Полицијата го пребарува хотелот по смртта на Лиам Пејн, бараат нови докази

Музичарот Лиам Пејн почина на 16 октомври откако падна од третиот кат во хотелот CasaSur во Буенос Аирес.

Според извештајот на Mirror, полицијата влегла во хотелот во потрага по дополнителни информации за персоналот на хотелот.

Изворите велат дека од хотелот се бара да им ги предаде новите безбедносни снимки на истражителите и да обезбеди информации за вработените. Во моментов се води истрага за вработените кои работеле на денот на неговата смрт, како и оние кои работеле неколку дена пред несреќата. Инспекторите веќе разговарале со двајца вработени, сомневајќи се дека тие му доставувале дрога на Лијам.

Чистачот и уште еден вработен наводно ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која полицијата подоцна ја пронашла во собата на Пејн.

Како што пренесува US Weekly, полицијата го пребарала хотелот за дополнителни документи, вклучувајќи книги за регистрација на хотелот и собирање информации од компјутерите на хотелот. Во истрагата е вклучен и Пол Хигинс, телохранителот на Лиам, кој испрашувал неколку вработени за да открие кој го снабдувал музичарот со дрога.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

ОН во најновиот извештај: Итаме кон глобална катастрофа, затоплувањето е двојно поголемо

„Планетата забрзано се движи кон катастрофално глобално затоплување од 3,1 степени до крајот на векот.“ 

„Планетата забрзано се движи кон катастрофално глобално затоплување од 3,1 степени до крајот на векот. Емисиите на стакленички гасови се на својот врв и потребна е итна акција за да се спречат катастрофални температурни скокови и да се избегнат најлошите влијанија од климатските промени“, се вели во најновиот извештај на Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP).

- Време е за тешки климатски мерки. Потребна ни е глобална мобилизација на ниво и темпо што не било видено досега. Ако тоа не се случи, границата од 1,5 степени на затоплување поставена со Парискиот договор наскоро ќе биде мртва, а потоа од 2 степени ќе биде во ургентниот центар - изјави Ингер Андерсен, извршен директор на УНЕП.

Според овој годишен извештај, за само неколку години ќе се постигне затоплување од 1,5 степени доколку земјите во светот колективно не ја намалат емисијата на штетни гасови за 42% до 2030 година и за 57% до 2035 година. Доколку тоа не се случи , планетата ита кон „катастрофално затоплување од 3,1 степен“, велат експертите.

- Се држиме за планетарното јаже. Или светските лидери ќе ги намалат емисиите на гас или директно ќе се втурнеме во климатска катастрофа, во која најмногу ќе страдаат најсиромашните и најранливите - изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

Без итна акција нема надеж, додаде тој.

– Денешниот извештај покажува дека достапните, постоечки технологии можат да постигнат намалување на штетните емисии на гас што ни се потребни до 2030 и 2035 година, но неопходно е да има амбиција и поддршка за тоа – рече Гутереш.

Колумна на Јанаки Митровски: Се тресеше гората, се роди Апасиев

Адвокатот Јанаки Митровски објави колумна во која ги пренесува своите размислувања поврзани со судскиот процес, кој лидерот на Левица, Апасиев го поведе по кривична тужба против Канал 5.

Минатата недела бев на рочиште по повод поднесена приватна кривична тужба од политичката партија Левица против новинарите Михаела Димовска и Гоце Михајловски како и телевизијата Канал 5, каде сум еден од двајцата бранители на Канал 5. Двајца сме бидејки ни е страв самите да застапуваме против политички партија предводена од правнички гение, ненадмашлив во сите сродни фели.

Шегата настрана, се работи за класичен пример на SLAPP тужба( Стратешка тужба против јавна партиципација) или поточно кажано, преку ваквиот тип на тужби, неосновани во целост, се прави притисок на медиуми кога известуваат неповолно или не известуваат по ќеиф на поднесувачот на тужбата, во овој случај тоа е Димитар Апасиев, кој се крие позади политичката партија Левица, но и ги користи нејзините ресурси за пресметка со медиумите.

