Силјановска Давкова помилува десет осуденици,комисијата се водела од конкретните дела

Десет осуденици помилува Претседателката Гордана Сиљановска Давкова но имињата на дел од нив предизвикаа негативни реакции во јавност. 

Прв на списокот за помилување е Акиф Бејадин Равмановски на кој извршувањето на изречената казна му е заменета со условна. Равмановски во Идризово ја издржуваше 15 месечната затворска казна за поседување нелегално оружје. Познат е под прекарот Акиф Јусуфи како водач на скопскиот клан Барон а според неофицијални информации Равмановски е еден од осомничените за пукањето што се случи пред десетина дена во скопски Чаир кога едно лице, припадник на кланот Грчец беше тешко рането. На списокот на помилувани се најде и Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки „Версаче“, кој беше уапсен во 2019 година како дел од група која продавала деоги и му се заканувала на полициски службеник. Инаку и двајцата му се братучеди на Фатљум Аети-Тоте од криминалната група „Беланоца“. Претседателката Сиљановска денеска посвечената академија во изјава за ТВ 21 рече дека не ги гледале личностите, при потпишувањето на одлуките се воделе по кривичното дело и ќе ја почитува работата на Комисијата за помилување.

-Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност но лично јас зборувам за работата на комисијата. Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години, да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела,- изјави – Гордана Сиљановска Давкова – Претседател на РМ.

Канал 5 побара став и од дел од членовите на Комисијата за помилување кај Претседателот, по кои критериуми и дали сите дале позитивно мислење за помилувањата. Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев единствено посочува дека како тело имаат советодавна улога но и дека според него поради лошите затворски услови треба почесто да се дава помилување.

-Комисијата за помилување не е самостоен орган кој со тоа би носел одговорност за одлуките, туку советодавен и дава мислење (како што даваат и затворите и МП) а одлуката е на суверенот. Лично мислам дека политиката на помилување е рестриктивна (строга) и се дава поретко и помалку (во скратувањето) отколку кога јас лично би одлучувал. Ако се земе предвид дека казните се строги а затворските услови очајни, треба да се дава повеќе. -Гордан Калајџиев – Универзитетски професор.

Дел од експертската јавност е на став дека за одредени кривични дела не смее да се даваат помилувања. Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски смета дека одлуката за помилување не треба да опфаќа повратници во криминалот.

-Јас сум против било какво намалување на казна на лица осудени за трговија со дрога и лица кои нелегално поседуваат огнено оружје. Бидејќи станува збор за лица криминалци, рецидивисти односно повратници во криминалот и на кои ресоцијализацијата не влијае. Тоа требало да го цени Комисијата и пред Претседателот да излезе со конкретен предлог или да се изгради генерален став за во иднина дека лица осудени за такви кривични дела да не може да бидат помилувани,- изјави – Љубомир Ѓурчевски – Поранешен началник во МВР.

Меѓу помилуваните има и други лица кои беа осудени во познати случаи во јавноста. Еден од нив е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кому претседателката му скрати една година од затворската казна со што му остануваат за извршување уште околу три години. Делумно помилување со три месеци помала казна доби и Марјан Ефремов, кој беше првообвинет во предметот „Шпион“. Одлуката за помилување од вчера е објавена во Службен весник со што и стапува на сила.

Даниловски: Од генерација во генерација се послаби доктори произведуваме без базични знаења

„Пандемијата покажа дека матичните лекари поседуваат мошне ниска хуманост или емпатија, а тоа е просветителската мисија на населението“

Матичниот лекар треба да биде пастир и да се грижи за своето „стадо“. Мисијата му е да ги варди своите граѓани, а такво нешто практично не функционира. Пандемијата покажа дека многумина од нив потфрлија. Излезе дека голем дел од нив се вакцинални скептици. Пандемијата покажа дека матичните лекари поседуваат мошне ниска хуманост или емпатија, а тоа е просветителската мисија на населението. Огромна е застапеноста на такви што вршат тивка саботажа на процесот на имунизација, чест на исклучоците. Имам близок пример каде млада жена вели дека матичниот и рекол да почека детето да прозбори, а потоа да се вакцинира со МРП вакцината. Опфатот на вакцинирани деца со задолжителни вакцини, особено во Скопје и Куманово е под 90%. Заклучокот е дека продуктите на медицински факултет со години се неквалитетни, продуктот на медицински факултет се вика лекар по општа практика, од генерација во генерација се послаби доктори произведуваме без базични знаења, рече Д-р Драган Даниловски во Само Вистина.

Бајден: Трамп треба да го затвориме, ама политички

- Треба да го затвориме. Политички да го заклучиме, да го блокираме, рече Бајден за Трамп. Според него, републиканскиот кандидат е закана за демократијата, бидејќи постои ризик да ја наруши американската уставност ако победи на изборите против Харис

Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „затворен“, но во политичка смисла, изјави претседателот на САД, Џо Бајден, на митинг на Демократската партија во државата Њу Хемпшир, каде што ги повика гласачите на претстојните претседателски избори на 5 ноември да ја поддржат Камала Харис.

- Треба да го затвориме. Политички да го заклучиме, да го блокираме, рече Бајден за Трамп. Според него, републиканскиот кандидат е закана за демократијата, бидејќи постои ризик да ја наруши американската уставност ако победи на изборите против Харис.

Во 2016 година, кога Трамп првпат се кандидираше за претседател на САД, на неговите митинзи поддржувачите често скандираа „затворете ја“ (во затвор) за тогашната кандидатка од демократите, Хилари Клинтон. Оваа година на митинзите на Камала Харис имало исти скандирања, но насочени кон Доналд Трамп, во контекст на бројните обвиненија што се поднесени против него. Тој е обвинет за незаконски плаќања кон порно ѕвезда и за нелегални активности поврзани со неговите обиди да ги оспори резултатите од претседателските избори во 2020 година, на кои изгуби.

Камала Харис не ги охрабрува своите поддржувачи да скандираат против Трамп, наведувајќи само дека Министерството за правда на САД ќе се справи со тие прашања.

Предизборниот штаб на Трамп побара од Харис да ги осуди коментарите на Бајден. „Џо Бајден штотуку ја призна вистината: тој и Камала Харис планираат политички да го гонат својот противник – претседателот Трамп, бидејќи не можат да го победат на чесен и праведен начин, изјави Каролајн Левит, национална портпаролка на предизборниот штаб на Трамп.

Фото: Бјанка „уловена“ полугола на ноќна прошетка со Канје Вест!

Нов шокатнет стајлинг на Бјанка Ценсори, свршеницата на американскиот рапер и продуцент Канје Вест.

Американскиот рапер Канје Вест и неговата партнерка Бјанка Ценсори се „фатени“ во Токио како уживаат во ноќна прошетка во популарната област Гинза.

Ова е нивното прво појавување во јавноста по медиумските шпекулации дека тие двајца се пред разделба.

Се чини дека славниот пар се обидува да го докаже спротивното покажувајќи дека се уште се заедно.

Бјанка како и секогаш го привлече вниманието со својот провокативен стајлинг, сега таа е „уловена“ на прошетка во чорапи и танга, додека огромните гради едвај ги сокрила под кратката атлетска маичка.

притисни ентер