Што вели Родни за стилот на Кардашијан и за ријалити и талент програмите!

Николас Линдхерст кој е најпознат по улогата на Родни во серијата „Only Fools and Horses“ во едно интервју вели дека е еден од ретките актери кои успеале да го сочуваат приватниот живот скриен од очите на јавноста, и да изгради мирен семеен живот.

- Денеска е тенка границата меѓу работата и приватниот живот. Изгледа дека прво треба да бидеш познат и да ја заинтересираш јавноста, а потоа тие ќе дојдат да ја гледаат твојата претстава или филм. Во еден момент тоа се обични луѓе, а во друг новинари им кампуваат пред куќата и ги интервјуираат поранешните момчиња или девојки. Најдобар пример се семејството кардашија. Ја проверив нивната гледаност и повеќето детски емисии на Би Би Си имаат двојно поголеми рејтинзи, а сепак Кардашијан се тука секој ден, на интернет, по таблоидите, и се дел од феноменот на јавност гладна за слава - вели Николас.



Тој за ријалити и талент емисиите вели дека го потсетуваат на она што се случувало пред еден век - кога се продавале влезници за ментални установи за луѓето да можат да видат луѓе со ментални проблеми!

- Овие луѓе во ријалити програмите очигледно се залудени, а сепак се качуваат на сцена пред судии и сите знаат дека нешто не е во ред, но дозволено им е да настапуваат. Мислам дека тоа е сурово, не знам како ќе се заврши! - вели Линдхерст.


Атентарот испукал неколку куршуми во словачкиот премиер Фицо (ВИДЕО)

Полицијата веднаш го уапсила осомничениот за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Тој со неколку истрели е ранет во стомакот и градниот кош и моментално е во критична состојба.

На социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како полицајците го соборуваат осомничениот на земја и го апсат.

Не е познат идентитетот на напаѓачот, но медиумите јавуваат дека се работи за постар маж.

Веднаш е евакуирана зградата на Центарот за култура пред која беше ранет Фицо.

Словачката влада со прво соопштение за состојбата на премиерот Фицо по атентатот

По атентатот на словачкиот премиер Роберт Фиц, Владата на таа земја излезе со прво соопштение.

Во соопштението се наведува дека животот на Фицо е во опасност.

Претходно словачките медиуми објавија дека неговиот живот не е во опасност.

Тој е пренесен во болница со хеликоптер и се уште не е официјално соопштено каде е ранет.

Претседателот на Словачка ќе одржи вонредна прес-конференција во 16 часот и 45 минути.

Фон дер Лајен го осуди ранувањето на словачкиот премиер Фицо

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „гнасното“ пукање на словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Силно го осудувам гнасниот напад врз премиерот Роберт Фико“, напиша фон дер Лајен на X.

„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро“, додаде таа.

„Моите мисли се со премиерот Фицо и неговото семејство“, порача Фон дер Лајен.

притисни ентер