САД воведоа санкции за компанија вклучена во изградбата на Северен тек 2

САД воведоа санкции за компанијата Трансадриа, која е вклучена во проектот за гасоводот Северен тек 2, и нејзин брод, соопшти американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Стејт департментот поднесе извештај до Конгресот во кој се наведува дека се воведени санкции против два брода и Трансадриа, рече Блинкен, без да даде детали за другиот брод.

– Додека администрацијата продолжува да се спротивставува на гасоводот Северен тек 2, вклучително и преку санкции, ние продолжуваме да работиме со Германија и другите сојузници и партнери за да го намалиме ризикот од гасоводот за Украина, како и за членките на НАТО и ЕУ во првите редови. Ќе одговориме на штетните руски активности, вклучително и во енергетската сфера, рече Блинкен.

Вашингтон се противи на гасоводот од 11 милијарди долари, кој ќе и овозможи на Москва да ја заобиколи Украина и да извезува гас директно во Германија. Најсилните критичари на проектот се Украина, Полска и балтичките земји на ЕУ, кои велат дека Европа ќе стане позависна од Владимир Путин, додека некои европски влади велат дека проектот е клучен за обезбедување стабилно снабдување со гас, особено во време на пораст на цените на енергенсите.

Откриен е првиот официјален портрет на кралот Чарлс III по крунисувањето (ВИДЕО)

Првиот официјален портрет на кралот Чарлс III по неговото крунисување денеска е откриен во Бакингемската палата.

Кралот на портретот се гледа во црвена униформа на велшката гарда, која е претопена во црвената позадина, со што лицето на кралот добива уште поголем израз, објави Би-Би-Си.

Тој е прикажан со меч во раката и пеперутка која слетува на неговото рамо.

„На почетокот, кралот беше малку изненаден од светлата боја, но инаку изгледаше како да се насмевнува со одобрение“, вели авторот на портретот Џонатан Јео.

Колку е светла бојата покажува реакцијата на кралот Чарлс по нејзиното откривање. Портретот го пофали и кралицата Камила, која му кажа дека добро ја пренел сликата на кралот кој го презеде тронот во мај 2023 година, по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета.

Наводно, кралицата Камила кога ја видела сликата му рекла на авторот: „Да, тоа е тој, ти го погоди“.

Откривањето на сликата сепак поминало со голема нервоза.

„Ако ова се сметаше за предавство, би можел буквално да платам со мојата глава, што би било соодветен начин за умирање на сликарот на портрети - да му ја отстранат главата“, се пошегува Јео.

Како што вели, сакал сликата да биде препознатлива и „раскин со минатото“.

Постојат традиционални мотиви на кралски портрети, како воена облека и мечеви, но и модерни елементи, како светли бои и пеперутки.

„Во историјата на уметноста, пеперутката симболизира метаморфоза и преродба“, објаснува Јео, кој досега сликал портрети на поранешниот британски премиер Тони Блер, познатиот натуралист Дејвид Атенборо и Малала Јусафзаи, борец за правата на жените.

Пеперутката, додава тој, е и референца за интересот на кралот за заштита на животната средина. Работата на портретот започнала во јуни 2021 година, додека кралот Чарлс сè уште бил принц од Велс.

Тој му позирал четири пати по околу еден час, последен пат во ноември 2023 година, пред да му биде дијагностициран рак.

Јео не сака да открие што разговарале на средбата, но вели дека кралот Чарлс има „одлична смисла за хумор“ и дека бил заинтересиран за процесот на создавање на сликата.

Кралските портрети во минатото играле важна улога во претставувањето на нечија моќ и биле дел од алатките што се користеле за да се обезбеди опстанок на монархот, наведува Би-би-си.

Cosmo продавница на нова локација во трговскиот центар East Gate Mall.

Денес, 15-ти мај, се отворија вратите на Cosmo продавницата на нова локација во трговскиот центар East Gate Mall.

Со изразена смисла за стил и елеганција, новата продавница ви нуди уникатно и префинето место за убавина.

Очекувајте го вашето омилено место со широк асортиман од преку 10 000 производи од светски познати брендови, вклучувајќи ги омилените брендови на парфеми, како: Rabanne, Versace, Givenchy, Carolina Herrera, Jean Paul Gaultier, Hugo Boss, Gucci, Calvin Klein, Burberry, Elie Saab, Moschino, Dsquared2, Ferragamo, Philip Plein, Michael Kors, Narciso Rodriguez, Mont Blanc, Jimmy Choo, Nina Ricci, Kenzo, Rochas, Zadig & Voltaire, Guerlain, Pepe Jeans и Karl Lagerfeld, селективна и декоративна козметика, меѓу кои: Estee Lauder, Shiseido, Saint Laurent, Clinique, Shiseido, Payot, Elemis, Lancome, Max Factor, Bourjois, Artdeco, Make Up Factory, L’oreal, Pierre Cardin, Maybelline, Catrice, Deborah Milano, Seventeen, Essence, Bell и Aura како и високо селективни Niche брендови, како: Tiziana Terenzi, V Canto, Xjeroff, Roja,Casamorati,Bond,Juliette has a Gun,Montale,Mancera,Atkinsons, Atelier des Ors, The House of Our, Cherigan, Les Bains Guerbois, Olfactive Studio, Moncler,Van Cleef&Arpels, Fragrance du Bois, Dr. Vranjes, Tom Ford, Trussardi, Costume National, Ramos Monegal, Etro и Acqua di Parma.

По повод отворање на Cosmo на нова локација во East Gate Mall подготвени се многу акции кои важат од 15.05 до 19.05.2024 година. 💖

Не ја пропуштајте можноста да ја посетите новата продавница и да уживате во најдоброто што го нуди во светот на убавината. 🌷

Љупчо Палевски е на пат од Истанбул кон Скопје- директно ќе го пренесат во Шутка

Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо пристигнува во Македонија со комерцијален лет од Истанбул.

Палевски вечерва ќе биде екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул на скопскиот аеродром во 19:30 часот.

Потоа веднаш ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари, дознава Канал 5.

притисни ентер