СДСМ: Дали телохранителнот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир?

Дали телохранителнот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир на тигрите!?

Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Срамна е вчерашанта реакција на МВР во која се вели дека Бисовски бил ослободен заради тоа што тепаниот полицаец не сакал да тужи. Оваа лага денес ќе ја демантираме со нови информации за тоа која е вистинската причина за ослободување на Бисовски.

Бидејќи Тошковски не сакаше да каже СДСМ ќе ги објави информациите кои се доставени до нас од свиркачи. Според овие информации целата операција е политички водена од врвот на МВР и Мицкоски, а крајната цел, е телохранителот на Мицкоски да биде унапреден во Командир на специјалната единица Тигар.

Доколку останела дисциплинската постапка и Бисовски бил казнет, тоа немало да биде возможно.

Целиот план е ова да се случи во три фази, првата е ослободување на Бисовски од одговорност која веќе е завршена.

Втората фаза е негово поставување на позиција самостоен инспектор која е во тек. Денес го прашуваме Тошковски, дали пред неколку дена е распишан оглас за самостоен инспектор токму за Бисовски? Доколку Бисовски биде избран на овој оглас ќе се потврди целата шема која е договорена и се реализира.

Следната и последна фаза требало да биде негов избор за Командир на САЕ Тигар. Ова е класичен случај како се ослободува од вина, се заташкува случај за некој да се унапреди по партиска линија.

Наместо професионализација, во МВР се случува партизација од најдолен вид.

Апелираме дека партаизација на овој начин, со лице кое е виновно за напад на полицајци, кое е телохранител на Мицкоски под чиј диктат се прави целата ооперација, е најбрутална партизација на клучните безбедносни единици во државата.

Им порачуваме на Тошковски и Мицкоски итно да се повлечат од оваа идеја и во професионална постапка да изберат професионални и чисти кадри на раководни позиции во МВР. Оваа брутална партизација со тепачи и телохранители е доказ дека ВМРО-МВРО е единствената цел на Мицкоски.

Со Тошковски и ДПМНЕ нема правда ниту одговорност а полицијата е сведена на инструмент за политички цели а не во служба на граѓаните.

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Скопје, 20 септември 2024

СДСМ

Министерството за јавна администрација ќе ја чека конечната одлука на Уставен за балансерот

Одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат без разлика дали ни се допаѓаат или не, порача премиерот Христијан Мицкоски по одлуката од Уставниот суд да го разгледува укинувањето на т.н балансер за вработувања во јавниот сектор.

Според него треба се почека конечната одлука на Уставниот суд, кој сега само ги стави во мирување спорните законски одредби. Сепак, унапредувањата и вработувањата мора да се базираат на квалитет дециден е Мицкоски.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги осуди повиците за протести од некои од политичките лидери од албанскиот блок по одлуката на уставните судии. Нов закон засега не се подготвува вели Минчев, а тоа ќе зависи од конечната одлука на Уставниот суд и разговорите со владините партнери. Во моментов предмет на јавна дебата се токму измените во спорните закони за вработени во јавниот сектор и за административни службеници.

- Јас се надевам дека во рамките на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за она што следува, каков било повик на протести или пак на дестабилизација на државата за укинување или пак за времена мерка на балансерот ги осудувам. Сметаме дека е дојдено времето како Влада да направиме сеопфатна реформа во јавната администрација, кажа Минчев.

Со соопштение за одлуката за прв се огласија и од ДУИ.. Изразуваат загриженост и прстот го вперија во Вреди кои според нив ги стопирале вработувањата на Албанците.

Од Вреди, пак, одлуката на судот ја сметаат за избрзана. Министерот за здравство, Арбен Таравари, иако признава дека балансерот низ години се злоупотребувал, вели тензии во моментот не се потребни.

-Не ни требаат вакви тензични состојби во периодов. Ние и така имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека треба да се договориме за Законот за правична застапеност на сите заедници и потоа „балансерот“. Меѓутоа, некако се избрза. Некој можеби сакаше да се зборува за ова и да се дефокусира од другите побитни теми., изјави Таравари.

Останува неизвесно дали владините партнери ќе најдат заедничко решение за нов закон или правичната застапеност ќе се регулира преку законски измени во постоечките закони за вработувања во јавниот сектор. Во меѓувреме, со времена одлука до конесувањето на конечниот став, Уставен ги стави во мирување сите вработувања по актуелните законски и подзаконски акти поврзани со балансерот..

Владата на седница ја усвои есенската потрошувачка кошничка

Владата на денешната седница ја усвои есенската потрошувачка кошничка. 

Кои прехранбени продукти ќе се најдат во неа пред малку на прес конференција соопшти министерот за економија Бесар Дирмуши.

Таму е Елизаебта Дамјановска Спасеновска. Бети кои цени се ограничуваат со усвоената есенска кошничка и од кога ќе почнат да важат?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Арсовски: Добро е што македонската влада е проактивна во Брисел

Што донесе првата посета на премиерот Мицкоски во Брисел, и има ли можност за одложена примена на уставните измени, анализира Петар Арсовски.

Има уште пат за планот на новата влада, но сепак ЕУ ќе ја врати топката во Софија. Теоретски ЕУ ќе се согласи дека не треба да има ултиматуми, но има друга политичка призма во Бугарија, вели Арсовски.

Целиот разговор на Андријана Лазова со Петар Арсовски погледнете го во видеото.

притисни ентер