Решена е мистеријата стара 68 години- познато се чии се најдените човечки коски (ФОТО)

Необичната приказна започнува во 1938 година, кога истражувачите откриле човечки скелет во бунар што му припаѓал на замокот Свересборг во Норвешка.

Оваа тврдина била изградена од кралот Свере Сигурдсон, кој владеел со земјата од 1184 до 1202 година и за тоа време често војувал (против локалните ривали, Данска и Шведска).

Поради недостиг на средства, истражувачите ги испитувале само коските, а потеклото останало мистерија.

Сè се сменило неодамна, кога биле направени подетални анализи и конечно е откриено кому му припаѓаат посмртните останки, пренесува Унилад.

Откритието е објавено во списанието „Cell Press journal iScience“, каде што е опишано како изгледа несреќната личност, што е направено благодарение на технолошките иновации.

Се покажало дека дел од решението се крие и во старата нордиска литература. Научниците направиле врска помеѓу записот од 1197 година, во кој се споменува напад на замокот.

Таму се наведува дека непријателските напаѓачи решиле да го фрлат телото на мртвиот во бунарот „за да го отрујат главниот водовод“.

Врз основа на стари записи и анализа на пронајдениот скелет, истражувачите заклучиле дека се работи за истата личност, иако идентитетот останува непознат.

„Ова е првпат да се најде лице кое се споменува во историските текстови. Во него пишува дека војниците го зеле мртвиот човек и го фрлиле во бунарот, а потоа го покриле со камења. Во текот на 2014 и 2016 година беа извршени дополнителни ископувања кога беа пронајдени повеќе остатоци и однесени на испитување“, изјави Мајкл Д. Мартин, професор на Универзитетот во Трондхајм.

Истражувачите сугерираат дека човекот имал помеѓу 30 и 40 години во моментот на неговата смрт. Тие веруваат дека тој бил убиен со тап удар во главата.

„Несреќниот човек не е локален жител, бидејќи неговото потекло се враќа во одредени делови на јужна Норвешка. Ова сугерира дека непријателската војска фрлила еден од своите во бунарот“, вели главниот автор на студијата, д-р Мартин Елегард.

Тој истакнува дека археолошката наука, древната ДНК и генетските анализи им овозможуваат на научниците да ги одделат фактите од фикцијата, на крајот обезбедувајќи пообјективен и поцелосен поглед на човечката историја.

Украински дронови уништија руски топови, снимката е од 25 километри зад линијата на фронтот

Борците на 100-та посебна украинска механизирана бригада успеаја да употребат беспилотни летала за да уништат две руски самоодни хаубици длабоко зад линијата на фронтот.

Видео прикажува беспилотни летала како уништуваат два топа 2S7 Pion, кои се сметаат за еден од најсилните во светот.

Како што е соопштено, овие артилериски системи биле распоредени на околу 25 километри зад линијата на фронтот, во близина на украинскиот град Хорливка.

Овој украински град е под руска контрола.

Украинската војска соопшти дека овие топови биле уништени од дронови Немесис.

Како што претходно објави Укринформ, припадниците на Националната гарда кои управуваат со беспилотни летала FPV уништиле неколку единици на непријателска опрема што ја користеле Русите при обидот да се пробијат во одбраната на Украина во близина на Золот Нива во регионот Доњецк.

Ковачки: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 100 дена покажа различност

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 100 дена апсолутно покажа различност.“

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 100 дена апсолутно покажа различност. Првото ветување сите што го зборувавме во предизборието беше покачување на пензиите за 5,000 денари законски тоа го направивме 2,500 сега и 2,500 денари во април. Тоа и понатаму ќе продолжи да расте и тоа е многу повеќе од тоа што го наследивме. Во буџетот немаше предвидено и пари за исплата на пензиите“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 ТВ.

Тој истакна дека како втор проект е покачувањето на платите на наставниците укажувајќи „знаете дека во рок од 4 години владата се договори платите да растат до 46%“.

„Обезбедивме учебник за секое дете нешто што досега немаше. Ние дојде ред да се фалиме и гордееме со нешто што сосема беше нормално во изминатиот период кога нудевме компјутер за секое дете, а сега се доведовме во ситуација да нема учебник за секое дете и тоа го реализиравме да има учебни за секое дете“, рече Ковачки.

Тој истакна дека средствата за стимулација кон општините се насочени кон сите општини без разлика на политичката провиниенција.

„Премиерот потпиша договор со градоначалниците за поделба на средства за капитални инвестиции. 4 милијарди денари се во прашање, а верувам сумата ќе дојде до 6 милијарди денари. Тука не правиме поделба на општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ итн., туку даваме на сите општини без разлика од која политичка провиниенција доаѓа“, вели Ковачки, се наведува во партиското соопштение.

