Само „реми“ за Металург во дуелот со Ловќен

Ракометарите на Металург освоија само еден бод во дуелот со Ловќен во натпреварот од 11. коло на регионалната СЕХА лига.

Попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ тимот на Металург не ја оправда улогата на фаворит во средбата со екипата на Ловќен од Црна Гора и одигра нерешено 19:19 полувреме 7:10.

Павел Атман, кој постигна 7 голови и Ванчо Димовски кој беше стрелец на 5 беа единствените двајца расположени ракометари во тимот од Автокоманда, кој на овој натпревар настапи без неколкумина стандардни првотимци.

Утре македонскиот првак Вардар гостува во Белград кај последно пласираниот Партизан. Натпреварот Партизан – Вардар ќе започне во терминот од 18 часот, а во исто време ќе стартува и средбата меѓу Татран Прешов – Нексе.

Табела: Татран Прешов 24 бодови (10 натпревари), Загреб КО 24 (9), Вардар 19 (9), Металург 15 (8), Војводина 12 (10), Нексе 11 (10), Мешков Брест 9 (6), Ловќен 8 (10), Борец 6 (9) и Партизан 3 (9). /Извор: МИА/

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер