Сергеј Трифуновиќ ги поли со вода српските новинари и им викна: Вратете се во штали

Откако во вторникот ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ за семејно насилство, српскиот актер Сергеј Трифуновиќ престојува сам во станот на белградски Вождовац, пред кој се собрале новинари и ги навредувал.

"Тука сте, па да ви кажам дека нема да излезам. Сега ќе дојде некоја девојка да го шета кучето, јас нема да излезам. Е*ете се, вратете се во шталата, нема да излезам надвор денес, чао“, им рекол тој на новинарите и испратил бакнеж, пишува српски Курир, пренесе Индекс.

Да потсетиме, српскиот актер и неговата сопруга се скарале во станот, а Трифуновиќ наводно ѝ рекол дека сака развод и тогаш работите ескалирале. Со актерот и неговата сопруга во полициска станица е извршен разговор, а обвинителот изјавил дека немало елементи на кривично дело.

Но, било утврдено дека Исидора илегално престојувала во Србија, со оглед на тоа дека е државјанка на Хрватска и против неа е поднесена прекршочна пријава. По правосилноста на пресудата на судијата за прекршоци таа ќе треба да плати парична казна и ѝ е наложено да ја напушти Србија во рок од 24 часа.

Според српските медиуми, Исидора, која неодамна била отпуштена како водителка на една српска телевизија, моментално се наоѓа во имиграциски центар и наскоро ќе биде однесена на хрватската граница.

„Ангелите на Викторија“ се вратија- заработуваат астрономски суми од секоја ревија (ФОТО)

Спектакуларната ревија на „Викторија сикрет“ се врати по шест години.

Завесите се спуштија на некогаш многу популарното шоу во 2019 година, но Ангелите се вратија - во подобра форма од кога било! Што навистина е потребно за некој да има такво божествено тело?

Во 2019 година, матичната компанија на брендот одлучи да престане да го организира шоуто. Овој настан се организира и се емитува секоја година од 1995 година. Некогаш беше врвен сон на една манекенка да стане еден од ангелите кои носат долна облека на Викторија Сикрет. На врвот на својата популарност на почетокот на 21 век, околу 12 милиони Американци го гледале шоуто; минатата година, нешто повеќе од 3 мил.

Идеалот за убавина што Викторија Сикрет им го претстави на гледачите, наводно, бил застарен, а шоуто било оценето како женскогинско. Контроверзноста избувна во 2018 година кога маркетинг директорот на компанијата изјави дека нема простор за трансродови и плус сајз модели. Конечно, во 2019 година, ревијата престана да се организира, но не засекогаш, бидејќи неодамна светски познатите манекенки, меѓу кои и оние од Холандија, повторно прошетаа на пистата - овој пат малку поинклузивно.

Дауцен не беше единствената што се врати, Тајра Бенкс, па дури и Адриана Лима се вратија, иако се пензионираше пред шест години! На пистата можеа да се видат и познати лица како Џиџи Хадид, Кендис Свонепул, Иман Хамам, Тејлор Хил, Ешли Греам и Бехати Принсло, пренесува Happyinshape.

Сепак, колку заработуваат...

Дауцен Крос: од 50.000 до 100.000 долари

Доуцен Крос, една од најпознатите холандски манекенки, заработува од 50.000 до 100.000 долари по модна ревија, со проценет годишен приход од 5 милиони долари.

Кејт Мос: од 50.000 до 100.000 долари

Кејт Мос, која се врати на пистата оваа година, според проценките на WhoWhatWear заработува од 50.000 до 100.000 долари по шоу.

Алесандра Амбросио: од 75.000 до 100.000 долари

Поранешниот ангел на Викторија Сикрет, Алесандра Амбросио, заработувала меѓу 75.000 и 100.000 долари по модна писта во нејзиниот цут, според MoneyNation. Наводно и овој пат слична сума зела од пистата.

