САД: Војната во Украина ја нагласува итноста Западен Балкан да се интегрира во ЕУ

Зеленски минатата недела предупреди дека Русија би можела да се подготвува да предизвика криза во балканскиот регион за да го оттргне вниманието од тековната војна во Украина.

Руската војна против Украина ја нагласува итноста и важноста на нашата работа да им помогнеме на земјите од Западен Балкан да ги постигнат своите аспирации за европска интеграција и членство во евроатлантските институции, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на барањето да ја искоментираат изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија потенцијално може да предизвика нови кризи на Балканот.

Зеленски минатата недела предупреди дека Русија би можела да се подготвува да предизвика криза во балканскиот регион за да го оттргне вниманието од тековната војна во Украина.

- Посветени сме да работиме со земјите од Западен Балкан, нашите европски партнери и меѓународната заедница, за унапредување на реформите во управувањето, владеење на правото, изборните и антикорупциските реформи, кои ќе ја намалат можноста за малигно руско влијание и ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет на регионот, се вели во изјавата на Стејт департментот.

САД минатата недела воведоа санкции за физички лица и 12 субјекти во Западен Балкан, меѓу кои и во Македонија, заради корупција, малигни активности и руско влијание во регионот.

Санкционирани во Македонија беа Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко, Ратка Камчева, како и „Бет Сити Интернешнл“, „Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ“, „Орка Фајненс Скопје ДООЕЛ“, „Орка Холдинг АД“ и „Систина Лајф Кеар Сентар“.

- Санкциите објавени од Стејт департментот и Одделот за финансии во четвртокот беа насочени токму кон овој проблем, поврзаноста меѓу руското малигно влијание и корупцијата. И двете ги попречуваат напорите на регионот да напредува кон членство во ЕУ и попросперитетна иднина, стои во изјавата.

Во неа се додава дека „земјите од Западен Балкан, како и сите земји во Европа, имаат длабок влог во исходот на руската војна против Украина, која ги загрозува темелите на воспоставениот меѓународен поредок и безбедност. Затоа е критично да продолжиме да стоиме заедно против руската агресија“.

Потсекретарот на Одделот за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон, рече дека Русија продолжува да го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на регионот во меѓународните институции и организации.

- Акцијата ги потврдува пошироките напори на владата на САД за промовирање на мирот, стабилноста и функционалното демократско владеење во регионот на Западен Балкан“, изјави Нелсон при објавување на најновите санкции за лица и фирми на Западен Балкан минатиот четврток, пренесува Гласот на Америка.

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Меѓународниот балкански универзитет

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и ректорот на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, проф. д-р Лутфи Сунар денеска потпишаа меморандум за соработка и партнерство во повеќе области.

Ваквата соработка е од огромно значење и за Општина Аеродром, но и за студентите од овој универзитет затоа што теоријата што ја изучуваат ќе можат да ја применат во практика.

Еден од првите заеднички проекти би бил изработка на архитектонско решение за изградба на нова детска градинка од страна на студентите под надзор на професорите од овој универзитет.

Меморандумот, меѓу другото, опфаќа и обука на воспитно-наставниот кадар од градинките и од основните училишта во Аеродром во различни области со што уште повеќе ќе се зајакнат нивните капацитети и знаење преку различни семинари, курсеви и дообуки. Исто така се предвидува и ангажирање експерти од Општината во наставниот процес на универзитетот.

В. д. градоначалникот Митески и ректорот Сунар по потпишувањето на меморандумот извршија обиколка на целиот кампус и ги разгледаа капацитетите со кои располага универзитетот. Студентите покрај теоретскиот дел, во посебно уредени простории имаат можност практично да изведуваат вежби од областа на правото, стоматолошките науки, а во процес е и пуштање во употреба на комплетно уредени лаборатории за фармација и други студиски програми.

Општина Аеродром изразува надеж дека со овој меморандум во иднина ќе се иницираат голем број проекти и ќе се продлабочува соработката со Меѓународниот балкански универзитет, од што најголема корист ќе имаат граѓаните.

Општина Аеродром

Од полноќ за денар ипол поевтини бензини

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги намали цените на бензините. 

Од полноќ за денар ипол поевтинува Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизелот, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,152 ден/кг кој од полноќ ќе се продава по цена од 45,757 ден/кг.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 81,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а дизелот по цена од 74 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 72,5 денари.

Совети за чување на лебот во потоплите летни денови

Лебот е храна којашто се купува секојдневно, но зголемената количина од оваа намирница честопати завршува во отпад поради краткиот рок на траење.

Многумина чуваат леб во сандачиња, или пак фрижидер. Но, кога лебот се чува во влажна или невообичаено топла средина, побрзо фаќа мувла, што е особено опасно за луѓето со респираторни проблеми и алергии. Софи Труман, стручак за отпад тврди дека најдобриот начин за складирање на печивото е во платнена торбичка.

- Ако лебот е свежо направен, не треба да го чувате во херметичка ќеса, бидејќи така нема да може „да дише“. Мора да го оставите на воздух за да го одржите најдоброто. Секогаш е најдобро да го чувате во корпа за леб или платнена ќеса, на поладна, собна температура. Но, не во фрижидер, објасни Труман.

Таа натаму истакнува дека обичниот фрижидер всушност го забрзува процесот на создавање мувла... Така што, подобра опција е замрзнувањето, коешто го одржува лебот свеж неколку дена. Пред јадење, лебот се одмрзнува неколку часа, а за „крцкав ефект“, експертката советува да се стави во рерна на неколку минути.

Лебот може да се чува и во кутија за леб, или на поладно, а суво место, каде што секојдневното печиво е заштитено од главните причини за расипување - топлина и влага.

притисни ентер