СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски

Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија. 

Основните прехранбени производи веќе не се достапни за сите, тие сега стануваат луксуз. Оваа состојба е директна последица на неспособноста и манипулациите на власта предводена од Мицкоски со така наречените кошнички кои немаат никаков ефект.

Изматата со „новогодишната кошничка“ се гледа во маркетите, наместо пониски има повисоки цени. Фактите зборуваат сами за себе:

Цената на зејтинот порасна од 83 денари (цена од 1 октомври) на 97 денари.

Јајцата, кои се продаваа од 75 до 85 денари, сега се над 100 денари, дури и до 140 денари за едно пакување.

Кашкавалот од некои производители веќе надминува 600 денари за килограм.

Јогуртот со 3,2% масленост достигнува над 72 денари.

Ова се фактите кои потврдуваат дека мерките на власта не ја олеснуваат, туку ја влошуваат ситуацијата за граѓаните.

Трговците прво ги зголемија цените, а потоа мерките стапија во сила, без никаква реална корист за луѓето.

Власта на Мицкоски дозволи трговците да се богатат на грбот на граѓаните.

СДСМ

Чолаку именуван за мандатар на романската влада

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис денеска му го даде мандатот за формирање на влада на актуелниот премиер Марсел Чолаку.

Социјалдемократска партија на Чолаку во анкетите на парламентарните избори на 1 декември беше на прво место.

За мандатарот и новата влада треба да се дебатира во Парламентот.

Парламентарните избори се одржаа по претседателските, а во првиот круг победи ултрадесничарскиот кандидат Калин Ѓеорѓеску, а Чолаку беше трет. Неколку дена пред вториот круг од претседателските избори, на 8 декември Уставниот суд ги поништи претседателските избори откако се појавија обвинувања за местење на изборите и за руско мешање.

Се очекува новата коалиција да ја сочинуваат социјалдемократите, централно-десничарската Национал-либерална партија, малата етничка унгарска партија УДМР и националните малцинства. Трите партии се договорија и за заеднички проевропски кандидат за повторените претседателски избори, чиј датум допрва треба да биде објавен. /МИА

Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на кошаркарски клуб Струмица

Видеолотарија Касинос Австрија со нова спортска поддршка, како дел од нашата визија за модерна и општествено одговорна компанија. Со задоволство споделуваме дека сме спонзор на кошаркарскиот клуб Струмица.

Видеолотарија Касинос Австрија во рамки на својата визија-верен пријател на спортот, обезбеди спонзорство за уште еден спортски клуб. Овојпат тоа е кошаркарскиот клуб Струмица. Со оваа поддршка ние придонесуваме младите кошаркари на овој клуб, и јуниори и сениори да тренираат и да ги развиваат своите спортски вештини. Средствата од ова спонзорство ќе им овозможат, да ги реализираат зацртаните цели од клубот, успешно да се претстават на сите натпреварувањата кои ги очекуваат.

Претседателот на клубот, Илија Христов, кој воедно е и тренер, изрази огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката и препознавањето на спортскиот дух кај младите луѓе. Тој додаде дека кошаркарите се пресреќни и силно мотивирани за успех во сезоната која ќе следи.

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија, ќе остане посветена на поддршката на спортот и спортските настани, кои се од исклучително значење на правилно развивање на младите луѓе. Под слоганот „Играј со најдобрите“, помагаме млади кадри од спортот, образованието, културата, медицина. Во текот на изминатите 10 години за спонзорства и донации издвоивме буџет од над 205 милиони денари.

Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија

„All I Want for Christmas Is You“ постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на „Спотифај“ (Spotify) во 24 часа.

И 30 години подоцна, Мараја Кери и нејзиниот веќе легендарен хит „All I Want for Christmas Is You“ се неизбежен декор за новогодишните и божиќните празници. Имено, „Билборд“ проценува дека пејачката минатата година заработила 1,86 милиони долари од песната.

Така, песната објавена 1994 година, само за 2023 година би можела да надмине 100 милиони долари во вкупна заработка. А пак, истражување на „Економист“ од 2016 година, посочува дека американската пејачка заработувала во просек 2,5 милиони долари од хонорари секоја година.

„All I Want for Christmas Is You“ постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на „Спотифај“ (Spotify) во 24 часа. Во таа смисла, во декември 2018, била пуштена повеќе од 10,8 милиони пати, а тој рекорд повторно е соборен во 2022 година со 21,3 милиони стримови. Песната достигна една милијарда пуштања на „Спотифај“ во декември 2021 година. Редовно го достигнува број 1 на „Билборд хот 100“ во последните четири години.

Познатата поп-пејачка има издадено и други божиќно-новогодишни песни, но се чини, ниедна не ја достигна таа светска слава.

Според „Селебрити нет ворт“ (Celebrity Net Worth), Мараја Кери има богатство со нетовредност од 350 милиони долари. /МИА

притисни ентер