23 милиони долари.

Во сезоната 2022/23 во која Денвер ја освои шампионската титула, Гордон во лигашкиот дел просечно бележеше 16,3 поени, 6,6 скокови и 3,0 асистенции и 13,3 поени, 6,0 скока и 2,6 асистенции во плејофот, додека минатата сезона имаше просек од 13,9 поени, 6,5 скокови и 3,5 асистенции во лигашкиот дел, и 14. 7,3 скокови и 4,4 асистенции во плеј-офот.

Продолжувањето на договори со своите клубови за сума над 100 милиони долари потпишаа и Џејлен Сагс со Орландо Џејлен Џонсон со Атланта и Џејлен Грин со Хјустон. /MИА

Јанчев: Кавадаречки дол како почетно решение за заштита на амбиенталниот воздух

Кавадаречки дол како почетно решение за заштита на амбиенталниот воздух.

На вториот Форум за заштита од загадувањето, кавадарчани го одбраа ова решение од неколкуте понудени, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Мицкоски се сретна со австрискиот претседател Фон дер Белен

Средба со претседателот на Австрија, Александар Фон дер Белен. 

Зборувавме за заедничката соработка и воспоставување на пријателство кое мора да трае.

За иднината на државата и регионот, објави Мицксоки ан ФБ.

притисни ентер