Софија Куновска и Зоран Димитровски во „Само Вистина“

Драги пријатели, вечерва во Само Вистина, ќе дебатираат Софија Куновска и Зоран Димитровски.

На 101-от ден од новата влада, што требаше, а што не можеше да стори новата политичка гарнитура?

Имаме ли креативно решение на „источниот“ проблем или ќе го смениме курсот?

Дали законот за бранители ќе биде нов камен на сопнување во владината коалиција, може ли да излеземе од етничкиот лавиринт кој ги става во сенка реформските процеси?

Суптилни закани или политички пазар, за што се подготвува ДУИ?

Се вртиме ли во магепсан круг, има ли начин да се испорача правдата?

Вечерва Елизабета Галевска со Софија Куновска и Зоран Димитровски, по вестите во 18ч.

Почина универзитетскиот професор Љупчо Арнаудовски

Почина универзитетскиот професор, правник Љупчо Арнаудовски.

Арнаудовски oсновно и средно образование го завршил во родниот град Охрид. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1960), а магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1966). На Правниот факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација на тема „Вонзатворските воспитни мерки во југословенското кривично право“ (1975).

Работел како виш научен соработник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1963-1979). Бил избран за вонреден професор на Правниот факултет во Скопје по предметите криминологија и пенологија (1979), а потоа и за редовен професор на истиот факултет (1985). Од март 1944 година бил член на СКОЈ, а од мај 1949 година и член на СКЈ. Бил секретар на Градскиот комитет на СКМ (1969-1973). Ги вршел функциите член на РИС и секретар за внатрешни работи на СРМ (1971-1973). Од овие функции бил отстранет во периодот на „либерализмот” поради сфаќањата и јавните настапи од тие позиции.

Бил член на Републичкиот судски совет (1994-2000 година). Избран за претседател на Моралниот суд на РМ (2003).

Во периодот 1960-1986 година бил главен и одговорен уредник на списанието „Правна мисла“, орган на Здружението на правниците на Македонија. Долги години бил претседател на издавачкиот одбор на Ревијата за криминалистика, криминологија и кривично право „Безбедност" - Скопје и издавачкиот совет на Ревијата за казнено право и криминологија - Скопје. Во периодот 1983/1984 година бил претседател на Советот на заедниците за научно-истражувачките дејности на Југославија.

Бил почесен претседател на Македонското пенолошко друштво и Здружението за кривично право и криминологија на Македонија.

Во 1981 година добитник е на наградата „Гоце Делчев“. Објавил повеќе од 200 научни труда и неколку учебници.

Црна Г. го прогласи 23 декември за Ден на жалост поради трагичниот инцидент во Загреб

Владата на Црна Гора го прогласи 23 декември 2024 година за Ден на жалост во врска со трагичниот настан во училиште во Загреб, соопшти премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

„Изразуваме сочувство до семејството и пријателите на починатото дете и се молиме за брзо закрепнување на повредените. Нашите мисли се со нашите соседи“, напиша Спајиќ на социјалната мрежа Х.

Во страшното злосторство што вчера ја потресе Хрватска и регионот, загина седумгодишно дете, а неколку други и наставничка се тешко повредени кога 19-годишен напаѓач вооружен со нож упадна во основно училиште во Загреб.

Меѓу повредените е и напаѓачот кој се обидел да се самоубие.

Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати

Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени.

Бројот на загинати се искачи на пет, а повеќе од 200 се повредени кога автомобил вчера влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во Магдебург, изјави Рајнер Хаселоф, премеир на сојузната германска покраина Саксонија-Анхалт.

Канцеларот Олаф Шолц, кој беше со него за да оддаде почит во источниот град Магдебург, изрази посебна загриженост за околу 40 тешко повредени лица и ја осуди „страшната катастрофа“.

притисни ентер