Сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови услови за локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од УХМР информираат дека утре претежно во западните делови од земјата ќе има појава на краткотраен дожд. Потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.

Во средината на неделата се очекува преодно наоблачување проследено со локални врнежи од дожд и услови за грмежи.

ФИДЕ нема да ги откаже Конгресот и Генералното собрание поради поплавите во Будимпешта

 Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) смета дека поплавите во Будимпешта, кои се очекуваат до крајот на неделата, нема да го нарушат Конгресот и Генералното собрание.

- Локалните власти ни рекоа дека и покрај тешката ситуација, хотелот каде се одвиваат нашите активности не е во опасност, информираа ФИДЕ.

Конгресот на ФИДЕ започна во унгарската престолнина на 17 септември. Генералното собрание, ќе се одржи викендов.

Митева: Ќе поднесе ли СДСМ интерпелација за Даути за не свикување на комисијата?

Петровска: Зошто ВМРО-ДПМНЕ не побара од претседателот на собранието да го примени членот 126? Пратеничките Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ, гости во вчерашната Само Вистина.

Митева:

Во членот 126 став 2 од Деловникот на Собранието, група на пратеници членови на комисијата за социјална политика, труд и млади поднесуваат барање до г-ѓа Илире Даути се повикуваат на членот да свика седница со точка на дневен ред предлог на закон за изменување и дополнување на законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Македонија и членовите на нивните семејства по скретна постапка, поднесен од пратеничката Славканка Петровска. Еве ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ членови, а ќе ви го дадам листот однесете го во СДСМ таму членови се и Јованка Транчевска и Фатмир Битиќи нека се потпишат и во случај да не биде свикана седница имате две можности: до комисија за избори и именувања да поднесете предлог за разрешување на претседателката –јас сум член на таа комисија ќе ви дадам поддршка или да поднесете интерпелација. Ќе поднесе ли СДСМ интерпелација за работењето на претседателката односно за не свикување на комисијата?

Петровска:

Претседателот на Собранието е виновен што семејствата на бранителите не можат да добијат финансиски средства, тој одбива да го примени деловникот, односно мнозинството парламентарно бидејќи тој доаѓа од таму. Жално е што ВМРО-ДПМНЕ нема очи да ја види блокадата од страна на претседателот на Собранието, па сега овде некои предлози ни дава –ќе ги потпишеме, полека. Овој закон кој го предложив е поднесен од мене во Архивата на Собранието на 1 јули 2024 година. Се до 17 Јули законот стоел во фиока некаде во Собранието, најверојатно пред претседателот на Собранието. Седумнаесет дена требало законот да биде прикачен во е-Парламент за да им биде достапен на пратениците, сите знаеле дека законот е влезен во собрание а имало молк. Врз основа на член 176 став 1, собранието ја задолжува претседателката во рок соодветно од деловникот да свика седница, претседателот на собрание не постапува по член 126, зошто ВМРО-ДПМНЕ не испрати писмо во претседателот на собранието како што направи СДСМ и не побара од него да го примени членот 126.

Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области

 Руските системи за противвоздушна одбрана ноќеска соборија 101 украински беспилотно летало, главно над областа Брјанск, покраината Краснодар и Азовското Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што е наведено, 53 беспилотни летала биле пресретнати и уништени над регионот Брјанск, 18 над регионот Краснодар, пет над регионот Калушка, по три беспилотни летала над регионите Твер и Белгород и по еден дрон над областите Смоленск и Курск и Крим. 16 украински беспилотни летала беа соборени над Азовското Море.

Руските воздухопловни сили синоќа со наведувани бомби го нападнаа центарот на украинскиот град Харков, соопштија локалните власти. Во градот одекнале експлозии, а за гранатирањето информирал Олег Синегубов, шеф на регионалната воена управа во Харков.

-Бидете внимателни - можни се повторени напади, предупреди градоначалникот на градот, Игор Терехов на Телеграм. Според него, руските сили нападнале три области во Харков.

притисни ентер