Се раситнува ли Заедницата на единиците на локална самоуправа?

Се раситнува ли ЗЕЛС? 

Општина Струмица одлучи - ја напушта Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Ваквиот потег од општината велат Е резултат на индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит, се наведува во соопштението.

"Општина Струмица како институција не е удостоена со ниедна писмена одлука од Владата и нејзините институции, за нив дознаваме од медиумите. Заради сето ова, го напуштаме ЗЕЛС, а членството ќе важи исклучиво за законските ингеренции на ЗЕЛС во однос на системите на општините, за се друго сме надвор од ЗЕЛС."

За напуштање на ЗЕЛС сериозно размислува и градоначалникот на скопски Карпош. Според Јакимовски ваквиот начин на функционирање не води никаде, но вели пред да ја донесе конечната одлука подготвен е за разговор.

„Ова е недозовливо што го прават овие министри, јас можеби компарацијата не е како што треба, како кучиња одврзани од ланец, само лаат на сите страни фатете се за работа, се знае дека сте вие посилни од нас вие сте влада ние сме локална самоуправа. Или ќе го корегираат тој однос или нема зошто да бидеме дел од тие институции... “

Првиот човек на ЗЕЛС ги повика и Јакимовски и Костадинов проблемите, доколку постојат, да ги решаваат преку дијалог. Ѓорѓиевски вели градоначалниците се жалат од дел од министрите во Влада, но никој досега се нема обратено до ЗЕЛС за заедничко решавање на проблемите.

„Досега одговорно тврдам дека не сме биле информирани за никаков проблем од нивна страна...Без разлика кој е партиципиент на централната власт никогаш политиката не дозволуваме да се меша во целиот процес на наштето делување... Вратата им е отворена слободно може да дојдат не со мене директрно единствено туку и со целиот УО да продискутираме за одредени нивни проблеми со кој што се соочуваат и да бараме заеднички решенија за истите....“

Ѓоргиевски упати апел до двајцата градоначалници да, како што вели се вразумат, и дека струмичкиот градоначалник ќе се премисли за доброто на сите граѓани на општината.

Новороденче преживеа пад од 27 метри, додека нејзината мајка почина на самото место во Лидс

Бремената Ема Ако, која почина при пад од 17-ти кат на кула во Лидс, во својата утроба носела мало девојче кое го преживеало неверојатниот пад од височина од 27 метри и моментално е во болница.

Малата Пози, која е родена пет недели порано, била сликана со нејзината сестра која ја поддржува додека е во инкубатор. На сликата се гледа дека постарата сестра ја држи раката на градите на бебето, пишува Метро.

Бебето моментално се наоѓа на Одделот за интензивна нега во критична состојба по падот во кој вчераутро умре нејзината мајка Ема во Лидс.

Полицијата се огласи веднаш по смртта на Ема и рече дека „нема сомнителни околности“ околу нејзината смрт.

"Ми требаш многу мамо, те молам дојди дома. Само сакам да те бакнам и да го слушнам твојот глас. Те сакам повеќе од животот мамо. Беше многу сакана мамо, сакам да го знаеш тоа", напиша ќерката Деми на мрежите. .

Во последната објава на Фејсбук, објавена еден месец пред нејзината трагична смрт, Ема објави фотографија на која позира со труднички стомак и нејзината ќерка пред огледало.

„Тоа е девојче, не може да биде посреќна“, напишала таа со фотографијата.

Сосед кој живеел на 14-ти кат се сеќава дека слушнал „туп“ и врисок, јавува Би-Би-Си.

„Тоа е шок за сите, за целата заедница“, рече тој.

Турските аеродроми под зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара

Турските аеродроми се ставени во состојба на зголемена готовност по вчерашниот напад во Анкара, а патниците се повикуваат да пристигнуваат на аеродромите најмалку три часа пред летот, објави турската приватна телевизија НТВ.

По вчерашниот терористички напад врз националната воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во предградие на Анкара, Кахраманказан, каде загинаа пет лица, сите аеродроми во земјата се ставени во „портокалов“ режим на готовност.

Безбедносните служби на аеродромите се информирани за одлуката, според која се зајакнати мерките за безбедност на аеродромите, поради потенцијални терористички напади.

Зголемени се мерките на влезовите и излезите од аеродромите „Сабиха Гокчен“ и „Истанбул“. Превозните средства што пристигнуваат и заминуваат се претресуваат, а се вршат и проверки на идентитетот на патниците, посочува телевизискиот канал.

Аеродромот „Сабиха Гокчен“ препорача на патниците да пристигнуваат најмалку три часа пред летот поради „можните доцнења кои може да произлезат од дополнителните мерки“.

Во нападот врз „ТУСАШ“, покрај петте жртви, ранети се 22 лица. Турските медиуми известуваат дека двајца напаѓачи, маж и жена, го извршиле нападот. Тие се качиле во такси, го убиле возачот и го ставиле телото во багажникот, а со возилото се доближиле до главниот влез на компанијата. Жената се разнела, додека другиот напаѓач продолжил со вооружен напад, стрелајќи по обезбедувањето и луѓето околу.

Министерот за внатрешни работи на Турција соопшти дека идентификуван е идентитетот на напаѓачите, кои биле членови на Курдаската работничка партија (ПКК).

Полицијата го пребарува хотелот по смртта на Лиам Пејн, бараат нови докази

Музичарот Лиам Пејн почина на 16 октомври откако падна од третиот кат во хотелот CasaSur во Буенос Аирес.

Според извештајот на Mirror, полицијата влегла во хотелот во потрага по дополнителни информации за персоналот на хотелот.

Изворите велат дека од хотелот се бара да им ги предаде новите безбедносни снимки на истражителите и да обезбеди информации за вработените. Во моментов се води истрага за вработените кои работеле на денот на неговата смрт, како и оние кои работеле неколку дена пред несреќата. Инспекторите веќе разговарале со двајца вработени, сомневајќи се дека тие му доставувале дрога на Лијам.

Чистачот и уште еден вработен наводно ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која полицијата подоцна ја пронашла во собата на Пејн.

Како што пренесува US Weekly, полицијата го пребарала хотелот за дополнителни документи, вклучувајќи книги за регистрација на хотелот и собирање информации од компјутерите на хотелот. Во истрагата е вклучен и Пол Хигинс, телохранителот на Лиам, кој испрашувал неколку вработени за да открие кој го снабдувал музичарот со дрога.

Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“ кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

притисни ентер