СДСМ: Чулев да поднесе оставка затоа што го доведе здравјето на граѓаните во опасност

Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ  е одговорен за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните, за непостапување при настанот во Струга, за нападот врз новинар и чадната бомба во Скопје и токму затоа мора  да поднесе оставка.

Вчерашниот ден беше еклатантен пример дека Наќе Отсјај нема капацитет, а ниту волја да работи во интерес на граѓаните.

Во Струга, техничкиот министер на ВМРО ДПМНЕ дозволи масовен собир со што ги изложи граѓаните на ризик од коринавирусот и создаде паника кај сите граѓани во државата.

Јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ центарот на Струга, а полицијата беше пристутна на настанот и воопшто не реагираше.

Наместо да предупреди и да спречи масовен собир во услови на опасна здравствена пандемија, полицијата иако присутна на настанот, не само што не реагираше, туку немо го следеше прекршувањето на забраната.

Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загорзувањето на здравјето на граѓаните.

Запрепастува апсолутната негрижа на Наќе Чулев за здравјето на граѓаните. Тој вчера на Денот на македонската полиција, спротивно на препораките, организираше јавен собир, без запазување на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците.

Дополнително, на јавно објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа и при тоа им се закануваат со физичка сила.

На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и чадна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност и нивното здравје.

Очигледно на Наќе Отсјај поважно му е да снима скапи спотови, злоупотребувајќи ги ресурсите на полицијата, во кои демонстрира моќ и во кои нема место за граѓаните.

Наќе Чулев освен да го брани Христијан Мицкоски, не е способен за ништо друго и затоа мора да си поднесе оставка, се наведува во соопштението на СДСМ.

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

 Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед,  од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

- Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

На три европски банки во Русија ќе им биде одземен имотот

 Русија ќе го заплени имот на трите европски банки „Дојче банк“ (Deutsche Bank), „Комерцбанк“ (Komercbank) и „УниКредит“ (UniCredit). Тие ќе останат без речиси една милијарда евра имот во Русија.

Како официјална причина за заплената на имотот на трите банки се наведува тоа што се повлекле од финансирањето на постројка за преработка на гас во руското пристаниште Уст-Луга на Балтичко Море.

Според судските документи во Санкт Петербург, на „Дојче банк“ и се одземаат хартии од вредност, недвижен имот и средства во износ до 238 милиони евра, вклучувајќи го и имотот на банката и нејзината филијала во Русија.

Додека на „Комерцбанк“ и е запленет имот во вредност од 93,7 милиони евра, хартии од вредност и зградата на банката во центарот на Москва.

Додека на „УниКредит“ запленет и е имот во висина од 463 милиони евра.

Постројката за преработка на гас не се изгради поради санкциите од западните земји кон Русија воведени поради војната против Украина. Како одговор на санкциите Русија заплени имот на голем број западни компании и инсталираше нов менаџмент во руските подружници.

Компаниите кои се повлекуваат од Русија се принудени да ги продаваат своите деловни проекти на руски компании по драстично ниски цени. Често за нив симболично се плаќа само една рубља. /МИА

Во живо

последно ажурирање пред 22 минути

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

пред 22 минути18:27

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.

Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.

Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан, изјави.

Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.

- Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки, наведе неименуваниот ирански претставник.

Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.

Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.

Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.

пред 22 минути17:20

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

притисни ентер