Ги користи нејзините ресурси бидејки во случај да го загуби предметот, а ќе го загуби, трошоците нема да ги намири од сопствен џеб, туку тоа ќе го стори политичката партија Левица или поточно сите ние од чив буџет и се финансираат политичките партии. Поднесување на ваква приватна кривична е лицемерие бидејки Димитар своевремено беседел токму против ваквите тужби.

Своевремено, кога генералниот секретар на Владата на Заев и СДСМ, Драги Рашковски, инаку во факултетските денови најдобар другар на Димитрие, во низата со кои се скарал, поднесуваше вакви тужби, Апасиев имаше сосема поинакво мислење, односно во стручен труд појаснуваше дефиниции и појаснувања за SLAPP тужби и завземаше јасен став против. Тоа секако беше пред да го смести задникот во удобната пратеничка фотелја.

Fast forward пет години подоцна, и со партиски, читај буџетски пари мислењето и ставот се сменија. На првото рочиште како одбрана дојдовме подготвени за фајт, спремни да се соочиме со самопрогласениот најдобар правник во историјата на Македонија, но види чудо, иако овластен тужител, Апасиев не се појави. Имал работни обврски, односно седница во парламентот. Бидејки првото рочиште по приватни кривични тужби е секогаш за мирење, судечкиот судија го одложи првото судење, иако категорично посочивме дека мирење не сакаме бидејки не сносиме вина како страна во постапката.

Колешката адвокат, адвокат на Левица пак посочи дека Левица сака мирење под одредени услови. Какви се тие услови колешката Тамара не посочи. Но ваквиот став е за чудење, чуму тужи тужат ако сакаат да ја повлечат тужбата и под кои тоа специјални услови? Воедно, подготвени за судење, Димитар не лиши од неговата правна генијалност која очекувавме да ја демонстрира во судница, и наместо тоа се сокри позади парламентот. По таа лгоика тој никогаш нема да се појави бидејки ако

нема седница, има Комисија, прием на амбасадори, состаноци итн. Се тресеше гората, се роди Апасиев.

Господинот Апасиев патем го тужам и лично за клевета и очекувамдека и во тој предмет ќе се служи со пацерски фори за одбегнување одговорност и соочување во судница. Тоа се тие самопрогласени најдобри тастатура правници кои се многу храбри кога се кријат позади медиуми, партии или кога наспроти нив седат Мики Маус ликови. Идентично поведение пред суд има и неговиот полтрон Горан Костовски викан Чиз за кој имам и официјална потврда од судот дека избегнува да прими тужба и докази. Класични кукавици, напиша Митровски во колумната.

Момче купило уништена Тесла: Го вклучив компјутерот и најдов неверојатна снимка (ВИДЕО)

Млад човек од САД, љубител на електрични автомобили и ИТ, решил на аукција да купи целосно уништен Tesla Model 3 за да го поправи и да го подари на своите родители.

Цената на автомобилот била 15.000 долари, а младиот човек ја открил вистинската приказна за несреќата кога се приклучил на компјутерот во Теслата, пренесува Авто клуб.

Откако успеал целосно да го врати возилото во својата гаража, младиот човек го поврзал автомобилот со компјутерот на Тесла и добил снимка од вградените камери. Снимката го открила моментот на судирот, кој не бил познат за време на самата аукција. На видеото се гледа како друг автомобил одеднаш се појавува од десната страна, предизвикувајќи директен удар на возачката страна на Тесла и голема штета на двете возила.

Според информациите кои ги споделил на својот Јутјуб канал „Winston's Garage“, младиот човек наведува дека осигурувањето ја прогласило Теслата за целосно уништена, поради што автомобилот завршил на аукција. Откако ја дал најдобрата понуда, тој станал нов сопственик на автомобилот и го започнал проектот за реставрација.

Во своето видео, младиот човек објаснува дека вкупните трошоци за реставрација биле 25.000 долари, што ја вклучува првичната цена на автомобилот, дополнителни 9.000 долари за резервни делови и околу 1.000 долари за даноци. Иако вкупниот трошок за обновата бил 25.000 долари, сепак заштедува значителна сума на пари, бидејќи новиот Модел 3 од 2018 година би чинел околу 52.000 долари во САД.

Овој проект не само што бил финансиски награден за младиот ентузијаст, туку им овозможи на неговите родители да добијат целосно реновиран електричен автомобил по значително пониска цена од нова Тесла.

притисни ентер