Видео: Куче на врв на пирамида во Гиза

Ја спуштија камерата на врвот на пирамидата и останаа запрепастени од глетката. Никоја не очекуваше на врвот на пирамидата да види куче.

Авантуристот Алекс Ланг летал со својот моторизиран параглајдер околу Големата пирамида во Египет кога видел нешто чудно во далечината.

Заинтригиран, авантуристот дошол поблиску за да погледне подобро, и останал вчудоневиден од тоа што го видел. На врвот видел куче како лае и шета околу врвот на Големата пирамида во Гиза.

„Кучето лаеше по птиците што летаат над неговата глава“, рекол Алекс подоцна.

Видеото на Ланг стана вирално откако беше споделено од Маршал Мошер, авантурист и спортист, и собра речиси 800.000 лајкови на Инстаграм. Гледачите биле импресионирани од глетката и немо го гледале кучето, но откако го погледнале видеото, сите останале со истото прашање: како кучето стигнало до врвот на пирамидата?

Инаку, пирамидата била изградена од 2580 до 2565 година п.н.е., за време на владеењето на фараонот Куфу, а таа е најголемата од трите пирамиди во Гиза. Едно од чудата на античкиот свет, оваа структура ги збунува археолозите со векови и продолжува да привлекува милиони туристи секоја година.

Бајден: Трамп треба да го затвориме, ама политички

- Треба да го затвориме. Политички да го заклучиме, да го блокираме, рече Бајден за Трамп. Според него, републиканскиот кандидат е закана за демократијата, бидејќи постои ризик да ја наруши американската уставност ако победи на изборите против Харис

Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „затворен“, но во политичка смисла, изјави претседателот на САД, Џо Бајден, на митинг на Демократската партија во државата Њу Хемпшир, каде што ги повика гласачите на претстојните претседателски избори на 5 ноември да ја поддржат Камала Харис.

- Треба да го затвориме. Политички да го заклучиме, да го блокираме, рече Бајден за Трамп. Според него, републиканскиот кандидат е закана за демократијата, бидејќи постои ризик да ја наруши американската уставност ако победи на изборите против Харис.

Во 2016 година, кога Трамп првпат се кандидираше за претседател на САД, на неговите митинзи поддржувачите често скандираа „затворете ја“ (во затвор) за тогашната кандидатка од демократите, Хилари Клинтон. Оваа година на митинзите на Камала Харис имало исти скандирања, но насочени кон Доналд Трамп, во контекст на бројните обвиненија што се поднесени против него. Тој е обвинет за незаконски плаќања кон порно ѕвезда и за нелегални активности поврзани со неговите обиди да ги оспори резултатите од претседателските избори во 2020 година, на кои изгуби.

Камала Харис не ги охрабрува своите поддржувачи да скандираат против Трамп, наведувајќи само дека Министерството за правда на САД ќе се справи со тие прашања.

Предизборниот штаб на Трамп побара од Харис да ги осуди коментарите на Бајден. „Џо Бајден штотуку ја призна вистината: тој и Камала Харис планираат политички да го гонат својот противник – претседателот Трамп, бидејќи не можат да го победат на чесен и праведен начин, изјави Каролајн Левит, национална портпаролка на предизборниот штаб на Трамп.

Фото: Бјанка „уловена“ полугола на ноќна прошетка со Канје Вест!

Нов шокатнет стајлинг на Бјанка Ценсори, свршеницата на американскиот рапер и продуцент Канје Вест.

Американскиот рапер Канје Вест и неговата партнерка Бјанка Ценсори се „фатени“ во Токио како уживаат во ноќна прошетка во популарната област Гинза.

Ова е нивното прво појавување во јавноста по медиумските шпекулации дека тие двајца се пред разделба.

Се чини дека славниот пар се обидува да го докаже спротивното покажувајќи дека се уште се заедно.

Бјанка како и секогаш го привлече вниманието со својот провокативен стајлинг, сега таа е „уловена“ на прошетка во чорапи и танга, додека огромните гради едвај ги сокрила под кратката атлетска маичка.

Илир Мета останува во затворски притвор

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал одлучи да ја остави непроменета безбедносната мерка „затворски притвор“ за Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и актуелен лидер на Партијата на слободата.

Тој е префрлен во затворот “313“, кој се смета за затвор со висока безбедност.

За неговата сопруга, Моника Круемади, Судот одлучи да ја остави во сила мерката „обврска за јавување“, како и за Ема Чоку а на Пиро Џиџо, мерката е сменета, од домашен притвор во „обврска за јавување“.

По барање на СПАК, Мета беше уапсен пред два дена, под обвинение за корупција, перење пари и прикривање имот. Истото обвинение е и за Круемади, но според образложението „кревко здравје поради неколку оперативни зафати“ таа доби мерка „обврска за јавување“.

На денешното рочиште, Мета, упатил навредливи зборови кон првиот човек на СПАК, Алтин Думани, кој заедно со уште двајца обвинители биле во судницата.

-О Дум думан, ќе ти ги истегнам ушите. О, дум думан, о кученце на Сорос. Ме уапсивме по наредба на наркодржавата, примате наредби од Рама, тоа е прекршување на законот, обвинил меѓу другото Мета.

Круемади по излегување од судницата за медиумите рече дека „се докажало дека случајот ЧЕЗ-ДИА започнал во јануари 2018 година и дека немало никакви докази. Беше многу смешно тоа што го кажа Обвинителството. - За сите работи за кои е обвинета Моника, го носат Илир Мета во затвор. Посакував обврската за јавување да биде еднаш неделно, но тоа сега треба да го правам еднаш месечно. Ќе ме имате овде. Обвинителот рече дека ти, Моника Круемади, си имала операција, изјавила таа.

Мета (55) е е еден од најпопуларните политичари во земјата. Првпат беше избран за пратеник во 1992 година, по што беше на многу важни функции, како премиер, и претседател на парламентот. Во 2004 година, се отцепи од Социјалистичката партија и ја основа партијата Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ).

Беше шеф на државата од 28 април 2017 година до 24 јули 2022 година. По завршувањето на мандатот тој се врати во неговата матична партија, која ја преименува во Партија на слободата, која е блиска со опозициската Демократска партија на Сали Бериша, кој од 30 декември минатата година е во домашен притвор поради корупција.

притисни ентер