Се криеле во Лондон, а потоа папараците ги разоткриле (фото + видео)

Откриена тајната на познатиот холивудски пар...

Амал Клуни (45) е една од најпознатите и најпочитувани меѓународни адвокати за човекови права во светот, мајка на две деца, близнаците Ела и Александар (6) и сопруга на актерот Џорџ Клуни (62). Нејзината раскошна убавина не е за занемарување, па пред 10 години, во 2013 година, беше избрана за најубава адвокатка во Лондон. Џорџ и Амал се запознале во Италија, поточно во неговата вила на езерото Комо. Во јули 2013 година, таа поминувала од таму кога одела за Кан со една нивна заедничка пријателка. Штом ја запознал, Џорџ сфатил дека никогаш претходно не сретнал таква жена.

- Помислив дека е убава, забавна и многу паметна. Не знам дали и таа го помисли истото за мене. Веројатно помислила дека сум стар. Потоа ми испрати неколку фотографии што ги направи кога беше тука и почнавме да се допишуваме. По некое време ни стана јасно дека тоа помеѓу нас прерасна во нешто повеќе од пријателство. Во октомври 2013 година, ја поканив Амал да ме посети во студиото „Аби Роуд“ (Abbey Road) во Лондон, каде што снимав филм. Одлично си поминавме. Потоа отидовме на вечера. Само што тргнавме, пред вратата се појавија 50 папараци, но таа одлично се снајде. Додека бев во Лондон, работите брзо ескалираа и таму останав следните шест недели – објасни тогаш Клуни.

Дотогашниот најпознат ерген повеќе не одолговлекувал, па по само шест месеци врска, во април 2014 година, ја запроси Амал во неговиот дом.

- Јас сум готвач во семејството. Не направив ништо импресивно, некоја тесстенина. По вечерата, ѝ реков да оди до фиоката да ја земе запалката за да ги запалиме свеќите. Таа отвори и го извади прстенот. Останатото го завршив јас, клекнав и направив сè што е потребно. Таа зјапаше во прстенот и велеше: „О, Боже“! Клечев 20 минути и чекав да каже „да“, таа беше многу шокирана – објасни Клуни.

Амал ретко зборува за Џорџ, но првпат направи исклучок пред неколку години во театарот Долби во Лос Анџелес, каде што Клуни ја доби наградата за животно дело од Американскиот филмски институт. Така, деталите за нивната врска конечно излегоа на виделина.

- Го запознав Џорџ кога имав 35 години и тој почна да се крие во мојот стан во Лондон. Набргу почувствував дека што и да се случи, не сакам да бидам со некој друг. Не можев да заспијам кога бевме разделени. Ми велеа дека се смешкам како никогаш досега и дека ја навалувам главата на одреден начин секогаш кога ги читам неговите пораки и писма што кришум ги ставаше во чантата. Години подоцна, ништо од тоа не се промени. Тој е личноста на која неизмерно ѝ се восхитувам, која ме воодушевува и чија насмевка секој пат ме растопува. Со него ја најдов љубовта за која отсекогаш сонував. Нема ништо поубаво од тоа кога го гледам како си игра со нашите деца, кои, исто така, еден ден ќе се гордеат со него кога ќе сфатат кој е тој, како што се гордеам јас - изјавила тогаш Амал.

Поранешниот претседател Иванов стана почесен доктор на науки на Универзитетот Тракија во Едрене

Поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов ја доби титулата почесен доктор на науки на Универзитетот Тракија во Едрене, Република Турција. 

Церемонијата на доделување на титулата, во рамки на дводневната посета на Иванов на градот Едрене, на покана на универзитетот по повод Одлуката на Сенатот на Универзитетот Тракија за доделување на титулата почесен доктор на науки, се одржала во присуство на голем број високи гости од Република Турција.

Ректорот на Универзитетот Тракија, проф. д-р Ерхан Табакоглу, во присуство на членовите на Сенатот, професори и студенти, соопштија денеска од кабинетот на Иванов, ја предводел свечената церемонија на која присуствувале високи претставници на локалната власт на Едрене, академици, професори од другите универзитети во регионот, како и Гувернерот на Едрене, Јунус Сезер, претставникот на МНР на Турција за Едрене, Амбасадорот Мурат Ахмет Јорук, и почесниот конзул на Република Македонија во Едрене, Есер Џевахир.

По свеченото врачување на почесниот докторат на науки, честитајќи го едновековниот јубилеј на турската република и заблагодарувајќи се до Универзитетот Тракија за високата укажа чест, поранешниот претседател Иванов одржал предавање на темата „Османлискиот модел на соживот меѓу Муслиманите, Христијаните и Евреите“ и предизвикал голем интерес кај присутните гости, професори и студенти на Универзитетот Тракија.

- Инспириран од актуелните настани кои предизвикуваат огромна загриженост и страв за иднината кај сите нас - војните и конфликтите на Блискиот и Централниот Исток, војната меѓу Израел и Хамас во областа Газа, војната во Украина, заканите за мирот во Централна Африка, претседателот Иванов, осврнувајќи се на војните и конфликтите низ историјата, зборуваше дека таквите настани во светот секогаш ја отвораат темата за суштината на секоја војна и можноста од мировни решенија на конфликтите, се наведува во соопштението од кабинетот на Иванов.

За време на посетата на Едрене, покрај средбите со раководството на Универзитетот Тракија и разгледувањето на универзитетскиот кампус, остварил средба со студентите од Република Македонија кои студираат на различни факултети во рамките на овој универзитетот и со проф. д-р Џунеис Нурески од Република Македонија, кој предава на овој универзитет. Исто така, тој остварил и одделни средби и со Валијата, односно Гувернерот на Едрене, Јунус Сезан, а го посетил и Почесниот конзулат на Република Македонија во Едрене, каде имаше прилика за срдечна и пријателска средба со почесниот конзул, Есер Џевахир.

Барселона за првпат по заминувањето на Меси ќе игра во плејофот од Лигата на шампионите

Барселона за првпат по заминувањето на Лионел Меси стигна до нокаут фазата во фудбалската Лига на шампиони.

Избраниците на Чави синоќа го совладаа Порто (2:1) во 5. коло од групната фаза и си го загарантираа учеството во осминафиналето.

Последен пат Каталонците стигна до плејофот во сезоната 2020/21. Потоа во осминафиналето загубија од ПСЖ (1:4, 1:1).

После тоа, таа двапати го зазема третото место во групата и продолжија во Лига Европа.

Лионел Меси ја напушти Барселона летото 2021 година кога замина во Пари Сен-Жермен.

Во Косово запленети 85.000 евра во монети од по две евра, уапсени шест лица, 3 од Македонија

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти денеска дека уапсило шест лица, од кои тројца државјани на Македонија и тројца од Косово, осомничени за фалсификување пари, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, осомничените биле дел од група која дистрибуирала и внесувала на пазарот фалсификувани пари за кои, како што се наведува „постои сомневање дека се произведени во земја која е сосед на Косово“.

Во акција, спроведена од Обвинителството и Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција, запленети се над 85 илјади евра во монети од по две евра, за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

- Во оваа акција запленети се кеси со по две евра во вредност од осумдесет и пет илјади и десет (85.010,00) евра за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Запленети се и четири автомобили кои ги користеле уапсените и седум мобилни телефони, се наведува во известувањето на Обвинителството.

Надлежен обвинител им одреди на приведените 48-часовен притвор.

притисни ентер