Регистриран нов случај на птичји грип кај угината гуска во скопско Злокуќани

Потврден нов случај на птичји грип, овој пат во комплекс во скопско Злокуќани.. 

Две недели по потврдениот случај на птичји грип во зоолошката градина во Скопје, АХВ денеска регистрираше нов случај на вирусот овој пат во Злокуќани, населба каде не се регистрира за прв пат ваквата појава. Птичјиот грип е потврден кај угината гуска која била пронајдена во близина на езеро во комплекс за домување од затворен карактер.

По две години повторно е детектиран птичји грип во Злокуќани, овој пат во овој комплекс за домување.

Од АХВ велат дека е направено тестирање и на два живи лебеди кај кои не е утврден птичји грип, а спровеле и заловување на другите птици во комплексот каде ќе се извршат понатамошни тестирања за евентуално присуство на вирусот. Во меѓувреме се преземени мерки за претпазливост

„АХВ донесе решение за прогласување на болеста и нареди спроведување на заштитни контролни мерки, со цел спречување на ширење и сузбивање на оваа зооноза – убивање и нештетно отстранување на затекнати диви птици на локацијата, освен птиците кои се чуваат во затворен простор и од кои се земаат мостри за лабораториско тестирање. Наредено е спроведување на дезинфекција на одгледувалиштето, забрането е движење на живина и други птици во и од одгледувалиштето без одобрение на официјален ветеринар.“ , стои во соопштението на АХВ.

Инаку, на 19ти месецов, 10тина вработени во АХВ во скафандери поради птичји грип усмртија 35 птици во Зоолошката градина, која по акцијата се донесе одлука да остане затворена 21 ден, постапка за која тогаш остро реагираа од Град Скопје.

Во меѓувреме се донесе решение и за воведување на заштитни мерки во однос на болеста син јазик кај говеда, овци и кози, откако во Демир Капија угинаа 7 животни, а кај 10тина се забележани симптоми на оваа болест.

На Маск му е овозможено да им дава по милион долари на републиканските гласачи, одлучи судот

Милијардерот Илон Маск денеска не се појави на сослушување во судот во Пенсилванија во врска со исплатите на 1 милион долари на регистрираните гласачи за претседателските избори во САД на 5 ноември кои потпишаа одредена петиција.

Милијардерот Илон Маск денеска не се појави на сослушување во судот во Пенсилванија во врска со исплатите на 1 милион долари на регистрираните гласачи за претседателските избори во САД на 5 ноември кои потпишаа одредена петиција, а судот одлучи да не се занимава со случајот до повисокиот федерален суд, што треба да одлучува дали ќе го преземе.

Маск, поддржувач на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, на чии митинзи понекогаш е гостин, ја доби поканата за сослушувањето еден ден порано.

Судот требало да го сослуша барањето на окружниот обвинител на Филаделфија, Лари Краснер, да ги запре исплатите на Маск на регистрираните гласачи на помалку од една недела пред изборите меѓу Трамп и демократката Камала Харис, што според анкетите е многу неизвесно.

Судија од Пенсилванија на сослушувањето одлучил дека нема да започне со разгледување на барањето на окружниот обвинител додека федералниот суд кој би можел да го преземе случајот не донесе одлука за ова прашање.

Тоа му овозможува на Маск да продолжи да им дава пари на гласачите бидејќи случајот најверојатно нема да биде решен до изборите во вторник.

Обласниот обвинител на Филаделфија се обиде да го спречи давањето пари на помалку од една недела пред жестоко оспоруваните претседателски избори меѓу Трамп и демократката Камала Харис.

Краснер, кој се залагаше за прогресивни каузи кога се кандидираше за окружен обвинител, ги обвинува извршниот директор на Tesla Маск и неговиот политички акционен комитет Америка PAC дека создале „нелегална лото шема за влијание врз гласачите“.

Маск не стигна на сослушувањето кое започнало во 10 часот по локално време. Најбогатиот човек на светот се соочува со казна ако судијата Анџело Фоглиета утврди дека неговото нејавување претставува презир кон институцијата.

Краснер побара дополнителни безбедносни мерки од судот, наведувајќи ја „лавината“ од запаливи објави на социјалните мрежи против него, вклучително и антисемитски напади и објавување на неговото обраќање.

