Што да направите кога ќе ве касне оса, крлеж или коњска мува, кога да побарате лекарска помош?

Во текот на летото, бројот на каснувања од инсекти драстично се зголемува.

Иако каснувањата од разни инсекти се иритирачки, понекогаш болни и секогаш непријатни, тоа не значи дека веднаш треба да паничите. Од друга страна, не смеете да ги игнорирате потенцијалните последици, изјавува за британски „Сан“ фармацевтот Клер Невинсон.

Пчели, оси и стршни

Иако каснувањата од овие инсекти делуваат слично, сепак, тие се третираат различно, во зависност од тоа дали осилото останува во кожата или не.

- Каснувањето од оса е ненадејно и многу болно. Потоа се појавува оток и црвен белег на кожата. Покрај болката, овие каснувања се иритирачки и чешаат, а тоа обично трае неколку часа. Слични последици има и каснувањето од пчела, но ако осилото остане во кожата, треба да се извади што е можно поскоро. Во случај на оток се препорачува нанесување мраз. Исто така, ако е можно, обидете се каснатото место да го држите што повисоко, така ќе го намалите отокот - вели Клер.

Комарец

- Каснувањата од комарци се непријатни и чешаат, а она за што треба да се грижите е дека комарците во одредени делови од светот пренесуваат опасни болести како маларија и денга треска. Обидете се да ги покриете поосетливите делови од телото во периодот од денот кога комарците се најактивни, наутро и навечер, советува Клер.

Крлежи

- Каснувањата од крлежите обично не се болни, но понекогаш може да предизвикаат алергиска реакција, како и да пренесат Лајмска болест. Ако ве касне крлеж, мора да го отстраните осилото што е можно поскоро, при тоа да внимавате да не го оштетите осилото. После тоа, местото на каснувањето измијте го со сапун и вода, а потоа нанесете антисептичка крема околу каснувањето - објаснува Клер.

Коњска мува

Каснувањето од коњска мува може да биде многу непријатно.

- Каснувањето од коњска мува може да биде болно и да предизвика црвен осип на кожата, слабост и несвестица. Местото на каснување обично брзо отекува. Во некои случаи, закрепнувањето од ваквото каснување може да потрае неколку дена, особено ако се појави инфекција. Ако мислите дека преку каснувањето сте се инфицирале, а тоа обично е придружено со силна болка и црвенило, веднаш побарајте лекарска помош – советува Клер Невинсон.

Макрон: Франција е подготвена за Олимписките игри

Претседателот на Франција, Емануел Макрон при денешната посета на Олимпиското село истакна дека Пaриз е подготвен за да биде домаќин на Олимписките игри.

- Подготвени сме и ќе бидеме подготвени во текот на Игрите, посочи Макрон.

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека неколку дена пред почетокот на ОИ во Париз спроведени се еден милион административни истраги и утврдено е оти 4.355 лица би можеле да претставуваат закана.

Безбедносните истражување се спроведени за сите лица кои на каков било начин ќе учествуваат во ОИ од 26 јули до 11 август и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. Проверени се спортисти, тренери, новинари, волонтери, приватно обезбедување, дури и граѓаните кои живеат во близина на одржувањето на церемонијата на отворање на ОИ.

Околу 35.000 полицајци и жандарми и 18.000 француски војници ќе ги обезбедуваат Олимписките игри секој ден.

Со навремена пријава за пожар и брза интервенција спасена куќа во Велес

Пожар во куќа на улица „Живко Фирфов“, кој избувнал синоќа околу 19:00 часот од сопствениците бил веднаш пријавен во  Територијалната противпожарна единица Велес.

Пожар во куќа на улица „Живко Фирфов“, кој избувнал синоќа околу 19:00 часот од сопствениците бил веднаш пријавен во Територијалната противпожарна единица Велес, а чија екипа веднаш излегла на терен со две противпожарни возила и седум пожарникари. Тие го затекнале пожарот во почетна фаза што им ја олеснило работата, и што помогнало во несреќата огнот брзо да се ликвидира, информираат денеска од ТППЕ Велес.

Воедно потенцираат дека присебноста на сопствениците и навремената пријава на пожарот, како и брзата интервенција на пожарникарите ја спасиле куќата од опожарување.

Од Територијалната против пожарна единица повторно апелираат до граѓаните за брзо пријавување на пожари од било каков вид на телефонските броеви 112 или 193.

Пандов: Затвореници излегувале и влегувале во затворот „Скопје“ кога сакале

Пандев рече дека 11 затвореници не биле во своите ќелии, а состојбата била различна од она што го добиле во списокот и во полуотвореното и отвореното одделение, како и во пералната. 

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов денеска информираше дека ноќта на 19 овој месец е направен вонреден надзор во Затворот „Скопје“ и притоа е констатирано дека списокот со затвореници што го добиле од полицијата не кореспондирала со фактичката состојба која ја затекнале.

Пандев рече дека 11 затвореници не биле во своите ќелии, а состојбата била различна од она што го добиле во списокот и во полуотвореното и отвореното одделение, како и во пералната. Тој информира дека четворица затвореници во моментов се бегство.

На денешната прес-конференција тој посочи дека некои затвореници излегувале и влегувале во затворот кога сакале.

Според него, затворските полицајци изјавиле дека затворениците се преместуваат со усна наредба на директорот Филип Андов - Сокол, за кого рече дека ќе побара да биде разрешен.

Тој вели дека седум години не била направена контрола во овој затвор и дека во моментов двајца службеници се во затворот за да го земат материјалот од видео надзорот.

притисни ентер