Шаховскиот велемајстор Влатко Богдановски одигра симултанка во Македонска Каменица

Настанот го организираше Шаховскиот клуб „Каменица Саса", чиј претседател Лазо Стаменковски пред присутните истакна дека е посебна чест за самиот шаховски клуб да биде домаќин на ваков настан.

Во Македонска Каменица денеска се организираше шаховски настан, во чии рамки шахисти од градот и од регионот одиграа симултан натпревар со шаховскиот велемајстор, Влатко Богдановски, кој е седумкратен шампион на Македонија во шах и долгогодишен репрезентативец.

Настанот го организираше Шаховскиот клуб „Каменица Саса", чиј претседател Лазо Стаменковски пред присутните истакна дека е посебна чест за самиот шаховски клуб да биде домаќин на ваков настан.

-Ова е би рекол историја за Македонска Каменица, бидејќи кај нас првпат гостува македонски велемајстор кој игра за Алкалоид, повеќекратен првак на Македонија и учесник на Меѓународни натпревари. Со овој настан целта моја како претседател и како шаховски клуб ни е да го унапредиме шахот како спорт, пред се да обрнеме внимание на младите кадри, истакна Стаменковски пред присутните.

За шаховскиот велемајстор Богдановски големо е задоволството да се одигра симултанка во градот за кој слушнал многу убави работи за клубот и шахистите од овој град.

-Со задоволство ја прифатив поканата, за прв пат сум како гостин, стварно ми е драго, стварно ми е чест, би сакал оваа соработка да продолжи. Навистина сум слушал добри зборови за овој клуб во последните години за Каменица Саса, за Втора Лига, значи многу добри зборови од колегите имам слушано и стварно ми беше драго да ја прифатам поканата за оваа идеја, рече Богдановски.

На настанот присуствуваше и каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски, кој рече дека Општината ќе продолжи со поддршката за младите шахисти.

-Чест ни е што имаме можност да бидеме присутни на овој настан на кој ги стимулирате нашите млади. Исто така сакам да се заблагодарам не само на претседателот, туку и на целиот шаховски клуб што го возобновија овој спорт во нашата општина, а ние како општина досега го помагаме овој спорт финансиски и се надевам ќе продолжиме така и во иднина, рече Атанасовски.

Шаховскиот клуб Каменица Саса е формиран во 2018 година, клубот е член на Агенцијата за млади и спорт и Шаховската Федерација на Македонија и има обезбедено право за настап на сите натпревари кои се организираат под нивна капа. Оваа година клубот учествуваше и на квалификациите за влез во Втора лига.

Што се случува со телото ако три недели јадете пецива и плескавици?

Шок информации

Заситените масти предизвикуваат хаос во организмот.

Ако јадете колачиња, чипсови и хамбургери секој ден, во рок од три недели ќе почнете да го оштетувате вашето тело. Големото истражување на Универзитетот во Оксфорд покажа дека големите количини на заситени масти кои се наоѓаат во овие намирници се главна причина за кардиоваскуларни болести.

Во текот на истражувањето, учесниците биле поделени во две групи - едната јадела брза храна полна со заситени масти 24 дена, додека другата група имала поздраво мени, со риба и јаткасти плодови.

На крајот, резултатите биле многу интересни. Имено, иако испитаниците од двете групи не добиле на тежина, било откриено дека учесниците кои јаделе брза храна имале нагло опаѓање на квалитетот на основните телесни маркери и дури 20 отсто поголем ризик од срцеви заболувања.

Исто така, имале 20 отсто повеќе маснотии во црниот дроб, што драстично го зголемува ризикот од дијабетес, додека нивото на вкупниот и лошиот холестерол било зголемено за 10 отсто!

Од друга страна, групата што јадела поздрава исхрана имала неколку значајни подобрувања.

Нивото на холестерол паднало за 10 отсто, и имале поголема издржливост на мускулите.

