Шварценегер секоја година на Варнер Брос му плаќа по еден долар, причината е бизарна (ВИДЕО)

Сите што ги гледаа овогодинешните Оскари се сеќаваат на моментот кога Арнолд Шварценегер и Дени Девито излегоа на сцената.

И двајцата глумеа негативци во Бетмен, а во урнебесен скеч му се потсмеваа на поранешниот Бетмен, Мајкл Китон.

Улогата на г. Фриз во Бетмен и Робин од 1997 година се поврзува со причината зошто Шварценегер мора да плаќа по еден долар на Warner Bros секоја година.

Имено, тој решил да го задржи својот костим, а долгорочното изнајмување го чини еден долар годишно. Така, филмското студио го поседува костимот, но на Шварценегер му е дозволено да го задржи сѐ додека плаќа симболична такса. Тоа значи дека по смртта на Шварценегер, костимот најверојатно ќе биде вратен на Ворнер Брос и нема да биде дел од неговото наследство.

Филмскиот продуцент Питер Мекгрегор-Скот изјави за Холивуд Репортер дека одлуката да се одобри долгорочно изнајмување на костумот на Мистер Фриз на Шварценегер мораше да добие одобрение од врвот на компанијата.

"Многу актери би сакале да ги земат своите костими, но мораме да ги спасиме ако решиме да снимиме нов филм. Затоа ги чуваме сите сетови и целата гардероба. Арнолд Шварценегер сакаше костим на Мистер Фриз. Тој отиде сè до врвот на студиото и мораше да потпише договор и мислам дека плаќа 1 долар годишно за да го позајми костимот“, рече тој.

Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за внатрешни работи Радовиш, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, началникот пријавил дека во службени простории на полициската станица инспекторот агресивно се однесувал кон пријавителот, кој извршувал службени задачи, а во еден момент и физички го нападнал, нанесувајќи му телесни повреди.

Во соопштението се додава дека за настанот биле запознати началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и јавен обвинител, по чии насоки биле преземени мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање на случајот против Б.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почина универзитетскиот професор Љупчо Арнаудовски

Почина универзитетскиот професор, правник Љупчо Арнаудовски.

Арнаудовски oсновно и средно образование го завршил во родниот град Охрид. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1960), а магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1966). На Правниот факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација на тема „Вонзатворските воспитни мерки во југословенското кривично право“ (1975).

Работел како виш научен соработник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1963-1979). Бил избран за вонреден професор на Правниот факултет во Скопје по предметите криминологија и пенологија (1979), а потоа и за редовен професор на истиот факултет (1985). Од март 1944 година бил член на СКОЈ, а од мај 1949 година и член на СКЈ. Бил секретар на Градскиот комитет на СКМ (1969-1973). Ги вршел функциите член на РИС и секретар за внатрешни работи на СРМ (1971-1973). Од овие функции бил отстранет во периодот на „либерализмот” поради сфаќањата и јавните настапи од тие позиции.

Бил член на Републичкиот судски совет (1994-2000 година). Избран за претседател на Моралниот суд на РМ (2003).

Во периодот 1960-1986 година бил главен и одговорен уредник на списанието „Правна мисла“, орган на Здружението на правниците на Македонија. Долги години бил претседател на издавачкиот одбор на Ревијата за криминалистика, криминологија и кривично право „Безбедност" - Скопје и издавачкиот совет на Ревијата за казнено право и криминологија - Скопје. Во периодот 1983/1984 година бил претседател на Советот на заедниците за научно-истражувачките дејности на Југославија.

Бил почесен претседател на Македонското пенолошко друштво и Здружението за кривично право и криминологија на Македонија.

Во 1981 година добитник е на наградата „Гоце Делчев“. Објавил повеќе од 200 научни труда и неколку учебници.

Црна Г. го прогласи 23 декември за Ден на жалост поради трагичниот инцидент во Загреб

Владата на Црна Гора го прогласи 23 декември 2024 година за Ден на жалост во врска со трагичниот настан во училиште во Загреб, соопшти премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

„Изразуваме сочувство до семејството и пријателите на починатото дете и се молиме за брзо закрепнување на повредените. Нашите мисли се со нашите соседи“, напиша Спајиќ на социјалната мрежа Х.

Во страшното злосторство што вчера ја потресе Хрватска и регионот, загина седумгодишно дете, а неколку други и наставничка се тешко повредени кога 19-годишен напаѓач вооружен со нож упадна во основно училиште во Загреб.

Меѓу повредените е и напаѓачот кој се обидел да се самоубие.

притисни ентер