Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата.

Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.

- Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите.

Иако лицата кои работат со договор не се дел од синдикатот, како што рече Серафимовски, синдикатот ги поддржува. Правната служба на синдикатот, како што додаде, им стои на располагање за правна помош.

- Бараме покачување на платите на сите профили. Бараме прием кај техничкиот премиер за трансформација на договорците од определено на неопределено време, разрешница со хаосот во паркирањето во кампус „Мајка Тереза", наброја меѓу другото, Серафимовски.

Џенифер Анистон со критики за ставот на потпретседателот на Трамп за жените без деца

Холивудската актерка Џенифер Анистон го критикуваше републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс за неговите коментари во кои тој ги нарече демократите „жени кои немаат деца, водат мизерен живот и се грижат за мачки“.

Актерката од серијата Friends (55) објави интервју што Венс му го дал на поранешниот водител на Fox News, Такер Карлсон во 2021 година и на својот Инстаграм профил напиша дека „не може да верува дека таков став доаѓа од потенцијален потпретседател на САД.“, пренесува Би-Би-Си.

„Сѐ што можам да кажам е господине Венс, се молам вашата ќерка да има среќа еден ден да има свои деца и да не мора да се сврти кон ИВФ како втора опција“, напиша таа.

Актерката и претходно отворено зборуваше за нејзините борби да има деца преку ИВФ.

Минатиот месец, Венс гласаше за блокирање на легислативата предложена од демократите, која би обезбедила национален пристап до ИВФ.

Величковски: Имаме нефункционален систем на проверка на податоците и систем на неказнивост

„Додека се занимаваме со теми околу името, се занемарува борбата со криминалот и корупцијата“

Прашањето е за постигнување заедничка цел и желбата за комуникација.

Политичката дефиниција на нацијата произлегува од името на државата.

Референдумот создаде длабок јаз меѓу граѓаните, потребно е лидерство за обединување.

Додека се занимаваме со теми околу името, се занемарува борбата со криминалот и корупцијата.

Да, мајоризација постои бидејќи тоа е единствениот начин за контрола особено за економскиот систем кој што е нефункционален.

Имаат двотретинско мнозинство, нека го раскинат Преспанскиот договор.

За ВМРО-ДПМНЕ проблем е отворањето на четвртиот кластер, мора да разбереме дека поважен е држанвниот, а не партискиот интерес.

Дали владеењето на правото е дел од Копенхашките критериуми, да. Дали кршењето на меѓународните договори е кршење на правото, да. Продолжете понатаму...

Преку ветингот во судството повторно ќе се најдат траги за делата што „паднаа“, има дела што не застаруваат.

Имаме нефункционален систем на проверка на податоците и систем на неказнивост.

Во собранието очигледно ДУИ нема да биде единствена опозиција.

Грчките власти најавија ограничен број туристи на познат остров

Дебатата за влијанието на прекумерниот туризам на Санторини се интензивира во вторникот кога 11.000 патници од крузери пристигнаа на островот за еден ден.

Објавата на социјалните мрежи на Панајотис Каваларис, претседател на општина Тира, која подоцна беше избришана, ги повика жителите да ги ограничат своите движења поради зголемениот туристички сообраќај. Објавата привлече големо внимание и критики, при што некои сугерираат дека жителите се ограничени во корист на туризмот.

Во вторникот се одржа состанок на кој учествуваа високи претставници од различни министерства, градоначалникот на Тира (Санторини), гувернерот на регионот на Јужно Егејско Море и пратеници од Кикладите. Дискусијата ги истакна актуелните прашања, вклучително и потребата да се ограничи бројот на крстарења до островите.

Градоначалникот на Санторини, Никос Зорзос, изјави за „Катимерини“ дека бројот на патници од крузерите кои се симнуваат на островот не треба да надминува 8.000 дневно, пренесува „eKathimerini.com“.

– Почнувајќи од 2025 година, ќе го вратиме ова ограничување за да го зачуваме нашиот остров како единствена дестинација – рече Зорзос.

Тој објасни дека оваа година не е можно да се воведат ограничувања за пристигнување на крузерите поради однапред планирани такви патувања. Но, општинската власт успеа да го намали бројот на денови во кои бројот на посетители надминува 10.000-11.000, од ​​63 лани на 48 годинава.

Зорзос рече дека иако регулираниот туризам со крстарење не треба да претставува проблеми, потребни се дополнителни мерки, вклучително и изградба на ново пристаниште, подобрување на енергетската инфраструктура и урбанистичкото планирање, како и подобро регулирање на хотелите и Airbnbs.

притисни ентер