Бела Хадид: од 200.000 до 250.000 долари

Бела Хадид заработува помеѓу 200.000 и 250.000 долари по ревија, со вкупен годишен приход од околу 8,5 милиони долари преку соработка со брендови како Диор и Версаче.

Џиџи Хадид: од 200.000 до 300.000 долари

Џиџи Хадид добива помеѓу 200.000 и 300.000 долари по шоу. Нејзиниот годишен приход од манекенството Форбс го проценува на 10 милиони долари, што ја рангира меѓу најплатените манекенки во светот благодарение на бројните соработки.

Адријана Лима: од 700.000 до 1 милион долари

Четириесет и тригодишната Адријана Лима е најбогатата манекенка на Викторија Сикрет и обично заработува од 700.000 до 1 милион долари за појавување на модните писти.

Новороденче преживеа пад од 27 метри, додека нејзината мајка почина на самото место во Лидс

Бремената Ема Ако, која почина при пад од 17-ти кат на кула во Лидс, во својата утроба носела мало девојче кое го преживеало неверојатниот пад од височина од 27 метри и моментално е во болница.

Малата Пози, која е родена пет недели порано, била сликана со нејзината сестра која ја поддржува додека е во инкубатор. На сликата се гледа дека постарата сестра ја држи раката на градите на бебето, пишува Метро.

Бебето моментално се наоѓа на Одделот за интензивна нега во критична состојба по падот во кој вчераутро умре нејзината мајка Ема во Лидс.

Полицијата се огласи веднаш по смртта на Ема и рече дека „нема сомнителни околности“ околу нејзината смрт.

"Ми требаш многу мамо, те молам дојди дома. Само сакам да те бакнам и да го слушнам твојот глас. Те сакам повеќе од животот мамо. Беше многу сакана мамо, сакам да го знаеш тоа", напиша ќерката Деми на мрежите. .

Во последната објава на Фејсбук, објавена еден месец пред нејзината трагична смрт, Ема објави фотографија на која позира со труднички стомак и нејзината ќерка пред огледало.

„Тоа е девојче, не може да биде посреќна“, напишала таа со фотографијата.

Сосед кој живеел на 14-ти кат се сеќава дека слушнал „туп“ и врисок, јавува Би-Би-Си.

„Тоа е шок за сите, за целата заедница“, рече тој.

Турските аеродроми под зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара

Турските аеродроми се ставени во состојба на зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара, а патниците се повикуваат да пристигнуваат на аеродромите најмалку три часа пред летот, објави турската приватна телевизија НТВ.

По вчерашниот терористички напад врз националната воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во предградие на Анкара, Кахраманказан, каде загинаа пет лица, сите аеродроми во земјата се ставени во „портокалов“ режим на готовност.

Безбедносните служби на аеродромите се информирани за одлуката, според која се зајакнати мерките за безбедност на аеродромите, поради потенцијални терористички напади.

Зголемени се мерките на влезовите и излезите од аеродромите „Сабиха Гокчен“ и „Истанбул“. Превозните средства што пристигнуваат и заминуваат се претресуваат, а се вршат и проверки на идентитетот на патниците, посочува телевизискиот канал.

Аеродромот „Сабиха Гокчен“ препорача на патниците да пристигнуваат најмалку три часа пред летот поради „можните доцнења кои може да произлезат од дополнителните мерки“.

Во нападот врз „ТУСАШ“, покрај петте жртви, ранети се 22 лица. Турските медиуми известуваат дека двајца напаѓачи, маж и жена, го извршиле нападот. Тие се качиле во такси, го убиле возачот и го ставиле телото во багажникот, а со возилото се доближиле до главниот влез на компанијата. Жената се разнела, додека другиот напаѓач продолжил со вооружен напад, стрелајќи по обезбедувањето и луѓето околу.

Министерот за внатрешни работи на Турција соопшти дека идентификуван е идентитетот на напаѓачите, кои биле членови на Курдаската работничка партија (ПКК).

притисни ентер