- Важно е да се нагласи дека видот на маснотии, а не количината на маснотии е она што е значајно. Интересно е како се случува толку голема промена по само три недели. Ги замоливме луѓето кои јаделе храна со заситени масти да ја зголемат потрошувачката на путер, колачи и пецива. Побаравме од втората група да настојува да јаде риба, зеленчук, јаткасти плодови и житарки. Заклучивме дека исхраната богата со заситени масти негативно влијае на срцето, дури и кога човек не се дебелее – објаснува Никола Срниќ, главниот истражувач во оваа студија, пренесува Daily Mail.

Што се заситени масти?

Мастите се една од трите основни групи на макронутриенти, заедно со јаглехидратите и протеините. Постојат неколку видови масти. Најважни се токму заситените, додека другите видови вклучуваат мононезаситени и полинезаситени масти. Заситените или „лошите“ масти се главната причина за зголемување на нивото на лошиот холестерол, за појавата на дијабетес, дебелина, кардиоваскуларни заболувања, а може да бидат причина и за појавата на карцином. Заситените масти ги има во црвеното месо, јајцата, путерот, тврдите полномасни сирења, кајмакот, сладоледот, пишува eklinika.telegraf.rs.

Извор: srecna.republika.rs

Фото: Северина ужива за сите пари

Балканската музичка ѕвезда Северина покажа како вистински ужива на летниот одмор.

Мегапопуларната Севе се пофали дека била на одмор на некоја егзотична дестинација.

Нејзините фанови на социјалните мрежи се воодушевени од ставата на Севе во секси бикини.

ГФК Тиквеш реагира кон ФФМ за поништен гол

ГФК Тиквеш изрази јавно незадоволство од судењето на помошниот судија Гоце Петрески, во натпреварот од 6-то коло на Првата Македонска Фудбалска Лига, одигран на домашен терен против ФК Вардар. 

„Почитувани,

Во врска со натпреварот од 6-то коло во Првата Македонска фудбалска лига, кој на домашен терен го игравме против ФК Вардар, сметаме дека ГФК Тиквеш е видно и планирано оштетен од вториот помошен судија Петрески Гоце од Скопје, кој во 96 минута од натпеварот поништи исправно постигнат гол на нашата екипа со сигнализирање непостоечка офсајд позиција.

На неговата одлука со право бурно реагираа фудбалерите и целата публика, бидејќи сите видоа дека одлуката му е погрешна. Во еден момент покрај аут линијата судијата Гоце Петрески сакајќи да ја сокрие својата грешка, легна на тревникот симулирајќи повреда која наводно ја добил од предмет фрлен од публиката, иако покрај него имаше тројца редари на клубот кои тврдат дека судијата не беше погоден со никаков предмет. (може да се види на снимениот материјал од натпреварот).

Откако главниот судија Ставрев досуди крај и судиите се повлекоа во соблекувалната, нашиот клубскиот доктор разговараше со судијата Петрески дали му потребна лекарска помош, тој изјавил дека не му треба, а бил погоден со шише во дланката, но повреда нема и помош не му е потребна.

Исто така, сакаме да нагласиме дека не е прв пат судијата Гоце Петрески со своите сомнителни одлуки дирекно да делува на резултат на натпревар на кој игра нашиот клуб, а со тоа ја поттикнува домашната публика да предизвика инцидент, што резултира со изрекување на казнени санкции за нашиот клуб.

Ве замолуваме во иднина судијата Гоце Петрески да биде соодветно санкциониран и изземен од делегирање на наши натпревари, бидејќи е во тесна клубска поврзаност со раководството на Вардар и претседателот Неделкоски, со намера да помага во текот на првенството.

Очекуваме од Вас, како судиски одбор на ФФМ да се одважите и да превземете санкции за ваквото однесување на еден „европски судија“, бидејќи неговите грешки ги плаќаме ние клубовите кои сме оштетени, а ни се изрекуваат казни од дисциплинската комисија на ФФМ, што резултира со лоши резултати и нерегуларно првенство во Мак-фудбалот.

Спортски Поздрав !“

- ГФК Тиквеш до ФФМ.

притисни ентер