Шок во Париз- Медведев отпадна од Ролан Гарос

Рускиот тенисер Даниил Медведев е поразен од Алекс Де Минор во осминафиналето на Ролан Гарос со 3-1.

И покрај тоа што го доби првиот сет со резултат 6:4, тој беше поразен во следните три сета со 6:2, 6:1, 6:3.

Дуелот траеше само два часа и 46 минути и Австралиецот со голема самодоверба одигра три сета. Заслужено славеше и со тоа стана првиот тенисер од својата земја во четвртфиналето на парискиот Грен слем по дваесет години.

Физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата во српското собрание

Денешната расправа на пратениците во собранието на Србија наменета за предлог-буџетот за 2025 година прерасна во општ хаос и физичка пресметка меѓу пратениците од власта и опозицијата.

Хаосот во српскиот парламент настана во моментот кога министрите од владата на Србија влегоа во салата.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода. Потоа, опозицијата внесе голем бел транспарент со „крвава рака“ во салата, кој го поставија пред говорницата, додека еден пратеник не се обиде да им го грабне транспарентот, по што повторно избувна конфликт, а седницата извесно време беше прекината.

Андоновски: До јануари 2025 година ќе имаме нацрт закон за сајбер безбедност

До јануари биде подготвен нацрт законот за сајбер безбедност, вели министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, пред почетокот на средбата на работната група за подготовка на овој закон.

Целосната изјава погледнете ја во видеото.

Ердоган и Руте разговараа за начините за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Анкара разговараа за начините за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија.

„За време на состанокот разговаравме што може да се направи за да се стави крај на украинско-руската војна, а се разговараше и за масакрот во Палестина“, соопшти турското претседателство на платформата X.

Руте и Ердоган одржаа и заедничка прес-конференција./МИА

притисни ентер