Шевченко задоволен од настапот на македонските тенисерки на БЏК купот

Спортскиот директор на Македонската тениска федерација, Горан Шевченко е задоволен од настапот на нашите репрезентативки на Били Џин Кинг купот во Вилнус, Литванија.

Македонките со три победи (Естонија, Грузија и Израел) и еден пораз (Хрватска) натпреварувањето во Втората Ефро-африканска зона го завршија на четвртото место.

- Ова беше еден од најголемите успеси на женската BJKC репрезентација. По одличниот настап во 2023 година кога се пласиравме од 3-та Европска во 2-та Евро-Африканска група за нашиот тим целта беше опстанок во оваа повисока група. Но, девојките на самиот старт против репрезентацијата на Естонија покажаа дека можат многу повеќе. Неизвесниот меч и поразот од Хрватска не спречи да се пласираме во завршницата односно да се бориме за влез во 1-та Евро-Африканска група. Следните денови беа победите над Грузија и Израел. За време на настапот владееше одлична тимска и натпреварувачка атмосфера, изјави Шевченко.

Главни играчи во македонскиот состав беа Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска и го понесоа „товарот“, додека во составот беа и младите тенисерки: Ива Данева, Теона Андова и Ана Митевска.

Актерката Слобода Миќаловиќ нападната на паркинг, заврши во Ургентен центар

Српската актерка Слобода Миќаловиќ е повредена при физичка пресметка со непозната жена во Земун, поради што завршила во Ургентниот центар во Белград, пренесува Телеграф.

Според Телеграф, актерката и жената се степале на Караѓорѓевиот плоштад во Земун.

Актерката наводно го управувала возилото, кога се движела напред, со предниот дел од автомобилот удрила во С.Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.

Расправијата прераснала во физичка пресметка по која двете биле повредени.

Како што неофицијално дознава Телеграф, кај жената С.Д. по пристигнувањето на полицијата било утврдено присуство на алкохол во крвта.

Извор: Телеграф

Мери Амбросова во БЕТКАС

Вечерва во БЕТКАСТ ќе гостува со Мери Амбросова во 23.30 часот на Канал 5 ТВ.

Како избегала од војната во Украина? Каков живот води во Македонија? На кој начин им помага на луѓето преку масажата мокра хиџама? Вечерва БЕТКАСТ со Мери Амбросова 23.30

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на Плаошкиот манастир

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква.

Заупокоената Света Литургија и Опелото ќе бидат извршени во четврток во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот.

-Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), во постојан состав, на 26 ноември 2024 година одржа вонредна седница и го определи датумот за погребение на блаженоупокоениот Дебарско-кичевски Митрополит Тимотеј. Синодот определи заупокоената Света Литургија и Опелото да бидат извршени во четврток на 28 ноември 2024 година, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 9 часот, информираат од САС на МПЦ.

На Светата Литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни Православни Цркви.

Погребението ќе биде извршено до јужната апсида на Плаошкиот манастир во Охрид.

Вчера САС на МПЦ соопшти дека по кратко боледување, се упокои во Господа Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски Тимотеј.

[Со света архиерејска литургија во Катедралната црква Света Софија во Охрид денеска беа одбележани 70 години од раѓањето и 40 години од назначувањето на владиката г.Тимотеј за митрополит Плаош]

Кратка биографија на Митрополитот Тимотеј (1951 – 2024).

Митрополитот г. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско. Потекнува од благородни и богољубиви родители Александар и Љуба Јовановски, кои уште од детски години го задоиле својот пород, меѓу кои и младиот Славе, со христијанска љубов и љубов кон Бога.

Почитта кон Бога придонесла, по завршувањето на основното училиште, под сестраната духовна грижа на протојереј–ставрофор Стојко Спасевски од Куманово и пастирските упатства на протојереј–ставрофор Спасе Стефановски, младиот Славе да се запише за редовен ученик во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, прво во манастир „Св. Илија“ во с. Бањане, крај Скопје, а потоа во Драчево. По завршувањето на Богословијата, се запишал на Богословскиот факултет во Белград, на кој дипломирал во 1976 година.

По дипломирањето, една година бил службеник во Македонската Архиепископија во Скопје. Потоа, заминува на постдипломски студии на Понтификалниот ориентален институт во Рим (од 1977 до 1979 година). Успешно магистрирал со тезата „Култот на Пресвета Богородица во Охрид и Охридско" и се здобил со магистерска диплома. На повик на САС на МПЦ – ОА, се враќа во Татковината и се вработува како предавач на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ по предметите: Литургика, Историја на уметноста и Патрологија. САС за МПЦ – ОА го назначи и за в.д. ректор на Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Драчево - Скопје.

На 10 септември 1981 година во манастирот „Св. Јован Крстител“ – Бигорски од десницата на тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Ангелариј е замонашен со монашко име ТИМОТЕЈ; на 11 септември 1981 година е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир; на 13 септември 1981 година е ракоположен во јеромонашки чин во манастирот „Св. Богородица“ – Пречиста кај Кичево, а за архимандрит е произведен во метохот на ман. „Св. Наум Охридски“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Битола. По изборот за епископ од страна на САС на МПЦ, на 20 септември 1981 година е хиротонисан за архијереј на МПЦ – ОА во црквата „Св. Димитриј“ во Скопје.

Од 21 септември 1981 година, со Одлука на САС на МПЦ, е назначен за Митрополит Австралиски. Тогашните услови налагаа да му биде доделена и упразнетата Дебарско–кичевска епархија која ја управуваше како нејзин Администратор, од кадешто со самопрегор и трпеливост ќе раководи со двете епархии: со Австралиската до 1995 година, а со Дебарско–кичевската епархија до неговото упокојување. Од 2016 година од САС на МПЦ – ОА е назначен да управува како администратор со Австралиско-сиднејската епархија.

Во изминативе 43 години како архијереј на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Митрополитот Тимотеј извршуваше и многу други одговорни задолженија: беше секретар на САС на МПЦ и Администратор на Повардарската епархија (1997 – 2000 год. и од 5. 7. 2002 до 1. 10. 2006 година), а до неговото блажено упокојување беше и портпарол на САС на МПЦ.

притисни ентер