Силен ветер за малку ќе превртеше крузер во Бока Которска (ВИДЕО)

Крузерот „Амадеа“, кој е во сопственост на германска компанија, го привлече вниманието на мештаните кога утринава опасно се навали додека пловел во заливот Бока Которска во црногорските води.

Од Дирекцијата за поморска безбедност и управување со пристаништа за РТВ на Црна Гора велат дека се информирани за настанот, но дека немало закана по безбедноста.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како силен ветер удира на страна, го навалува и го носи бродот кон градот Ораховац на север од заливот.

Очевидци коментирале дека крузерот не требало да влезе во заливот поради невремето.

Амадеа е еден од помалите бродови за крстарење што до сега пловел во Бока. Долг е 192 метри. Патниците се на 14-дневно патување кое завршува на 4 декември. Амадеа содржи 40 апартмани, од кои два се кралски, како и 254 кабини.

МВР на Црна Гора вчера предупреди за невреме. Метеоролозите најавија силен ветер југо.

Мицкоски: Германија останува наш силен поддржувач

Премиерот Христијан Мицкоски ја претставува Македонија на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Тој на маргините на состанокот имаше низа билатерални средби, вклучително и со германскиот канцелар Шолц.

-Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во процесот на евроинтеграциите, изјави премиерот Христијан Мицкоски по низата билатерални средби.

Бесплатни превентивни гинеколошки прегледи во општина Зрновци

Општина Зрновци во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Кочани до краот на овој месец ќе реализира бесплатни гинеколошки прегледи, во кои ќе бидат опфатени бесплатен ПАП-тест и абдоминален ехо преглед за жени.

Се работи за активности во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката кај жените, а прегледите ќе ги спроведува медицински тим на гинеколози од Скопје.

-Мобилната гинеколошка амбуланта во којашто ќе се спроведуваат прегледите ќе почне со работа од утре, 15 октомври. Ќе работи во периодот од 10 до 13 часот, во Венчалната сала во Зрновци. Заинтересираните жени за бесплатен преглед може да се пријават и да се информираат на телефонот 078/397-019. Сите пријавени дополнително ќе бидат известени за датумот и времето во кое треба да се јават за преглед, истакна градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Бесплатните гинеколошки прегледи ќе се реализираат во соработка со Министерството за здравство, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари - МАГО. Поддршката ја обезбедува Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА. /MИА

Пренџов: Законот нема да ги опафаќа само етничките, туку и родовите и социјалните права

Законот за правична застапеност ќе бида ставен на увид на јавноста и ќе биде изготвен согалсно уставот.

Со него нема да бидат опфатени само етничките права, истакна пратеникот Љупчо Пренџов за време на гостувањето во поткастот „На кавга со Иван“.

притисни ентер