Сиљановска Давкова прими ученици од ООУ „Конгреси и Манастирит“ во пресрет на 22 ноември

Претседателката Сиљановска Давкова прими ученици од ООУ „Конгреси и Манастирит“ во пресрет на 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, прими ученици и наставници од општинското основно училиште „Конгреси и Манастирит“ од Скопје.

На средбата учениците ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со нивните интереси, лични амбиции и афинитети во тековниот образовен развој, а имаа и можност непосредно да се информираат за работата, како и за предизвиците коишто произлегуваат од претседателската функција.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на заштитата и унапредувањето на правата на децата и на квалитетната едукација и образование, со што ќе се продуцираат висококвалификувани, амбициозни и среќни млади луѓе, коишто се иднината на секоја држава. Во таа насока, Претседателката им порача на учениците да веруваат во себе, да бидат чесни и несебични, посветено да пристапуваат кон остварување на своите желби и соништа.

Во разговорот со учениците и наставниците од училиштето „Конгреси и Манастирит“, Претседателката упати честитки по повод Денот на албанската азбука - 22 Ноември, нагласувајќи ја клучната улога на наставниот кадар во креирањето квалитетен, ефективен и инспиративен едукативен процес.

За време на престојот во Кабинетот, учениците ги разгледаа просториите во коишто се реализираат настани, средби и свечености, се информираа за начинот на функционирање на институцијата, како и за надлежностите на Претседателот во македонскиот државен и политички систем, соопштуваат од кабинетот.

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир, ја прегазила 19- годишна девојка

Женско лице денеска почина во скопски Чаир откако во неа удрило патничко возило „Сеат алтеа“ управувано од 19-годишна девојка од Скопје. 

Како што соопшти МВР, денеска во 18:43часот во СВР Скопје пријавено е дека на булеварот Х.Т.Карпош во Скопје патничко возило „Сеат алтеа” со скопски регистерски таблички, управувано од А.Џ. (19) од Скопје удрило во женско лице, кое починало на местото на настанот.

А.Џ. со возило на итната медицинска помош е пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Во тек е увид на местото на настанот.

Ричард Гир покажа среден прст во емисија во живо (ВИДЕО)

Ричард Гир вчера се појави во емисијата Today за да ја промовира својата нова ТВ серија Агенцијата.

Водителката Савана Гатри на гледачите им најави клип од серијата, а кога камерата се врати на нив, познатиот актер беше снимен со дигнат среден прст.

„Само што направивте непристоен гест во оваа семејна утринска емисија! му рекла водителката, а 75-годишниот актер се бранел: "Не го покажавте, така направив во клипот. Тоа беше клип!"

Водителката му рекла дека тие намерно го исекле тој дел, но Гир тврдел дека клипот „нема смисла“ без гестот и се пошегувал: „Мојата рака го направи тоа, јас сум надвор од контрола“.

Неговиот потег налути дел од гледачите, кои сметаат дека е несоодветен за утринска емисија, додека на некои целата приказна им е урнебесна.

„Кој друг мислеше дека ѝ покажа среден прст на водителката?“, „Добро се снајде“, „Зошто го направи тоа? Не знам“, се дел од коментарите.

Бојковска: Со буџетот за 2025 се предвидува милијарда денари за вложување во опрема во МВР

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека до сега не било доволно вложувано за опрема и машини, како и за јавната безбедност во МВР.

„Дали цените дека со претходниот буџет којшто сте го имале, сте вложиле доволно за вложување во опрема и машини и јавната безбедност, бидејќи секој втор граѓанин по анализите и по мерење на истражувања на мислење на граѓаните, кажува дека граѓаните не се чувствуваат безбедно’’, нагласи Бојковска.

Пратеничката говорејќи за Предлог-буџетот за 2025 истакна дека конкретно за оваа ставка за вложувањата, во Буџетот се предвидува зголемување од 167% или над милијарда денари.

„Ценам дека треба нашата тенденција да се сведе кон што е можно поголеми вложувања во овој сектор. Особено кога се работи за безбедноста на граѓаните и особено кога се работи во вложување на капацитетите во МВР и оваа тендеција треба да продолжи’’, заклучи таа, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер