Христијан Мицкоски во „Само Интервју“

Дами и господа утре во Само Интервју ќе гостува премиерот Христијан Мицкоски.

100 дена влада, 100% посветеност или 100 дена изговори, ги исполни ли новата власт очекувањата на граѓаните?

Со Албанија се разделивме на европскиот пат.. дали времето ни е сојузник или гледаме реприза на Букурешт 2008? Ако не сме сами, со кого сме всушност?

Ќе одговора ли некој пред законот за корупција, или битката ќе остане на партиските говорници?

Пробува ли „Вреди“ да го имитира ДУИ, колку е стабилна владината коалиција?

Ако се намалат даноците, ќе се зголеми ли задолжувањето?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува премиерот Христијан Мицкоски, веднаш по вестите во 18ч.

Пратениците во иранскиот парламент читаат Куран и скандираат : Смрт за Америка (ВИДЕО)

По нападот на Техеран врз Израел, иранските политичари станаа во парламентот и извикуваа „смрт за Америка“.

Подигнувајќи ги тупаниците во воздух, тие читаа и стихови од Куранот.

Соединетите држави и Иран се долгогодишни непријатели и немаат дипломатски односи од иранското заземање на американската амбасада во 1979 година.

Дополнително, Вашингтон е сојузник на Израел и им помогна на Израелците да се одбранат од иранскиот напад. Разурнувачите на американската морнарица во Средоземното Море пресретнале ирански балистички ракети за време на синоќешниот напад врз Израел.

Американците во моментов имаат три разурнувачи со наведувани проектили кои работат во Источниот Медитеран: USS Arleigh Burke, USS Cole и USS Bulkeley. Американските разурнувачи учествуваа и во пресретнувањето на ирански балистички ракети и беспилотни летала на 13 април, соборувајќи неколку проектили лансирани кон Израел.

Бајден со лидерите на Г7 координира воведување нови санкции за Иран по нападот врз Израел

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден изјави денеска дека нема да поддржи израелски напад врз локации поврзани со иранската нуклеарна програма како одговор на иранскиот ракетен напад врз Израел.

„Одговорот е не“, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе поддржи таква одмазда откако Иран вчера истрела речиси 200 балистички проектили врз Израел, според АП.

Американскиот претседател денеска разговараше со лидерите на Г7 (САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија) за координација на новите санкции против Иран, а по тие телефонски разговори Белата куќа објави дека лидерите на Г7 „категорично го осудија иранскиот напад врз Израел“.

„Ќе разговараме со Израелците за тоа што ќе направат, но сите седуммина (земјите од Г7) се согласуваме дека имаат право да одговорат... Но тие треба да одговорат пропорционално“, им рече Бајден на новинарите, пренесе АНСА.

Бајден рече дека ќе бидат воведени нови санкции кон Иран и додаде дека наскоро ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Очигледно е дека Иран тргна далеку од курсот“, нагласи тој.

Иран вчера лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел, потег што Бајден претходно го опиша како „неефикасен“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот.

Некои аналитичари велат дека одговорот на Израел најверојатно ќе биде поостар овој пат, сугерирајќи дека Израел би можел да ги таргетира иранските нуклеарни или нафтени постројки.

Паника во Хамбург поради смртоносен вирус: Испразнета е железничката, патниците под надзор

Денеска полицијата на главната станица во Хамбург на неколку часа ги затвори пероните 7 и 8 поради сомневање дека двајца патници се заразени со смртоносниот вирус Марбург.

Патниците биле принудени да ги напуштат пероните додека службите за итни случаи во целосни заштитни одела се качиле на возот ICE од Франкфурт, јавува Би-би-си.

Заразениот маж е 26-годишен германски студент по медицина, кој попладнево со својата девојка се качил со возот од Франкфурт за Хамбург.

Додека се возеле и двајцата почнале да покажуваат симптоми слични на грип. „Останува да се види дали навистина биле заразени со вирусот Марбург“, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Студентот претходно пристигнал со авион од Руанда, каде бил во контакт со пациент на кого подоцна му била дијагностицирана инфекција со вирусот Марбург.

Руанда моментално се соочува со сериозна епидемија, а Министерството за здравство во главниот град Кигали извести дека од минатиот петок починале осум лица, додека вкупно се потврдени 27 случаи на инфекција.

Полицијата ги опколи двата перона, а парот бил однесен во Универзитетската болница Епендорф (УКЕ) во Хамбург, специјализирана за тропски болести. Им бил одземен и багажот.

„Како дел од контролата на инфекцијата, здравствениот оддел договори полицијата да приведува луѓе на главната железничка станица“, изјавија претставници на областа.

Според германските медиуми, во возот ICE имало околу 200 патници, а полицијата ги снимала нивните податоци за да утврди кој бил во контакт со двајцата евентуално заразени. „Сега треба да откриеме дали успеале да се заразат за толку кратко време“, додаде портпаролот на противпожарната служба.

Вирусот Марбург предизвикува треска со симптоми како што се конвулзии, крваво повраќање и дијареа и стапка на смртност е до 88 проценти, според Светската здравствена организација.

Луѓето се инфицираат преку контакт со телесните течности на заразените луѓе.

притисни ентер