Сакал да го земе џекпотот од два милиона евра, но ќе оди во затвор-го тужат поранешни пријатели

Необичен случај беше во центарот на вниманието на италијанските медиуми, бидејќи Кристијан С. и Џовани С. го тужеа својот поранешен пријател за добивка на лотарија.

Се очекува судот во Верона да донесе одлука дали Рикардо е Т.Г. ги измамил обвинителите и за себе задржал речиси два милиони евра.

Кристијан и Џовани тврдат дека заедно со Рикардо купиле шест грепки во населбата Гарда на крајот на февруари 2022 година. Подоцна се покажало дека едната е џекпот.

„Секој вложил по 40 евра, а договорот бил секоја добивка да се дели подеднакво“, рече судијката Сабрина Мицели.

Тврдат дека Рикардо се обидел да ги измами и да го задржи богатството за себе, па ангажирале адвокати и поднеле тужба, пренесува Corriera della Sera.

Од друга страна, Рикардо објаснува дека „секогаш игра сам“ и дека бил лажно обвинет.

„Никогаш не играм во друштво, бидејќи имам стратегија која никој не ја знае. Кога сфатив дека грепката е победничка, бев возбуден“, рече тој.

Додава дека купил грепкка на друго место и освоил 100 евра. Наместо да ги повлече парите, тој решил да ги „замени“ за пет нови картички.

„Една од нив вредеше два милиони евра. Лага е дека сме играле заедно“, рече тој.

Судот донесе одлука да ги „замрзне“ парите до крајот на процесот, а на Рикардо му се заканува затвор доколку се докаже дека е виновен.

Интересно е тоа што на почетокот на 2022 година освоил 800.000 евра на грепка што ја купил во Модена.

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Меѓународниот балкански универзитет

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, проф. д-р Лутфи Сунар денеска потпишаа меморандум за соработка и партнерство во повеќе области.

Ваквата соработка е од огромно значење и за Општина Аеродром, но и за студентите од овој универзитет затоа што теоријата што ја изучуваат ќе можат да ја применат во практика.

Еден од првите заеднички проекти би бил изработка на архитектонско решение за изградба на нова детска градинка од страна на студентите под надзор на професорите од овој универзитет.

Меморандумот, меѓу другото, опфаќа и обука на воспитно-наставниот кадар од градинките и од основните училишта во Аеродром во различни области со што уште повеќе ќе се зајакнат нивните капацитети и знаење преку различни семинари, курсеви и дообуки. Исто така се предвидува и ангажирање експерти од Општината во наставниот процес на универзитетот.

В. д. градоначалникот Митески и ректорот Сунар по потпишувањето на меморандумот извршија обиколка на целиот кампус и ги разгледаа капацитетите со кои располага универзитетот. Студентите покрај теоретскиот дел, во посебно уредени простории имаат можност практично да изведуваат вежби од областа на правото, стоматолошките науки, а во процес е и пуштање во употреба на комплетно уредени лаборатории за фармација и други студиски програми.

Општина Аеродром изразува надеж дека со овој меморандум во иднина ќе се иницираат голем број проекти и ќе се продлабочува соработката со Меѓународниот балкански универзитет, од што најголема корист ќе имаат граѓаните.

Општина Аеродром

Од полноќ за денар ипол поевтини бензини

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на бензините. 

Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 72,5 денари.

Совети за чување на лебот во потоплите летни денови

Лебот е храна којашто се купува секојдневно, но зголемената количина од оваа намирница честопати завршува во отпад поради краткиот рок на траење.

Многумина чуваат леб во сандачиња, или пак фрижидер. Но, кога лебот се чува во влажна или невообичаено топла средина, побрзо фаќа мувла, што е особено опасно за луѓето со респираторни проблеми и алергии. Софи Труман, стручак за отпад тврди дека најдобриот начин за складирање на печивото е во платнена торбичка.

- Ако лебот е свежо направен, не треба да го чувате во херметичка ќеса, бидејќи така нема да може „да дише“. Мора да го оставите на воздух за да го одржите најдоброто. Секогаш е најдобро да го чувате во корпа за леб или платнена ќеса, на поладна, собна температура. Но, не во фрижидер, објасни Труман.

Таа натаму истакнува дека обичниот фрижидер всушност го забрзува процесот на создавање мувла... Така што, подобра опција е замрзнувањето, коешто го одржува лебот свеж неколку дена. Пред јадење, лебот се одмрзнува неколку часа, а за „крцкав ефект“, експертката советува да се стави во рерна на неколку минути.

Лебот може да се чува и во кутија за леб, или на поладно, а суво место, каде што секојдневното печиво е заштитено од главните причини за расипување - топлина и влага.

притисни ентер