Бајден: Трамп треба да го затвориме, ама политички

- Треба да го затвориме. Политички да го заклучиме, да го блокираме, рече Бајден за Трамп. Според него, републиканскиот кандидат е закана за демократијата, бидејќи постои ризик да ја наруши американската уставност ако победи на изборите против Харис

Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „затворен“, но во политичка смисла, изјави претседателот на САД, Џо Бајден, на митинг на Демократската партија во државата Њу Хемпшир, каде што ги повика гласачите на претстојните претседателски избори на 5 ноември да ја поддржат Камала Харис.

- Треба да го затвориме. Политички да го заклучиме, да го блокираме, рече Бајден за Трамп. Според него, републиканскиот кандидат е закана за демократијата, бидејќи постои ризик да ја наруши американската уставност ако победи на изборите против Харис.

Во 2016 година, кога Трамп првпат се кандидираше за претседател на САД, на неговите митинзи поддржувачите често скандираа „затворете ја“ (во затвор) за тогашната кандидатка од демократите, Хилари Клинтон. Оваа година на митинзите на Камала Харис имало исти скандирања, но насочени кон Доналд Трамп, во контекст на бројните обвиненија што се поднесени против него. Тој е обвинет за незаконски плаќања кон порно ѕвезда и за нелегални активности поврзани со неговите обиди да ги оспори резултатите од претседателските избори во 2020 година, на кои изгуби.

Камала Харис не ги охрабрува своите поддржувачи да скандираат против Трамп, наведувајќи само дека Министерството за правда на САД ќе се справи со тие прашања.

Предизборниот штаб на Трамп побара од Харис да ги осуди коментарите на Бајден. „Џо Бајден штотуку ја призна вистината: тој и Камала Харис планираат политички да го гонат својот противник – претседателот Трамп, бидејќи не можат да го победат на чесен и праведен начин, изјави Каролајн Левит, национална портпаролка на предизборниот штаб на Трамп.

Сплиќанец побарал да се постави спомен плоча на Гешовски: Сашко има свој плоштад во Кавадарци

Сплиќанец побарал да му се постави спомен плоча на Гешовски: „Родителите му се уште живи, Сашко има свој плоштад во Кавадарци“

Откако Комисијата за имиња на улици, плоштади и споменици на Град Сплит го прифати предлогот за поставување на спомен плоча на војникот од ЈНА, Сашко Гешовско, реакциите на таа одлука не стивнуваат . Во многубројните, и позитивни и негативни, се издвојува реакцијата на мажот, без кој ништо од ова немаше да се случи. Неговото име е Марко Гај и тој е лицето кое во 2019 година поднесе барање до Градската комисија за поставување споменик на Сашко Гешовски.

За одлуката на Комисијата, која допрва треба да ја потврди Градскиот совет, тој за Слободна Далмација вели: - Ме радува што Комисијата го усвои предлогот за поставување спомен плоча пред се поради родителите на Сашко Гешовски кои се уште се живи. Случајно годинава, на годишнината од смртта на Сашко, во родното Кавадарци во Македонија, изградија фонтана посветена на неговиот спомен, која се наоѓа на плоштадот што го носи неговото име - рече Марко Гај и додаде:

- Многу луѓе загинаа во таа несреќна војна што следеше набргу по смртта на Сашко. Вклучувајќи ги и цивилите кои немаа оружје во рацете или носеа униформа. На сите треба да им се оддаде почит и почит. Како спличанец, сакав да го направам ова за Сашко, кој е невина жртва, бидејќи тој почина во градот каде што живеам.

За сите овие години, на годишнината од протестот пред Бановина, никој не го спомна Сашко Гешовски, кој тој ден невин загина. Не сакам повторно да навлегувам во шпекулациите кои се појавија, дали куршумот што го уби Македонецот дошол од страната на ЈНА или од страната на демонстрантите. Она што е важно е дека е изгубен невин живот.

Извор. Слободнадалмација .хр

Фото: Карлеуша ги истакна облините

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со секси фотки.

Популарната Карли на Инстарам објави фотки на кои во преден план се нејзините бујни облини.

Русокосата пејачка може да се види во секси брусхалтер, пинк шорц, сребрен комплет....

Пановски: Се потрошија многу пари и многу животи

„Смртноста беше огромна кај нас и заради тоа, се даваа антибиотици каде што не треба“

Македонско лекарско друштво или лекарската комора уште не кажале никаде дека се случи катастрофа со антибиотиците. Здруженијата немаа став дека антибиотиците во тек на Ковид пандемијата се злоупотребија и дека смртноста беше огромна кај нас и заради тоа, се даваа антибиотици каде што не треба, се потрошија многу пари и многу животи. Луѓето порано умирале од супер бактерии или масовни епидемии. Земјата што се грижи за својата околина како што е Холандија, таму се чисти од прашина, нема пикавци по улиците. Не е точно дека недостасува едукација кај лекарите. 99,9% од студентите знаат дека вирус не се лекува со антибиотик. Ние немаме поддршка, инаку ситуацијата треба да се сврти обратно и треба да им се каже дека ако дадеш погрешен лек -сам ќе си го платиш, а на пациентот ќе му се каже да тужи, ако добие таков лек. Во тек на паника, беше да се „покрие“ лекарот дека му се дало се за да се спаси, рече Д.р. Никола Пановски во Само Вистина.

притисни ентер