Спасовски до Мицкоски: Направивте брутална партизација со бројни примери за непотизам

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, направија целосен демант на ветувањата во изборната кампања .

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, направија целосен демант на ветувањата во изборната кампања кои се однесуваат на формирање на професионална департизирана администрација.

„Во време на изборната кампања имаше ветување дека ќе се формира мала професионална администрација во којашто департизацијата ќе биде основа, дека нема да имаме непотизам, дека само стручни и компетентни кадри ќе бидат поставени на позиции. Само во овие 100 дена направивте целосен демант со постапките за коишто можеби знаете како одлуки а можеби и не знаете“, рече Спасовски.

При тоа, Спасовски во прашањето до Мицкоски, посочи дека во првите 100 дена од Владата на ВМРО ДПМНЕ, јавноста е сведок на повеќе примери на непотизам.

„Сестрата на министерот за култура Љутков, вработена во Музејот во Велес во овој период, братот на помошникот на министерот за внатрешни работи во Центарот за обука се вработил во Центарот како предавач од неодамна. Во Македонски Брод има една цела листа за 100 дена, може да кажеме 100 дена или 100 дена вработувања од семејството“, рече Оливер.

Говорејќи за стручноста и компетентноста на дел од избраните кадри на ВМРО ДПМНЕ, Спасовски го посочи за пример изборот на директорката на Комисијата за верски заедници, Оливера Трајковска.

„Започнала студии на Теолошкиот факултет во Скопје во 1997 година, дипломира 2023 година, значи после 26 години кај колега со кој заедно почнале да студираат.Дали ова се критериумите? И ако се тргне од претпоставката, тој што најдобро знае за теологијата, нема конкуренција личност што толку време студирала. И втората работа е во однос на стекнувањето на дипломата, бројот на годините колку што треба за директор и учеството односно работењето во државната администрација. Дали овие принципи коишто ги заговаравте претходно на стручност, на компетентност, на немање на непотизам, исто така ќе побарате ревносно да се расчистат во јавноста, и тие коишто искористиле одредени позиции на моќ за да успеат во намерите на своите блиски да ги вдомат, дали ќе преземат одговорност и ќе има разрешување, бидејќи тоа беа барањата коишто претходно како опозиција ги баравте“, порача Спасовски.

Поранешната сопруга на Бил Гејтс го прошета далеку помладото момче- работело кај милијардерот

Мелинда Френч Гејтс шета со своето ново момче, претприемачот Филип Вон.

Тие го направија своето јавно деби како пар на романтичен состанок во Њујорк. Поранешната сопруга на милијардерот Бил Гејтс изгледаше среќно додека таа и претприемачот синоќа тргнаа на вечера во Ле Бернардин во центарот на Менхетен.

Двојката е фотографирана како возат џип до француски ресторан, а Вон ѝ помага на Мелинда да влезе во возилото.

Тие одеа рака под рака по пристигнувањето на нивната дестинација бидејќи се чинеше дека учествуваат во лесен разговор. Мелинда (60) носеше црн макси фустан и сребрен ѓердан, додека Вон црн костум и бела кошула. Нивното излегување дојде само неколку часа откако ја објавија својата врска во јавноста, додека вчера наутро со хеликоптер пристигнаа во Њујорк.

Она што со сигурност се знае за Филип Вон, според „Линкедин“, е дека речиси девет години, помеѓу 1999 и 2008 година, работел за поранешниот сопруг на Мелинда, Бил Гејтс, ко-основач на Мајкрософт. Бизнисменот моментално работи како основач и претседател на компанија за испорака на занаетчиски пиво, која ја основал во 2011 година.

Разводот на Мелинда и Бил Гејтс, кој беше објавен во мај 2021 година, предизвика големо внимание во медиумите и јавноста. Двојката се венча во 1994 година и заедно добија три ќерки. За време на нивниот брак, Гејтс се истакнаа како истакнати филантропи, основајќи ја Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, која се фокусира на глобалните здравствени прашања, образованието и борбата против сиромаштијата.

Во објавата за развод, Мелинда изјавила дека се разделиле, но и двајцата се согласиле да продолжат да работат заедно на фондацијата. Нивниот развод го означи крајот на долгогодишното партнерство, но и почетокот на новото поглавје во нивниот живот. Медиумите објавија различни шпекулации во врска со причините за разводот, вклучително и минатото на Бил, но и двајцата останаа фокусирани на нивните филантропски активности и поддршка на нивните семејства.

Разводот на Гејтс стана симбол на промените во модерните бракови и предизвиците со кои се соочуваат успешните парови.

Разводот на Мелинда и Бил Гејтс беше особено интересен поради нивниот статус во светот на технологијата и филантропијата. Нивниот брак се сметаше за спој на иновации и хуманитарност, па затоа разделбата предизвика многу коментари и анализи.

Еден од клучните елементи што се провлекуваше низ извештаите беше деловниот стил на Бил и неговата вклученост во различни проекти, како и повремени контакти со контроверзни личности, што предизвика загриженост кај Мелинда. Во медиумите се појавија и шпекулации за различни несогласувања околу начинот на кој сакале да управуваат со фондацијата.

