Сензацинален триумф на нашата Рељиќ над олимписка шампионка Џонс на стартот на ОИ

Прв успех на македонските спортист на Олимписките игри во Париз. 21 годишната Милјана Рељиќ со сензационална победа над двојната олимписка шампионка Џејд Џонс, обезбеди место во четвртфиналето на турнирот во теквондо.

Во изедначен меч во категоријата до 57 килограми македонската репрезентаивка ја изненади големата фаворитка од Велика Британија и успеа да слави победа од 7-6 во поени иако по првата рунда беше во негатива од 4-5.

Клучен за триумфот беше ударот на Мила во главата на Џонс вреден три поени за конечен успех од 7-6.

Третата рунда мина во тактичко надмудрување, двете натпреварувачки добија по еден поен како опомена од судиите, но Рељиќ поради поголем број на удари стигна до историската победа.

Британката Џејд Џонс инаку беше третата носителка на олимпискиот турнир во теквондо во Париз. Извонредната теквондистка од Британија е олимписка шампионка од Игрите во 2012 и 2016 година.

21 годишната Рељиќ уште пред заминувањето за Париз полна со самодоворба најави дека на олимпискиот турнир ќе атакува на медал. По првата борба и феноменалниот триумф таа покажа дека била сериозна во оваа намера.

Противничка на нашата Мила во четврфиналето на Олимписките игри во Париз кое е закажано за 15-45 часот ќе биде репрезенативката на Либан, 23 годишната Ајун Лаетитиа.

На Олимписките игри за Македонија теквондото е спорт за историски резулати. На Игрите во Токио пред три години нашиот Дејан Георгиевски стигна до историскиот сребрен медал, посакуваме медал и од 21 годишната Рељиќ..

Фото: Српска пејачка како „зајачица од Плејбој“ на улица во Белград

Атрактивната српска пејачка Сандра Африка повторно ги истакна облините на воодушевување на фановите од социјалните мрежи. 

Сексапилната пејачка во неевообичаено издание се прошета низ улиците на Белград.

Сандра минатата недела за време на празникот „Ноќта на вештерките“ кој е се повеќе застапен и во регионот, во провокативно издание како вистинска „зајачица од Плејбој“ се појави на улица.

Таа така шеташе низ центарот на градот, а многумина не останаа рамнодушни на нејзиниот костим и фигура.

Сандра носеше трико од латекс, што ги истакна нејзините бујни облини.

Фото: Лепа Брена на насловната на „Вог“

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена се најде на насловната страница на најновото издание на магазинот „Вог“.

Мегапопуларната пејачка со насловната страна на тиражниот магазин само уште еднаш потврди дека е една од најголемите икони од нашите простори.

Брена на насловната страница на Вог блесна во никогаш поскап стајлинг.

Таа носи бунда од 11.000 евра од францускиот бренд „Алаја“.

Како што наведува „Вог“, Брена е избрана за насловна бидејќи е вистински феномен, ѕвезда без споредба и икона. Тие истакнуваат дека пејачката е и вистинско олицетворение на југословенскиот поп културен идентитет.

Таа за насловната страница ја фотографирал фотографот Бранислав Симончик, а целата фотосесија е направена во титовата вила „Галеб“.

Коментарите за ова издание на Лепа Брена се повеќе од позитивни.

На Корзика прогласен портокалов метео аларм поради невреме

Од попладнево до недела наутро на Корзика во сила е портокалов метео аларм бидејќи се очекува невреме проследено со обилни дождови што може да предизвикаат поплави, соопштија денеска надлежните француски претставници.

- Поради очекуваната акумулација на големи количини вода во урбанизираните области во рамничарските делови на северот на Корзика и во близина на Бастија, ситуацијата бара посебен мониторинг. Најризичниот период ќе биде помеѓу сабота навечер и недела наутро во департманот Горна Корзика на северниот дел од островот со можни поплави. Апелираме граѓаните да ги ограничат своите патувања, се наведува во официјалното соопштение кое го пренесува дневниот весник Фигаро.

Во останатиот дел од Франција викендот ќе биде врнежлив освен во планинските предели, а југоисточниот дел од земјата денеска повторно ќе го зафати силно невреме.

притисни ентер