Родри е новиот носител на „Златната топка“

 Играчот од средниот ред на Шпанија и Манчестер Сити, Родри ја доби „Златната топка“ за 2024 година. 

Се доделува на најдобриот фудбалер за периодот 01.08.2023 - 31.07.2024 година во кој е вклучено и Европското првенство. Најблиску до Родриго Ернандез беше триото на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, Џуд Белингам и Даниел Карвахал.

Во кампањата 2023/24, Родри стана европски шампион со Шпанија и ја освои титулата во Англија со Манчестер Сити.

Ова издание на наградите стана едно од најдискутираните откако првично се очекуваше Винисиус Жуниор да ја подигне наградата, но потоа работите се променија.

„Златната топка“ за 2024 година ја доделуваат заеднички УЕФА, „Франс Фудбал“ и „Екип“. Победникот кај мажите беше решен по гласањето на новинарите од првите 100 земји на ранг-листата на ФИФА. Секоја земја има по еден претставник. Од листата од 30 номинирани, жирито ги рангира првите 10 по опаѓачки редослед. На десетте избрани играчи им се доделуваат 15, 12, 10, 8, 7, 5, 4, 3, 2 и 1 поен соодветно. „Златната топка“ се доделува на играчот со најмногу поени.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да испита дали Шанси инвест послужила како параван за парите од МЕПСО

 ЈО да испита дали Шанси инвест послужила како параван за парите од МЕПСО да завршат кај функционери на СДС и ДУИ.

Длабоките релации и разработените шеми за извлекување на милионски суми од МЕПСО се многу очигледни. Директор во МЕПСО од редовите на СДС и ДУИ доделил тендер во вредност од 10 милиони евра на фирма која е директно поврзани со него.

Имено, тендерот од МЕПСО за набавка на уред за корекција на напонски профил на албанската компанија „Шанси Инвест“ заедно со Далековод АД Заегреб, им е доделен во период кога раководителот на комерцијалниот сектор на МЕПСО бил Мелаим Адеми.

А, истиот овој Милаим Адеми, своевремено бил и управител на подружницата на Шанси инвест во Скопје.

Ова поврзаност ги отвара сомнежите дека албанската компанија послужила само за испумпување на пари од МЕПСО, каде што требало да заврши разликата од неколку милиони евра од првичниот договор, кој потоа бил изменет и дополнет, со единствена цел зголемување на вредноста на тендерот.

Од тука се поставува прашањето, колку пари од МЕПСО завршиле на сметка на Шанси инвест, која освен штанцање фактури за наплата, пред да ги префрли парите на фирмата производител, која во случајов е Далековод АД Загреб, нема никаква додадена вредност.

Друго, уште посуштинско прашање е во чии џебови и на чии сметки на лица од СДС и ДУИ требале да завршат парите од Шанси инвест од разликата во цените?

Затоа, го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори истражна постапка за оваа јавна набавка на МЕПСО, да ги испита сите индиции и докази и да утврди дали Шанси инвест е параван фирма за наплата на милиони евра од функционерите на СДС и ДУИ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Околу 8.000 севернокорејски војници се наоѓаат во руската област Курск

Околу 8.000 севернокорејски војници се наоѓаат во руската област Курск и се очекува да започнат борба против Украина.

Околу 8.000 севернокорејски војници се наоѓаат во руската област Курск и се очекува да започнат борба против Украина во наредните денови, објавија највисоки американски претставници.

Државниот секретар Антони Блинкен, зборувајќи заедно со секретарот за одбрана Лојд Остин и нивните јужнокорејски колеги во Вашингтон, рече дека војниците биле обучени „за артилерија, беспилотни летала, основни пешадиски операции, вклучително и расчистување ровови, што покажува дека тие целосно имаат намера да ги користат овие сили во операциите на фронтот“.

Иако САД сè уште не ги виделе трупите вклучени во вистинските борби, Блинкен предупреди дека „доколку овие војници се вклучат во борбени операции за поддршка против Украина, тие ќе станат легитимни воени цели“.

8.000 севернокорејски војници сега во Курск претставуваат мнозинство од 10.000, за кои САД велат дека биле распоредени во Русија. Најавата за нивна претстојна употреба во борбите доаѓа додека САД и нивните сојузници размислуваат како да одговорат на ескалацијата на военото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг. Блинкен и Остин ги удвоија своите повици до Кина да го искористи своето влијание врз Северна Кореја за да ги запре нејзините „провокативни дејства“.

Заврши есенската потрошувачка кошница, дали цените ќе се вивнат нагоре?

Заврши владината мерка за ограничена бруто профитна маржа или популарно наречената есенска кошничка.

Дали повторно ќе пораснат цените, ќе се види деновиве.Надлежните предупредуваат дека жестоко ќе реагираат ако цените пораснат, зашто на сила останува законот за нефер трговски практики..

притисни ентер