Иако разводот беше емотивен и сложен, Мелинда продолжи да се фокусира на своите проекти и јавни иницијативи, честопати зборувајќи за важноста на правата и еднаквоста на жените. Бил, од друга страна, продолжува да се занимава со технологија и инвестиции, заедно со редовните филантропски активности.

Нивниот развод, исто така, покрена прашања за приватноста и јавниот интерес, при што многумина се прашуваат како нивните одвоени животи би влијаеле на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. На крајот, иако се разделија, и двајцата ја изразија својата посветеност да продолжат да соработуваат на проекти кои имаат значително влијание врз глобалната заедница.

Една од најзначајните контроверзни личности со кои Бил Гејтс имал деловни контакти е Џефри Епштајн, финансиерот обвинет за сексуална злоупотреба. Нивното пријателство привлече големо медиумско внимание, особено по смртта на Епштајн во 2019 година. Во јавноста беа покренати прашања за врските на Бил со Епштајн и како тие врски можеле да влијаат на неговиот личен и професионален живот.

Дополнително, Бил Гејтс беше критикуван за неговите јавни настапи и ставови за различни прашања, вклучително и вакцинација и технологија, што дополнително ја зголеми контроверзноста околу неговиот лик. Мелинда во неколку наврати истакна дека нивните ставови за некои прашања, особено поврзани со семејството и етиката, значително се разликуваат, што можело да придонесе за тензиите во нивниот брак.

Овие контроверзии, заедно со другите прашања за приватноста и личните вредности, ставија дополнителни оптоварувања на нивната врска, особено затоа што се соочија со предизвици за време на процесот на развод.

Најмалку 158 загинати во поплавите во Шпанија, се идентификуваат жртвите

Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на 158.

Огромното мнозинство од овие смртни случаи - 155 луѓе - се регистрирани во Валенсија, соопшти регионалниот координативен центар за итни случаи на платформата X.

„Процесот на собирање и идентификација на жртвите продолжува“, соопшти центарот.

Премиерот Педро Санчез го посети центарот рано утринава.

Се уште постои можност да бидат пронајдени уште жртви, бидејќи засега непознат број луѓе се водат како исчезнати.

„За жал, во некои возила има мртви“, изјави шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте.

Автомобилите се натрупани еден врз друг, додека откорнати дрвја, урнати далноводи и мебел покриваат улици во десетици заедници низ Валенсија.

Додека најголем дел од вниманието беше насочено кон ефектите од поплавите на патиштата во најтешко погодениот регион, катастрофата предизвика и големи проблеми за железничката инфраструктура.

„Ел Паис“ објави дека министерот за транспорт Оскар Пуенте рекол дека брзата линија меѓу Мадрид и Валенсија нема повторно да се отвори „две или три недели“ поради сериозни оштетувања на критичните точки како што се тунелите Чива и Торент.

Трите оператори на линијата, Ренфе, Оуиго и Ирио, сега најверојатно ќе треба да рефундираат илјадници резервации, со проценетата вредност на продадени 100.000 билети за патување помеѓу вторник и недела.

Се верува дека илјадници билети се продадени за датуми по тој период.

Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Потврден нов случај на птичји грип, овој пат во комплекс во скопско Злокуќани.. 

Две недели по потврдениот случај на птичји грип во зоолошката градина во Скопје, АХВ денеска регистрираше нов случај на вирусот овој пат во Злокуќани, населба каде не се регистрира за прв пат ваквата појава. Птичјиот грип е потврден кај угината гуска која била пронајдена во близина на езеро во комплекс за домување од затворен карактер.

По две години повторно е детектиран птичји грип во Злокуќани, овој пат во овој комплекс за домување.

Од АХВ велат дека е направено тестирање и на два живи лебеди кај кои не е утврден птичји грип, а спровеле и заловување на другите птици во комплексот каде ќе се извршат понатамошни тестирања за евентуално присуство на вирусот. Во меѓувреме се преземени мерки за претпазливост

„АХВ донесе решение за прогласување на болеста и нареди спроведување на заштитни контролни мерки, со цел спречување на ширење и сузбивање на оваа зооноза – убивање и нештетно отстранување на затекнати диви птици на локацијата, освен птиците кои се чуваат во затворен простор и од кои се земаат мостри за лабораториско тестирање. Наредено е спроведување на дезинфекција на одгледувалиштето, забрането е движење на живина и други птици во и од одгледувалиштето без одобрение на официјален ветеринар.“ , стои во соопштението на АХВ.

Инаку, на 19ти месецов, 10тина вработени во АХВ во скафандери поради птичји грип усмртија 35 птици во Зоолошката градина, која по акцијата се донесе одлука да остане затворена 21 ден, постапка за која тогаш остро реагираа од Град Скопје.

Во меѓувреме се донесе решение и за воведување на заштитни мерки во однос на болеста син јазик кај говеда, овци и кози, откако во Демир Капија угинаа 7 животни, а кај 10тина се забележани симптоми на оваа болест.

притисни ентер