Речиси да немаше момент без содржина, сликата само се префрлаше од едно на друго случување, кое од кое поспектакуларно, оставајќи ги гледачите воодушевини.
Ако во претходните години олимписките спортисти шетаа по стадионите, Париз тоа го направи на сосема инвентивен начин, секој тим имаше брод – кој пловеше по Сена, а носителите на знамињата стоеја на кормилата на бродовите.
Првиот брод беше резервиран за Грција – лулката на олимписките игри, втор емигрантскиот тим, па потоа следуваа по азбучен ред, за последен да доплови бродот на домаќинот со громогласни овации.
Париз во четиричасовната церемонија ги покажа сите свои знаменитости, уметноста, модата, кабареата, кои беа збогатени со модерни танци и коњаници на вода...А, испеана беше и легендарната „Imagine“ – на Џон Ленон – која зборува за единство и мир.
По долги години боледување, повторно во живо се слушна и гласот на Селин Дион, нејзината сцена беше симболот на Париз – од врвот на Ајфеловата кула ја отпеа химната на љубовта на Едит Пјаф...
Додека траеше спектаклот – факелот повеќето од времето патуваше кај мистериозниот носител, но се најде и во рацете на светски спортски легенди, како Зидан, Тони Паркер – Амели Морезмо, Рафаел Надал и многу други, за на крајот 100 годишниот Шарл Кост, кој е прв француски олимписки шампион, со помош на тројната олимписка шампионка – Мери Перез да го запали олимпискиот оган, кој за прв пат во историјата ќе лебди над Париз во балон.
Македонија на 33тите олимписки игри ќе учествува со шест спортисти – нашиот брод по Сена помина во групата репрезентации чие почетна буква е М. Носители на македонското знаме беа Мила Релиќ и Дарио Ивановски. – Тие добија поддршка и од олимпиецот Дејан Ѓеорѓиевски – кој во Таеквондо на игрите во Токио освои сребрен медал, што историски е најдобар успех во независна Македонија.
Ѓеорѓиевски раскажа што значи да се биде учесник на најголемата смотра на светскиот спорт - Олимпијадата
Посочи и кога почнал да го сонува олимпискиот сон, што му значело да е носител на знамето, а и што е потребно во борбата за медал на Олимписките игри.
Летните олимписки игри официјално започнаа вчера ќе траат до 11 август, а учество зедоа речиси 11.000 спортисти од повеќе од 200 држави.