Продолжува тензијата помеѓу болницата Козле и министерот за здравство Таравари

Продолжува тензијата помеѓу клиниката за респираторни болести за деца Козле и министерот за здравство Таравари за причината за смртта на 14 месечното бебе. 

Министерот Таравари изјави дека со правната екипа на министерството за здравство ќе ги превземат сите чекрои да се разбуди совеста кај менаџментот на болницата Козле. А во меѓувреме ќе пратат и одредени препораки до Лекарската комора.таравари посочи дека добро ешто клиниката за детски болести веќе побарала одговорност од дежурните доктори.

По изјавата на Таравари со писмено соопштение реагираше и клиниката Козле го повторија ставот дека се е направено од страна на тимот од прифаќањето до следење и транспорт во придружба на доктор до сестра до детската клиника.

„Стручната комисија како и едногласноста на колегиумот се мој императив дека во нашата клиника е превземено се во третманот на детето“.

Клиниката за детски болести Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца доктори специјалисти се до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка. 14 месеченото бебе почина пред три недели родителите сведочеа дека детето не било навреме хоспитализарно во клиниката за детски болести и го однеле во болницата Козле.

По влошување на состојбата од Козле детето било вратено на клиниката за детски болести каде почина. Родителите најавија тужба за клиниката за детски болести. Комисија составена од министерството за здравство потврди дека имало пропусти во лекувањето и во двете болници и транспортот.

Зеленски: Украина не бара од Западот нуклеарно оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја не бара од западните сојузници „нуклеарно оружје“ за да се бори против руската инвазија. 

„Ние не бараме да ни се даде нуклеарно оружје“, им рече тој на новинарите во понеделникот, изјава со ембарго до денеска.

Во говорот во Брисел минатата недела, Зеленски рече дека Украина треба да има „нуклеарно оружје“ доколку не може да биде дел од НАТО.

„Или Украина да има нуклеарно оружје, што ќе служи како нејзина заштита, или да биде дел од некој вид на сојуз“, рече Зеленски во четвртокот, додавајќи дека не знае за „поефективен сојуз од НАТО“.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој и самиот постојано зборуваше за нуклеарната закана од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, изјавата на Зеленски ја нарече „опасна провокација“.

„Можам веднаш да кажам дека Русија во никој случај нема да дозволи тоа да се случи“, рече тогаш Путин.

По распадот на Советскиот Сојуз, Украина се согласи да и го предаде на Русија советското нуклеарно оружје што се наоѓа на нејзина територија, во согласност со договорот склучен во 1994 година, познат како Будимпештански меморандум.

Во понеделникот Зеленски оцени дека неговата земја го предала своето нуклеарно оружје „без да добие ништо за возврат“.

„Требаше да го замениме (нуклеарното оружје) за (членство во) НАТО“, додаде претседателот на Украина.„Токму затоа што Украина нема оружје што може да го запре Путин, и треба НАТО“, додаде Зеленски.

Тој потсети дека му предложил на Западот, како дел од неговиот план за победа, распоредување на ненуклеарни средства за одвраќање на украинска територија. /МИА

Муцунски на средба со новите членови на експертската комисија за прашањата со Бугарија

Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија одржав протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

Во своето обраќање истакнав дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање за одговорно и непречено извршување на нивните активности. Посочив дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода.

Дополнително, ја нагласив и мојата лична заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, објави на ФБ министерот Тимчо Муцунски.

Мицкоски по средбата со австрискиот претседател: Продолжуваме да се бориме за Македонија

Со состанокот што го имавме со претседателот на Австрија, Ван дер Белен ја завршуваме официјалната билатерална посета во Австрија којашто започна со учеството на настанот во Салцбург.

Зборувавме со голем број европски дипломати на коишто ја пренесов пораката на македонските граѓани како и нашите очекувања како држава.

Ја завршуваме посетата со настанот, учеството на австриската дипломатска академија каде што ќе зборувам со што се соочуваме како држава и кои се нашите приоритети како Влада.

Имавме успешна и плодна билатерална посета во Австрија. Продолжуваме да се бориме за Македонија и македонските граѓани, како и за националните интереси, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

притисни ентер