Специјалниот суд го закажа за 24 октомври прелиминарното рочиште против Сали Бериша

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција за 24 октомври го закажа прелиминарното рочиште за досието „Партизан“.

-Пред три дена Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, го достави ова досие во кое обвинети се Сали Бериша, Џамарбер Малтези, Фатмир Бекташи, Џими Бегеј, Андина Пустина, Студио „Пустина“ компаниите „Хомеплан“ и „Контакт“, објавија медиумите.

Предметот е кај судијката Флојера Давиди, која треба да донесе одлука дали случајот ќе биде испратен на судење, може да го врати на дозавршување на истрагите или да го отфрли случајот.

-Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша се товари за кривично дело „Пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници“, извршено во соработка, за што може да добие казна затвор во траење од осум години. Неговиот зет за ќерка, Џамарбер Малтези, нерегуларно стекнал корист од околу 5,4 милиони евра, приход од градежен бизнис, наведуваат медиумите.

Тој го приватизирал спортскиот комплекс „Партизан“ во центарот на Тирана, благодарение на одлуките на владата чиј премиер тогаш бил Бериша, по што изградил неколку повеќекатници.

Бериша, кој деновиве наполни 80 години и тврди дека е невин, е во домашен притвор од 30 декември минатата година. На последните парламентарни избори, во 2021 година, беше избран за пратеник, но парламентот по барање на СПАК му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Американскиот Стејт департмент го стави Бериша на списокот со санкции уште во мај 2021 година поради сомневање за корупција, а во јули истата година, и Велика Британија. Тој тогаш обвини дека и двете одлуки се плод на „обвинувањата и лобирањето на премиерот Еди Рама и мултимилијардерот Џорџ Сорос“.

Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност

- Москва можеби е гласна, но НАТО е силен.

Русија останува најголема и директна закана за безбедноста на НАТО сојузниците, а рускиот претседател Владимир Путин прибегнува кон се понеодговорна реторика, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, на кој учествуваше и македонскиот министер Владо Мисајловски.

- Москва можеби е гласна, но НАТО е силен. Во се понеизвесниот свет, од витално значење е да продолжиме да ги модернизираме нашите капацитети и да вежбаме заедно за да ги задржиме нашите конвенционални и нуклеарни сили силни, истакна Руте, додавајќи дека основната цел на нуклеарната способност на НАТО е да се зачува мирот, да се спречи принудата и да се одврати агресијата.

Тој посочи дека на денешното заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри на одбрана станало збор и за операциите на НАТО на Западниот Балкан и во Ирак.

- Во Косово, сојузниците продолжуваат да работат заедно за да обезбедат дека нашата мисија КФОР ги има силите и ресурсите што и се потребни за одржување на безбедно и сигурно опкружување за сите, истакна Руте.

Кога станува збор пак за мисијата на НАТО во Ирак, според Руте. таа продолжува да биде важен придонесувач за стабилноста на земјата и за оспособување на ирачките безбедносни сили за борба против терористичките групи, како дел од напорите на Алијансата за стабилен, безбеден и просперитетен Блиски Исток.

Во однос на Украина, Руте потсети дека НАТО работи на доставување безбедносна помош и обука за земјата, за што формира посебна Команда во Визбаден која треба да стане целосно оперативна во наредните месеци.

- Ние сме на добар пат да го исполниме нашето ветување да и обезбедиме на Украина 40 милијарди евра воена поддршка. Ќе продолжиме да стоиме на страна на Украина, како што стоиме зад правото на секоја нација да живее во слобода, суверенитет и безбедност, рече Руте.

Според него, поддршката за Украина е инвестиција во заедничката безбедност, бидејќи трошоците што би настанале ако му се дозволи на Путин да ги оствари своите цели, би биле многу повисоки од оние што се потребни за поддршка на Украина.

- Борбата на Украина е и наша борба, нагласи Руте.

Тој додаде дека зајакнувањето на одвраќањето и одбраната останува главен приоритет на Алијанса, бидејќи нејзина најсвета должност е гарантирање на безбедноста на една милијарда луѓе.

- Затоа го засилуваме нашиот одбранбен индустриски капацитет, ги зајакнуваме нашите синџири на снабдување, инвестираме во нови одбранбени капацитети и ги користиме новите технологии, рече Руте, додавајќи дека во услови кога синџирите за снабдување се се поранливи, НАТО мора да стане посамостоен и да биде подготвени и способни да одговори на заканите во сите домени и во секое време.

Тој информира и дека министрите договориле нова иницијатива за стандардизација, бидејќи, како што рече, стандардите се клучни за способноста на сојузниците да се борат заедно и за намалување на трошоците за одбрана.

- Како дел од оваа иницијатива, ќе го забрзаме развојот на стандардите на НАТО, ќе ја подобриме стапката на нивната имплементација и ќе го прошириме нивниот опсег за да вклучиме нови иновативни воени капацитети. Мораме максимално да ја искористиме нашата единствена способност да дејствуваме заедно, сите 32 членки, затоа што тоа е она што и дава сила на нашата Алијанса, истакна Руте.

Според него, министрите се согласиле и дека противвоздушната и ракетната одбрана остануваат приоритет на Алијансата, во услови кога Русија повеќекратно го наруши на воздушниот простор на НАТО од почетокот на руската агресија врз Украина, при што последниот случај беше вчера во Романија.

- Дозволете ми да ја изразам солидарноста на НАТО со Романија и да им заповедам на романските власти и Врховната сојузничка команда за Европа за брз и ефективен одговор на овој инцидент. Ќе продолжиме да го зголемуваме надзорот и размената на информации, преку координирање на индивидуалните и колективните одговори, изјави Руте.

Тој потсети и дека од неодамна НАТО значително го зголеми своето присуство на неговото источното крило и ја зајакна воздухопловната мисија за надзор.

- Сојузниците планираат да набават илјадници системи за противвоздушна одбрана и артилерија и повеќе стотици модерни борбени авиони, главно Ф-35 од петтата генерација. Сојузниците купуваат 1.000 ракети „Патриот“ за да ги надополнат своите резерви, додаде Руте. /МИА

Повредите му ја уништија кариерата: Поранешниот ас на Рома и Марсеј кажа крај

Холандскиот играч за врска, Кевин Стротман објави крај на кариерата.

Стротман, чија кариера беше одбележана со сериозни повреди и не можеше целосно да го исполни својот потенцијал, престана да игра активно на 34 години.

– На кариерата и дојде крајот. Ти благодарам фудбал – напиша Стротман на социјалните мрежи.

Стротман е без клуб од јули годинава, а претходно играше за Спарта Ротердам, Утрехт, ПСВ, Рома, Олимпик Марсеј, Каљари и Џенова.

За холандската репрезентација од 2011 до 2019 година одигра 46 натпревари и постигна три гола. /МИА

Шлепер од Украина направи хаос во сообраќајот (ВИДЕО)

Во обид да сврти полукружно на две полни линии шлепер од Украина удри во автобус на ЈСП

Сообраќајната несреќа се случи во населбата Ѓорче Петров а поради тоа што е петок и поголемиот број на граѓани ја користат улицата Ѓорче Петров за излез на Скопје, гужвата создаде нервоза кај возачите.

Поради сообракајната несреќа полицијата мораше да ја затвори улицата и да го пренасочи сообраќајот по околните улици.

притисни ентер