Средба Димовска - Лејенбергер

Потврден континуитетот на одличната соработка со германскиот Бундестаг

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денеска оствари средба со заменик-генералната секретарка на Германскиот Бундестаг, Сашка Лејенбергер, на која покрај собраниските службеници, присуствуваше и нашиот резидентен амбасадор, Илбер Села. На средбата, беа потврдени одличната и континуирана соработка меѓу двата парламента и беа разгледани предлозите за утврдување на соработката во следните години, информира собраниската прес служба.

Димовска искажала благодарност за интензитетот и динамиката на размена на експертиза, добри практики и искуства меѓу Бундестагот и Собранието. Фокусот на дискусијата бил во насока на финализирање на реформата за воведување независно собраниско обезбедување во контекст на целосна институционална независност на Собранието.

-Средбата беше искористена и за иницирање нови можности за соработка меѓу службите на двата парламента, согласно потребите на Собранието и во области за кои имаме отворени прашања и за кои е потребно целосно доуредување. Особено го истакна значењето на ИПС програмата, којашто се спроведува секоја година за млади лица од нашата земја кои стажираат во германскиот Бундестаг и на тој начин стекнуваат непроценливи искуства и знаења за парламентарното работење. Тие искуства по враќањето дома ги споделуваат во Собранието. Димовска упати и покана до раководството на службата на Бундестагот за посета на нашето Собрание, се вели во соопштението.

Лејенбергер изразила особено задоволство за денешната средба, истакнувајќи дека Собранието е во фокусот на приоритети за соработка на Бундестагот, со уверување дека оваа соработка ќе продолжи да се продлабочува во веќе детектираните области и за нови теми од заемен интерес. Праксата стипендистите да поминат две недели во Собранието пред нивно заминување во Германија и да се запознаат со начинот на неговото функционирање, ја оценила како особено позитивна, како искуство кое е корисно и служи за поподготвени да го почнат нивното стажирање во Бундестагот.

Двете соговорнички биле согласни дека во овој динамичен свет, во кој секоја институција мора да држи чекор со новата технологија, парламентите треба да инвестираат уште повеќе во дигитализацијата, заштитата на податоци, како и нивно поактивно претставување на социјалните мрежи, обезбедување поголема достапност на информации за граѓаните и за младите, но и во вклучување на јавноста и експертите во законодавниот процес, во родовата еднаквост и буџетирање, како нови трендови во парламентарното работење.

Повредите му ја уништија кариерата: Поранешниот ас на Рома и Марсеј кажа крај

Холандскиот играч за врска, Кевин Стротман објави крај на кариерата.

Стротман, чија кариера беше одбележана со сериозни повреди и не можеше целосно да го исполни својот потенцијал, престана да игра активно на 34 години.

– На кариерата и дојде крајот. Ти благодарам фудбал – напиша Стротман на социјалните мрежи.

Стротман е без клуб од јули годинава, а претходно играше за Спарта Ротердам, Утрехт, ПСВ, Рома, Олимпик Марсеј, Каљари и Џенова.

За холандската репрезентација од 2011 до 2019 година одигра 46 натпревари и постигна три гола. /МИА

Шлепер од Украина направи хаос во сообраќајот (ВИДЕО)

Во обид да сврти полукружно на две полни линии шлепер од Украина удри во автобус на ЈСП

Сообраќајната несреќа се случи во населбата Ѓорче Петров а поради тоа што е петок и поголемиот број на граѓани ја користат улицата Ѓорче Петров за излез на Скопје, гужвата создаде нервоза кај возачите.

Поради сообракајната несреќа полицијата мораше да ја затвори улицата и да го пренасочи сообраќајот по околните улици.

Саинц: Остин ќе покаже дали Ферари има шанса за титулата

Викендов на патеката COTA ќе стане јасно дали Ферари има реални надежи за светската титула кај конструкторите во Формула 1.

Ова е мислењето на пилотот на Скудерија, Карлос Саинц, кој ги прокоментира очекуваните перформанси на болидот по пакетот подобрувања.

Последните промени на СФ-24 донесоа нестабилност во брзите свиоци и појава на отскокнување, што доведе тимот да се врати на својот под од Барселона, а потоа на „Хунгароринг“ и „Монца“ да користи надградени верзии на оваа варијанта.

-Мислам дека со секоја следна трка по „Монца“, посигурни сме дека промените на нашиот болид ќе функционираат насекаде. Но, секогаш сум велел дека додека не стигнеме до Остин, каде што возиме на нормална патека, нема да можеме да го оцениме нашиот напредок во споредба со Зандворт и Спа, каде што имавме најголеми проблеми. За нас, најважниот тест сега е да видиме дали овие промени се чекор во вистинската насока. А во следните две трки ќе видиме дали ќе имаме шанси за титулата кај конструкторите, изјави Шпанецот.

Саинц потоа објасни што точно мислел со оваа споредба на силите.

-Ако во Остин, Мексико и Бразил, каде имаме постандардни патеки, почнеме да заостануваме и нашиот настап е како оној на Зандворт и Спа, јасно е дека нема да има на што да се надеваме. Да видиме како ќе бидеме во подолгите и побрзи кривини, додаде Саинц./МИА

притисни ентер