Се огласи данската полиција по експлозиите пред израелската амбасада, уапсени 3 лица

Две експлозии што се случија рано утрово во близина на израелската амбасада во Копенхаген најверојатно биле предизвикани од рачни гранати, соопшти данската полиција.

„Две експлозии се случија во 3:20 часот во близина на израелската амбасада. Нашата прелиминарна проценка е дека тие биле предизвикани од две рачни бомби“, изјави на прес-конференција Јенс Јесперсен од полицијата во Копенхаген, додавајќи дека тројца млади Швеѓани се уапсени, пишува Тајмс оф Израел.

Анџелина Џоли потврди дека е во врска со рапер- објави негова снимка на Инстаграм

Анџелина Џоли на Инстаграм профилот објави серија фотографии од нејзиниот креативен колектив Atelier Jolie, а на една од нив е раперот Акала, со кого актерката се поврзуца веќе извесно време.

За време на викендот раперот (40) бил на настан организиран од 49-годишната Џоли.

Актерката го интервјуирала музичарот Мустафа во салонот на Atelier Jolie во Њујорк, а во публиката беше и Акала.

Џоли и Акала се видени заедно неколку пати, а извори за People изјавиле дека тие се само пријатели. Сепак, се шпекулира дека се забавуваат откако Акала им се придружи на Анџелина и нејзините ќерки Захара и Шајло на книжевниот фестивал Калабаш во Јамајка минатиот мај. Шест месеци подоцна тие беа заедно во Милано.

Гласините се засилија кога беа видени како заминуваат заедно од хотелот во Венеција каде актерката престојуваше за време на филмскиот фестивал во август. Во тоа време, In Touch напиша дека таа се гледа со раперот повеќе од една година.

Раперот ѝ се придружи на Џоли пред два дена на премиерата на нејзиниот филм Марија во Њујорк на филмскиот фестивал. Изворите тврдат дека Акала и Џоли имаат заеднички интерес за активизам.

„Тие ја делат истата страст кога станува збор за социјални и хуманитарни цели. Соработуваа неколку пати во текот на годините и се фокусираа на глобалните прашања како човековите права. Енџи има високи пофалби за него“, велат изворите.

Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Дами и господа утре во Само Интервју ќе гостува премиерот Христијан Мицкоски.

100 дена влада, 100% посветеност или 100 дена изговори, ги исполни ли новата власт очекувањата на граѓаните?

Со Албанија се разделивме на европскиот пат.. дали времето ни е сојузник или гледаме реприза на Букурешт 2008? Ако не сме сами, со кого сме всушност?

Ќе одговора ли некој пред законот за корупција, или битката ќе остане на партиските говорници?

Пробува ли „Вреди“ да го имитира ДУИ, колку е стабилна владината коалиција?

Ако се намалат даноците, ќе се зголеми ли задолжувањето?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува премиерот Христијан Мицкоски, веднаш по вестите во 18ч.

САД: Сериозно го предупредуваме Иран- не преземајте акции против нас или Израел

Соединетите држави предупредија денеска во Советот за безбедност на ОН дека Иран не треба да ги напаѓа нив како и Израел.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека „мора да заврши смртоносниот маѓепсан круг на насилство на Блискиот Исток“. „Времето истекува“, рече тој на состанокот на Советот за безбедност на ОН.

Советот за безбедност се состана откако Израел го уби лидерот на Хезболах и започна копнена офанзива во јужен Либан, на што Иран одговори со напад на Израел со балистички ракети. „Нашите дејствија имаат одбранбен карактер“, изјави американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, пренесе УС Њуз.

„Да бидам јасна: иранскиот режим ќе одговара за своите постапки. И силно го предупредуваме Иран и неговите сојузници да не преземаат акции против САД или да преземаат нови дејствија против Израел“, додаде таа.

Томас-Гринфилд рече дека Советот треба да го осуди нападот на Иран и да одговори на иранската Револуционерна гарда со „тешки последици“. „Ние имаме колективна одговорност, како членови на Советот за безбедност, да воведеме дополнителни санкции на Револуционерната гарда за поддршка на тероризмот и за игнорирање на толку многу резолуции на овој Совет“, посочи таа.

Гутереш рече дека остро го осудува нападот на Иран врз Израел. Шефот на израелската дипломатија претходно изјави дека му е забранет влезот во земјата бидејќи не го осудил иранскиот напад.

Во писмото до Советот за безбедност, Иран го оправда нападот врз Израел како самоодбрана според член 51 од Повелбата на ОН, наведувајќи ги „актите на агресија“ на Израел, вклучително и кршење на иранскиот суверенитет. „Иран во целосна согласност со принципот на дистинкција според меѓународното хуманитарно право ја таргетираше само воената и безбедносната инфраструктура на режимот со своите одбранбени ракетни напади“, се наведува во писмото.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, го критикуваше тој ирански аргумент. „Тоа беше пресметан напад врз цивилното население. Израел нема тивко да помине преку оваа агресија. Израел ќе одговори. Нашиот одговор ќе биде одлучувачки и да, ќе биде болен, но за разлика од Иран, ние ќе дејствуваме целосно во согласност со меѓународното право “, изјави тој за новинарите пред состанокот на Советот.

притисни ентер