Синер противник на Фриц во мечот за трофејот на Завршниот АТП турнир

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е вториот финалист на АТП-турнирот во Торино.

Светскиот рекет број еден, синоќа во полуфиналниот меч самоуверено го совлада Норвежанецот Каспер Руд во два сета - 6:1, 6:2. Средбата траеше 1 час и 10 минути.

Во мечот за трофејот на Завршниот турнир, Синер ќе се сретне со Американецот Тејлор Фриц, кој претходно го победи Германецот Александар Зверев.

Финалето е закажано за вечер со почеток во 18 часот./МИА

Вонредна состојба во Јужна Кореја: Пред парламентот се судрија демонстрантите и војската(ВИДЕО)

Откако јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол денеска прогласи вонредна состојба во земјата и ја обвини опозицијата за „антидржавни активности“, во Сеул настана хаос.

Претседателот ја обвини опозицијата дека „го контролира парламентот, сочувствува со Северна Кореја и ја парализира владата со антидржавни активности“.

Министерот за одбрана свика итен состанок на Советот за безбедност, а армијата е ставена во борбена готовност

Парламентот на Јужна Кореја веднаш потоа гласаше да го блокира потегот на претседателот Џун Сук-јеол за да прогласи вонредна состојба

Пред парламентот се судрија војници и демонстранти.

Снимките од јужнокорејските медиуми кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека инцидентот се случил пред парламентот. Според информациите, војниците кои во тој момент влегувале во собранието на Јужна Кореја се судриле со демонстрантите. Засега не се знае дали има повредени.

Ова е моментот кога војниците излегоа од јужнокорејскиот парламент.

Се заканува драстично поскапување на автомобилските гуми, поради новата уредба на ЕУ

Еколошките прописи на Европската Унија продолжуваат да влијаат на секојдневниот живот на граѓаните, а најновиот пример доаѓа од сферата на гумената индустрија.

Најновата регулатива, која има за цел да го спречи уништувањето на шумите во Азија, предвидува ограничувања на производството на производи поврзани со уништувањето на шумите, вклучително и гумата, клучната суровина за автомобилски гуми, објави Ауто Клуб.

Гуменото дрво, дрво чија млечна течност произведува незаменлив материјал за производство на гума, е особено загрозено од зголемената побарувачка и плантажите кои зафаќаат огромни површини во Југоисточна Азија. Сепак, новите правила на ЕУ бараат од сите производители геолокација на постоечките насади за да се спречи натамошното уништување на шумите. Трговците кои ќе ги прекршат правилата може да се соочат со парични казни до 4% од годишниот промет.

Иако целта е да се зачува прашумата, аналитичарите предупредуваат дека намалената достапност на гума и растот на побарувачката до 2030 година, која се проценува на 30%, драстично ќе ги зголеми цените на гумите на европскиот пазар.

Европската унија долго време води кампања за намалување на емисиите на CO2, што веќе резултира со зголемување на цените на новите автомобили за околу 20% во последните неколку години. Сега на ред е секторот за гума, кој дополнително ги оптоварува возачите. Се проценува дека веќе во текот на 2024 година, пред стапувањето во сила на регулативата, цените на гумите ќе се зголемат за најмалку 5%.

Иако регулативата стапува на сила на крајот на декември 2024 година, нејзината имплементација е одложена една година за да им се даде време на производителите да се прилагодат. Сепак, правилата ќе важат само во рамките на ЕУ, додека остатокот од светот, вклучувајќи ги Азија и Америка, ќе продолжат според старите стандарди.

Скептиците тврдат дека влијанието на регулативата врз зачувувањето на шумите ќе биде минимално, додека економскиот товар ќе падне на крајните корисници. Со оглед на тоа што големата побарувачка на гума останува непроменета, прашање е колку ваквите иницијативи навистина ќе придонесат за глобалната еколошка рамнотежа.

Додека европските возачи плаќаат сè поскапо гориво, автомобили и гуми, останува неизвесно дали високите еколошки стандарди на ЕУ навистина ќе доведат до конкретни резултати или само ќе ги зголемат трошоците за живот.

Мицкоски по средбите во Брисел: Ултиматуми не прифаќаме (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имаше бројни средби во Брисел, меѓу кои и со еврокомесарката Марта Кос.

„Македонската влада останува фокусирана на реформи, на обезбедување подобар живот на граѓаните, и нормално наша главна цел е обезбедување полноправно членство на нашата Македонија во рамките на Европската Унија“, изјави Мицкоски.

„Го реафирмиравме ставот дека ултиматуми не прифаќаме, подготвени сме да разговараме, и тоа онилку колку што е потребно за отворање на првиот кластер, бргу да го поминеме тој процес на преговори и да станеме земја- членка на ЕУ.“ додаде Мицкоски.

притисни ентер