Скопјани „сварени“ а Аква паркот во СЦ. Борис Трајковски не работи

Разиграни деца низ базените и реквизитите, полни кафитерии и ресторани, бројни домашни и странски посетители, беше сликата во aква паркот во Скопје во Спортскиот центар Борис Трајковски пред само неколку години. 

Денеска сосема поинаква слика. Аква паркот е целосно запуштен, како одвнатре, така и неговата околина која е преполна со инсекти и е обрасната со трева. Базените и мрзливата река се претворени во мучуришта, а реквизитите се покриени со кал и прашина.

Наместо место за одмор и релаксација од топлите скопски лета и атракција за посетителите на метрополата, аква паркот во Спортскиот центар Борис Трајковски оваа година остана запуштен, а неговите врати под клуч.

Минатиот месец, преку социјалните мрежи од аква паркот информираа дека тој оваа сезона нема да работи. Канал 5 се обрати до СЦ Борис Трајковски под чија надлежност е аква паркот, со прашање зошто е одлучено оваа сезона тој да биде затворен и запуштен, од каде само накусо ни одговорија дека таква била одлуката на претходната управа. Пред само неколку дена бил назначен и нов директор, со кој деновиве најавија дека ќе се разговара кои би биле следните чекори за негово евентуално отворање, но од идната сезона.

Скопјани се жалат дека во топлотниот бран немаат каде да се разладат. Велат дека во главниот град нема доволно базени, но и дека немаат каде да ги однесат гостите од странство, кога ги посетувале за време на летните одмори.

- Нема доволно базени. Поготово во вакви ситуации како што е сега горештината, треба луѓето малку да се освежат ама мислам во Скопје нема.

- Повеќе, нормално дека повеќе затоа што луѓето се намножуваат и повеќе базени треба да има затоа што малку е тоа.

Аква паркот беше изграден и отворен во 2013 година, а инвестицијата се проценуваше дека е вредна 2.8 милиони евра. Тој последен пат беше отворен за посетителите минатото лето на 1ви јули, нешто подоцна од вообичаената сезона која започнуваше од 10ти јуни. Тогаш надлежните од аква паркот информираа дека била извршена комплетна санација на сите оштетени делови и бил сервисиран машинскиот дел од паркот.

До крајот на годината нема зголемување на платите во здравството и нов колективен договор

До крајот на годината невозможно е да има зголемување на платите на здравствените работници и потпишување на нов колективен договор како што бараат синдикатите, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

Таравари рече дека поради огромниот буџетски дефицит невозможно е да има зголемување на платите и дека ќе побара разбирање од синдикатите.

- Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор, рече Таравари по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Пари за вработувања во здравството, како што рече, ќе има.

Сампаоли се извини што го нарече Дембеле аутистичен

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли се извини за неговите коментари за францускиот напаѓач Усман Дембеле.

Сампаоли го критикуваше напаѓачот, велејќи: „Дембеле игра како аутистичен, сам го започнува и го завршува нападот.

-Сакам да бидам јасен: не ми беше намерата да се осврнам на аутизмот. Барам прошка од сите. Сакав само да зборувам за себичноста. Сега повеќе од кога било треба да бидете внимателни со зборовите што ги користите, рече Сампаоли, цитиран од Goal.

Францускиот тим на Евро 2024 се пласираше во полуфиналето, во кое загуби од Шпанија (1:2). Дембеле одигра пет натпревари на турнирот и не постигна ниту еден гол.

МОК ги претстави шесте македонски олимпијци кои ќе настапат на Игрите во Париз

Македонскиот олимписки комитет денес ги промовира македонските натпреварувачи кои ќе учествуваат на Олимпијадата во Париз.

Шефот на македонската делегација на Игрите во Париз, Владимир Богоевски на прес-конференцијата пред заминувањето на Олимпијадата кажа дека поради здравствени проблеми настапот мораше да го откаже пливачката Ива Петровска.

Така на ЛОИ 2024 ќе отпатуваат шест македонски спортисти:

Владимир Егоров, борење (до 57 кг слободен стил)

Никола Ѓуретановиќ, пливање (400 метри слободно)

Анастасија Мојсовска, стрелаштво (10 метри воздушна пушка)

Еди Шерифовски, џудо

Мила Релиќ, таеквондо

Дарио Ивановски, атлетика (маратон).

Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат Ивановски и Рељиќ.

Македонија свои претставници ќе има и помеѓу делителите на правдата. Во ракометот тоа ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.

Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.

притисни ентер