Русија лансира вселенско летало, сакаат по 47 години да се вратат на Месечината (ВИДЕО)

Русија по 47 години денеска го лансира своето прво вселенско летало за да слета на Месечината, во обид да биде првата сила што ќе изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината, регион за кој се верува дека содржи џебови со воден мраз.

Ракетата „Сојуз 2.1v“ што го носи вселенското летало „Луна-25“ била лансирана од космодромот „Восточни“ на 5.550 километри источно од Москва ноќеска во 2:11 часот по московско време. Лендерот треба да слета на Месечината на 23 август, објави руската вселенска агенција. Руската лунарна мисија, прва од 1976 година, се натпреварува со Индија, која минатиот месец го испрати својот лунарен лендер Чандрајаан-3, и со САД и Кина, земји со напредни програми за истражување на Месечината.

Со векови, астрономите се прашувале за водата на Месечината, природниот сателит на Земјата, која е 100 пати посува од пустината Сахара. Мапите на НАСА во 2018 година покажаа воден мраз на темните области на Месечината, а во 2020 година НАСА го потврди постоењето на вода во областите осветлени од сонцето.

Зеленски го потпиша законот за зголемување на воените трошоци на Украина за 12 милијарди долари

Украинската војска добива повеќе пари за борбата против рускиот напад според новиот закон потпишан од претседателот Володимир Зеленски, кој претходно беше усвоен од Парламентот, јави ДПА.

Локалните медиуми денеска објавија дека новиот закон ги зголемува воените трошоци за 500 милијарди гривни (околу 12 милијарди долари). Засилувањето ќе се финансира со заеми, даноци и зголемување на давачките за тутунот и горивото. Зголемувањето треба да се искористи за исплата на надоместоци за војниците во првите редови овој месец.

Врховната Рада (парламентот на Украина), во средата усвои ребаланс на буџетот како одговор на тековната војна. Ова ќе ги зголеми буџетските трошоци за околу 13 отсто до еквивалент на над 90,5 милијарди долари - рекорд за Украина.

Земјата се брани од руска инвазија повеќе од две и пол години. Украина вели дека добила преку 98 милијарди долари финансиска помош од странство од почетокот на војната во февруари 2022 година.

Eдно лице загина во невремето во Јапонија, наредена евакуација на десетици илјади луѓе

 Едно лице загина, а повеќе од 10 се водат како исчезнати во невидените дождови што го погодија полуостровот Ното во централна јапонска префектура Ишикава, регионот кој беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари.

Наредена е евакуација на десетици илјади луѓе, а повеќе од 6.000 домаќинства се без струја.

Јапонската метеоролошка служба издаде итно предупредување за обилни врнежи од дожд во областа на општина Ваџима на полуостровот Ното.

Повеќе од 120 милиметри дожд утринава паднаа во областа Ваџима за еден час, што се најобилните врнежи некогаш забележани во регионот.

Општинските власти соопштија дека 10 лица се водат за исчезнати во Ваџима, а едно лице загинало во градот Сузу во истиот регион.

Противпожарната служба во северниот дел на погоденото подрачје соопшти дека во надојдените реки се исчезнати три лица.

Илјадници куќи се поплавени, а медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во свлечиштето.

Надлежните соопштија дека се излеале 16 реки.

Гувернерот на Ишикава, Хироши Хасе, ги повика жителите да дејствуваат „во согласност со очекуваната опасна ситуација“, имајќи предвид дека во некои области структурите се слаби по силниот земјотрес.

СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи

Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи, СДСМ намалуваше цени на 500 производи.

Со најавеното замрзнување на маржите на само 73 производи власта под притисок на јавноста мачка очи а резултатот ќе биде никаков. Мерките на владата на Христијан Мицкоски се задоцнети и нема имаат реален ефект ниту врз намалување на цените на производите ниту врз стандардот на граѓаните.

Наместо економска политика гледаме калкулантска политика на Владата на Мицкоски и тотална негрижа за стандардот на граѓаните.

СДСМ на пример минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра. Тоа е реална помош.

Во соседна Србија веќе се спроведува одлука со која поевтинија над 700 производи, слично е во Црна Гора. Во исто време се случува за прв пат после пет години постојан раст да се намали просечната плата за речиси 1000 денари.

Платите се намалуваат а цените остануваат високи и растат. Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.

СДСМ

притисни ентер