Маск сака да го префрли процесот пред федералниот суд, тактика за одложување што му овозможува да продолжи да плаќа.

Во поднесокот до судот, милијардерот рече дека Краснер покренува прашања за слобода на говор и мешање во изборниот процес, кои се теми за федералниот суд.

Краснер го обвинува сопственикот на Tesla, SpaceX и X за водење на „нелегална шема за лотарија за да влијае врз гласачите“.

Маск им дели чекови од 1 милион долари на случајно избрани Американци кои потпишуваат петиција за поддршка на слободата на говорот и правото на носење оружје.

Може да учествуваат само регистрираните гласачи во една од седумте клучни држави за конечниот исход од изборите на 5 ноември - Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин. Маск ја претстави идејата на 19 октомври на митингот во Харисбург, главниот град на Пенсилванија.

Краснер тврди дека Маск на тој начин води нелегална лотарија која ги крши правата на потрошувачите бидејќи користи погрешни информации. Државниот обвинител истакнува дека Маск и организацијата America PAC не објавиле јасни правила за тој натпревар и не посочиле како ги штитат личните податоци на гласачите.

Краснер исто така тврди дека претходните победници всушност не биле случајно избрани бидејќи двајца од нив биле на митингот на Трамп.

Некои правни експерти тврдат дека лотаријата на Маск потенцијално може да ги прекрши федералните закони кои го штитат плаќањето за гласање.

Во вториот дел се тврди дека тоа не е така бидејќи Маск само бара да се потпише петиција за учество во наградната игра.

Ковачевски: Што побрзо почнеме побрзо и ќе завршиме, ние избегнавме да имаме поглавје со соседи

„Сега Владата вели дека нема да преговара со Брисел туку дека ќе преговара со новата Влада во Бугарија “

И Коридорот 8 и 10д беше најкриминален додека ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, сега пред неколку дена велат дека е историски најдобриот, да беа против –ќе гласаа против, значи не биле против. Ниту еден пратеник во Собранието не бил повикан од мене во однос на делување во Собранието, францускиот предлог беше на француското претседателство, идентитетските прашања беа тргнати од преговарачката маса, јазикот беше гарантиран. Ние сме Македонци во 2024, нема асимилација, сега преговорите за ЕУ зависат од тие што треба да го донесат дво-третинското мнозинство. Овде во Скопје при посетата на претседателката на ЕК, лево од неа седеше човекот кој го креираше францускиот предлог и тоа никој не го коментира. Актуелната Влада пред изборите излезе со платформа дека имаат нов план, но и тој план е врз основа на францускиот предлог. Сега владата вели дека нема да преговара со Брисел туку дека ќе преговара со новата влада во Бугарија. Што побрзо почнеме побрзо и ќе завршиме, ние избегнавме да имаме поглавје со соседите. Новата Влада не ја врати преговарачката рамка, тие и онака сега ќе одат по нов консензус. Се' што беше кажано во кампањата не важи, но тоа за државата е добро, бидејќи ако исполнеше се што најавуваше ќе имавме лоши односи со соседите, рече поранешниот премиер Димитар Ковачевски во Само Интервју.

Деца од 10 и 12 години возеле луксузно БМВ на пат во Романија, па се снимале (ВИДЕО)

Снимка од 10-годишно момче кое вози БМВ на пат во Романија го привлече вниманието на властите, кои покренаа истрага.

Полицијата тврди дека малото момче неколку пати било зад воланот на скапо возило, како и неговиот 12-годишен брат, пренесува Либертатеа.

Поради оваа причина таткото со законски предлог ќе биде изведен пред судија за прекршоци.

„На 30 октомври службени лица од општина Трговиште во координација со обвинителот ја продолжија истрагата во постапка по сторено кривично дело управување со возило на јавни патишта без дозвола и доверување на возило на лице без потребната дозвола. “ соопштија од Окружниот инспекторат Дамбовица.

По извршената проверка, според полицијата, било утврдено дека мажот во повеќе наврати, во периодот од февруари до август, им го „доверувал автомобилот на своите малолетни деца на 10 и 12 години“.

„На интернет се појави видео од дете кое вози БМВ на патот во населбата Дамбовица. Се чини дека е снимено од истото возило, од задното седиште. Се гледа дека детето дури се врти наоколу, а луѓето стојат покрај патот“, наведуваат надлежните.

притисни ентер