Трамп ја повтори лажната изјава дека на учениците им го менуваат полот

Доналд Трамп, поранешниот претседател и кандидат на Републиканската партија на претстојните избори, продолжува да тврди дека училиштата во Соединетите Американски Држави ги испраќаат децата на операции .

Доналд Трамп, поранешниот претседател и кандидат на Републиканската партија на претстојните избори, продолжува да тврди дека училиштата во Соединетите Американски Држави ги испраќаат децата на операции за промена на полот без дозвола од родителите, иако неговата претседателска кампања не успеа да најде какви било примери за тоа дека навистина се случува.

Трамп првпат ова тврдење го изнесе на крајот на август, но Си-Ен-Ен и другите медиуми го демантираа на почетокот на септември.

Сепак, Трамп ја оживеа приказната како што се наближува денот на изборите (5-ти ноември), истурајќи милиони долари во реклами кои се занимаваат со трансродови прашања.

Минатата недела, за време на дискусијата за образовната политика во фризерски салон во Њујорк, која беше снимена од Фокс њуз, Трамп го повтори ова тврдење:

„Нема трансродови, нема операции, знаеш, некаде ти го носат детето, син ти оди на училиште, и се враќа како девојче. Без согласност од родителите“, рече тој и додаде:

„На почетокот мислев дека е претерано, но не: се случува. Се случува. Има места каде што се случува“.

Трамп не прецизира конкретни „места“ каде тоа наводно се случува. Сепак, тој го повтори тврдењето за време на интервјуто за подкастот на Џо Роган:

„Кој би сакал такви операции, има толку многу такви каде што го носат вашето дете на училиште и го претвораат од момче во девојче, без согласност на родителите“.

Тврдењето на Трамп сè уште е лажно. Нема докази дека училиштата во САД некогаш испраќале деца на операција за промена на полот без согласност од родителите, ниту дека таквата практика е законски дозволена. Дури и во државите каде што е дозволена операција за промена на полот за малолетници, потребна е согласност од родителите.

Кампањата на Трамп и четирите конзервативни групи со кои Си-Ен-Ен контактирале во септември не можеа да најдат докази за ова тврдење. Експертите за здравствена заштита на трансродовите велат дека ова сценарио едноставно не се случува во Соединетите Држави. Лендон Хју, постдокторски соработник на Факултетот за јавно здравје на Харвард и коавтор на студијата за распространетоста на операцијата за промена на полот во САД изјави во септември:

„Нема случаи на деца кои добиваат операции или пристап до операции преку училиштата. Ниту еден лекар во САД не би извршил операција на малолетно лице по инструкции на училиштето, а камоли без согласност од родителите“.

Д-р Мередит Мекнамара, лекар по медицина за адолесценти на Универзитетот Јеил, исто така се согласува:

„Се разбира, сè во оваа изјава е лажно. Сите операции се вршат во квалификувани медицински установи, а не во училишта. Родителите се тие што носат медицински одлуки за своите деца, особено кога станува збор за промена на полот.

За малолетниците во САД, потребна е согласност од родителите дури и за неоперативни третмани како што се блокатори на пубертетот и хормонска терапија. Според упатствата на Американската академија за педијатрија и Светската асоцијација за трансродово здравје, согласноста од родителите е задолжителна.

„Секој вид медицински или хируршки третман за промена на полот законски бара согласност од двајцата родители или законски старатели, како и согласност од адолесценти помлади од 18 години“, рече д-р Лора Тејлор, директор на програмата за промена на полот на Универзитетот од Јужна Калифорнија.

Иако нема точна национална статистика за бројот на малолетници кои биле подложени на такви операции, достапните податоци јасно покажуваат дека огромното мнозинство од овие процедури се вршат на возрасни.

Тејлор објасни дека процесот за малолетници кои бараат операција е долг и вклучува евалуација од интердисциплинарен тим.

„Одлуката за започнување на хормонска терапија или операција кај адолесцентите се носи по консултација со тим од експерти кои вршат психосоцијална проценка. Оваа проценка вклучува разбирање на дисфоријата, времетраењето на проблемот, исклучување на други причини и обезбедување информирана согласност од семејството. “.

Запрашана за доказите за тврдењето на Трамп дека училиштата тајно спроведуваат операции за промена на полот на децата, портпаролката на кампањата на Трамп, Каролин Левит, не понудила докази. Наместо тоа, таа поднела неколку написи за поширокото прашање за управување со родовите идентитети во училиштата.

притисни ентер