СДСМ: Бојан Христовски не ги исполнува условите за директор на АНБ, да си поднесе оставка

Христовски покрај тоа што е партиски активист кој не смее ни да се прошета околу АНБ а не да ја води.

Бојан Христовски, кој е пион на Мицкоски со недели по интервјуа ја замајува јавноста наместо да ги приложи јавно сите докази со кои наводно тврди дека ги поседува, сите сертификати и да потврди дека навистина ги исполнува сите услови за функцијата директор на АНБ.

Христовски покрај тоа што е партиски активист кој не смее ни да се прошета околу АНБ а не да ја води, тој очигледно не ги исполнува условите за да биде директор.

Очигледно има лажен тест за англиски јазик, нема доволно години искуство за кои одбива да прикаже документи дали точно пет години има раководни позиции и не поседува сертификати за безбедност.

Тој не исполнува реално условите за да биде директор и да ја води АНБ. Скандалозно е што сега од позиција на директор, тој сам на себе ќе треба да си додели сертификат за државна тајна и да влијае на таа одлука. Ова е само по себе огромен скандал.

СДСМ бара итна негова оставка и повлекување од позицијата директор и процес на избор на професионалец кој ќе ја води институцијата како што тоа беше случај до сега.

СДСМ

Кралот Чарлс: Важно е да се разбере историјата на Британската империја која вклучуваше ропство

Кралот Чарлс ова го изјави на самитот на Комонвелтот, на кој присуствуваа шефови на држави или влади на 56 земји.

Британскиот крал Чарлс Трети денеска на Самитот на Комонвелтот во Самоа изјави дека е многу важно да се разбере историјата на Британската империја, која вклучувала ропство на африканските, карипските и другите народи, со цел да, како што наведе, во иднина да се донесат правилни одлуки.

Кралот Чарлс ова го изјави на самитот на Комонвелтот, на кој присуствуваа шефови на држави или влади на 56 земји, што започна во понеделникот во Самоа во Полинезија, опишувајќи го прашањето за ропството како „болно прашање“.

Говорот на британскиот крал доаѓа во време кога Африка и Карибите и другите земји продолжуваат да се залагаат Велика Британија да им плати репарации за трговијата со робови.

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија ќе ги слуша говорите на официјалните лица за ова прашање на самитот, но нема да се извини за својата улога во трговијата со робови.

Министерот за надворешни работи на Бахамите, Фредерик Мичел, вчера за Би-Би-Си изјави дека нацрт-заклучоците на самитот, кои се очекува да бидат објавени утре, ќе вклучуваат параграфи кои повикуваат на дискусија за исплата на репарации.

Од 15 до 19 век, најмалку 12,5 милиони Африканци биле насилно транспортирани со брод од европските трговци и продадени во ропство. /МИА

Дурмиши: Ако има зголемување на цените ќе има ригорозни мерки за трговците

Ако има зголемување на цените ќе има ригорозни мерки за трговците ова утринава го изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши за мерката за ограничени маржи која треба да заврши на крајот на месецов.

Според него мерката ги дала потребните ефекти. Инаку потрошувачката кошничка повторно е над илјада евра за четиричлено семејство. Податоците од Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека минималните трошоци на едно семејство во октомври се намалени за 57 денари. Државната статистика објави дека втор месец по ред се намалува просечната плата.

Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција

Како што соопшти МВР, вчера со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од село Горно Ботушје, при што биле пронајдени и  одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката.

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, вчера во село Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, извршиле претрес во домот на З.В.(55) во село Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката.

Како што соопшти МВР, вчера со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од село Горно Ботушје, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката. По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.

притисни ентер