СИРИЗА избра нов лидер

 Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери.

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и симпатизери, јави дописничката на МИА од Атина.

Фамелос освои 49,4 отсто од гласовите, поранешниот министер Павлос Полакис беше втор со 43,5 проценти и веднаш по соопштувањето на резултатите доцна синоќа изјави дека не е потребно одржување втор круг.

Останатите двајца кандидати, европратеникот Николаос Фарандурис и актерот Апостолос Глецос освоија 5,1, односно 1,99 проценти од гласовите.

Поради зголемениот интерес, гласањето вчера беше продолжено за еден час.

По соопштувањето на резултатите, Фамелос (58) рече дека „СИРИЗА ќе биде посилна и поголема и во и вон Парламентот и во Грција и во Европа“.

Изборите во СИРИЗА се одржаа откако поранешниот претседател Стефанос Каселакис по само една година на функцијата беше разрешен во септември со одлука на Централниот комитет на партијата и не му беше дозволено одново да се бори за лидерската позиција, по што во саботата ја претстави неговата нова партија Движење на демократија.

На парламентарните избори пред нешто помалку од 18 месеци СИРИЗА освои 17,83 отсто од гласовите, додека пак на евроизборите во јуни годинава 14,92 проценти, а и во двата изборни процеси беше на второто место.

Согласно резултатите од истражувањата на јавното мислење во Грција објавени во изминатиот период, СИРИЗА е со намален рејтинг.

Полицајци од Романија, Унгарија и Австрија ќе ја чуваат бугарската граница кон Турција

По целосното приклучување на Бугарија кон Шенген зоната, долж нејзината граница со Турција ќе бидат распоредени сто гранични полицајци од Романија, Унгарија и Австрија. 

Ваквата мерка е дел од договорот постигнат со Австрија, како услов за укинување на нејзиното вето за вклучување на Бугарија и Романија во Шенген зоната.

Како што информира началникот на бугарската гранична полиција Антон Златанов, покрај ова, Бугарија ќе ангажира уште дополнителни 1200 свои полицајци за контрола на границата кон Турција. Според Златанов, се очекува овие мерки да резултираат со „намалување на мигрантскиот притисок за 70 отсто“.

По укинувањето на граничните контроли на аеродромите и пристаништата во Бугарија и Романија при патување во земјите од Шенген зоната на 31 март годинава, од 1 јануари 2025 се очекува да бидат укинати и контролите на копнените гранични премини на двете држави кон зоната на ЕУ на слободно движење. Конечната одлука за ова се очекува да биде донесена на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ на 12 декември.

Златанов најави дека и покрај целосниот прием во Шенген зоната од следната година, Бугарија нема да ја отстрани инфраструктурата на своите гранични премини кон земјите од ЕУ, за случај на евентуална обнова на контролата на границите.

Бугарското МВР соопшти и дека на сегашната единствена копнена граница на Бугарија со Шенген зоната, онаа со Грција, наместо контролите ќе бидат воведени заеднички бугарско-грчки гранични патроли за „проверка на сомнителни лица“. Ваквата мерка, според Златанов е со цел „да не се остави впечаток дека секој може да влезе во Бугарија без да биде проверен“.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Атанас Илков, пак, изјави дека и покрај укинувањето на контролите, полицајците сепак ќе мора да вршат проверки, но тоа ќе го прават „незабележливо и без да го попречуваат слободното движење“ на луѓето и стоките. Според него, ваквите проверки ќе се вршат врз основа на оперативни податоци и информации добиени од партнерските служби.

„Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава

„Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград.

На годинешниот Open Balkan Wine Trophy Competition, кој се одржа во рамките на саемот Wine Vision by Open Balkan во Белград, Винарската Визба „Тиквеш“ уште еднаш го потврди својот статус на водечки производител на премиум вина во регионот. Виното „Бела Вода“ црвено од бербата 2021, купажа од сортите вранец и плавец, ја освои наградата National Trophy за најдобро вино од земјава. Ова признание е само продолжение на долгогодишниот успех на ова исклучително вино, кое во минатото доби високи 95 бодови од реномираниот вински критичар Роберт Паркер. Со своето производство од лозја стари преку 50 години, „Бела Вода“ е синоним за квалитет и традиција.

На овој натпревар, повеќе од илјада вина од Србија, Албанија и Македонија беа оценувани од меѓународно признати вински судии, вклучувајќи седум Masters of Wine, под претседателство на Каролин Гилби MW, експерт за балкански вина и вина од Југоисточна Европа.

Покрај награденото вино, на саемот беа претставени и останатите премиум вина на „Tikveš Château & Domaines“, кои се познати по нивната тероарска уникатност и врвен квалитет. Изложувањето и програмата на мастер класови од врни вински стучњаци на „Тиквеш“ на саемот привлече големо внимание на бројни вински ентузијасти, дистрибутери, вински критичари и партнери. Тоа ја покажа репутацијата на „Тиквеш“ во регионот и пошироко и улогата која ја има како промотор на македонските вина на меѓународната винска сцена.

Со ова признание и со атрактивниот настап на саемот во Белград ВВ „Тиквеш“ продолжува да ја зајакнува својата репутација како најнаградувана винарница во регионот и лидер на пазарот во Македонија и Србија, благодарение на својот квалитет и иновации во производството.

На саемот Wine Vision by Open Balkan имаше 650 изложувачи од 38 земји, а настанот се одржува под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија.

Кешишев: Изјавата со која го менувам исказот ми ја даде Палчо

Денеска продолжи судскиот процес за случајот што  ја вознемири македонската јавност, им се суди на обвинетите за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

-Изјавата што ја доставив до судот не е моја. При транспорт Љупчо Палевски Палчо ми даде ливче напишано со тоа, јас да го напишам со мој ракопис и да го доставам. Го сторив тоа од страв, истакна Кешишев.

Влатко Кешишов, на претходното рочиште го смени првичниот исказ и тврдеше дека Палевски не бил на местото на убиствата, туку спиел во партијата.

притисни ентер