Рекорден број на егзекуции во Саудиска Арабија, иако со земјата владее „принц-реформатор“

Рекорден број егзекуции се извршени во Саудиска Арабија и покрај ветувањата на престолонаследникот Мохамед бин Салман дека ќе го намали бројот на егзекуции.

Од почетокот на оваа година во ова кралство се извршени 208 смртни казни што го надминува претходниот рекорд од 196 во 2022. Само за еден ден годинава во Саудиска Арабија биле извршени дури 81 смртна казна. Во оваа земја најстрогата казна обично се извршува со обезглавување на осуденикот, објави Телеграф.

Егзекуциите биле извршени за време на престолонаследникот Бин Салман, кој практично владее со земјата бидејќи кралот е тешко болен. Дури 1.447 егзекуции се извршени во пустинското кралство богато со нафта од 2015 година, кога тој стана престолонаследник.

Извештајот за егзекуциите во Саудиска Арабија е објавен пред гласањето во Обединетите нации, кога земјите-членки ќе одлучат дали ќе дозволат официјален Ријад да заземе место во Советот за човекови права на ОН.

Реформите на принцот во кралството вклучуваат дозволување на жените да возат автомобили, а тој е заслужен за доведување на некои од најголемите имиња во спортот и забавата.

Сепак, зголемувањето на егзекуциите продолжува: 32 биле извршени во септември, а 41 во август, заменик-директорката на невладината организација „Реприв“ изјави дека смртната казна масовно се користи за справување со сите критичари на монархијата.

Меѓу нив се и деца. Тројца клиенти на оваа организација, Абдула ал-Дерази, Јусуф ал-Манасиф и Абдула ал-Ховаити, чекаат извршување на најстрогата казна.

„Суровите казни што им се изречени служат за да ги одвратат другите кои размислуваат јавно да зборуваат против владејачкото семејство, без разлика дали се селани протерани за изградба на мегапроектот „Неом“ од 1,5 трилиони долари, активисти за правата на жените, деца кои присуствуваат на протести или влијателни на социјалните мрежи.“ рече Хариет МекКлоч.

Престолонаследникот Бин Салман вети дека ќе ја укине смртната казна за помали злосторства. Сепак, осудените сè уште сочинуваат голем дел од осудените на смрт.

„Во септември, 16 од 32 егзекуции беа за злосторства поврзани со дрога, а во 2024 година, околу 41 отсто од егзекуциите беа за злосторства што не ги исполнуваат критериумите за најтешки кривични дела“, рече Тах ал Хаџи, правен директор на Европската саудиска организација за човекови права (ЕСОХР).

Во 2017 година, принцот Бин Салман нареди апсење на околу 70 членови на саудиската политичка елита, вклучително и членови на кралското семејство, во обид да обезбеди моќ и да го елиминира несогласувањето на судот.

Американската истрага покажа дека принцот Бин Салман наредил убиство на американско-саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги во 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул. Неговото тело беше исечено и запалено, и тоа само затоа што го критикувал кралското семејство. Принцот негира вмешаност.

Поранешниот висок функционер за безбедност и разузнавање Рабих Аленези, кој сега бара азил во Британија откако беше уценет затоа што зборуваше против принцот Бин Салман, рече дека во Саудиска Арабија постои култура на страв.

Алензи, кој го достигнал највисокото ниво во безбедносниот естаблишмент во земјата, рече дека смртната казна, која често се извршува со обезглавување со меч или со стрелање, е начин да се „заплашат луѓето и да се тероризира општеството бидејќи Мохамед бин Салман знае дека луѓето го мразат“.

„Принцот не верува дека луѓето ќе ги следат неговите наредби и ќе ги прифатат неговите проекти без страв“, рече тој.

Принцот претходно најави дека смртната казна ќе се извршува само за осудените за убиство во согласност со исламскиот закон, но во Саудиска Арабија се изрекува и за транспорт, шверц и примање дрога, учество во протести и предавство на татковината.

Саудиската влада троши милијарди долари на компании за односи со јавноста, настани со најпознатите уметници и големи спортски настани за да ја прикрие вистинската ситуација и да ја скрие катастрофалната реалност во однос на човековите права во земјата, објави британски Телеграф.

Татко ги грабнал трите деца и ги однел во шума- по три години се снимени: Барем се живи (ВИДЕО)

Том Филипс, кој пред три години ги киднапираше своите три деца во Нов Зеланд, конечно е снимен во шума.

Пред Божиќ 2021 година, по расправија со сопругата, ги киднапирал децата и ги однел, објави Би-Би-Си.

Том последен пат бил виден во ноември минатата година, откако украл четири велосипед од селски имот и упаднал во локална продавница.

Се верува дека неодамнешните надзорни снимки ги прикажуваат Том и едно од неговите деца.

Сепак, напредок во истрагата стигна кога Том и неговите деца биле видени во близина на поле. Случајно ги забележале тинејџери кои ловеле диви свињи во шумата и ги снимиле со телефоните.

Видеата ги прегледала и полицијата која тврди дека се автентични.

Веднаш е започната потрага по нив, но не се пронајдени.

„Нашиот фокус е безбедно враќање на трите деца во нивното семејство и ќе направиме сѐ тоа да се случи“, соопшти полицијата.

Мајката на децата, која ги немала видено три години, не го криела задоволството кога слушнала за снимките.

„Ми олесна што се живи. Многу сум среќна што сите се тука. Сите тие се живи, сите мои бебиња се тука“, рече таа.

Среќна е и бабата на исчезнатите деца која се надева дека наскоро ќе бидат заедно.

Тинејџерите кои го снимиле Том велат дека тој има долга брада, дека има пиштол и дека сите деца биле маскирани.

По Том Филипс во септември минатата година е издаден налог за апсење поради наводен тежок грабеж.

Полицијата нуди награда од 80.000 австралиски долари за информации за него и за тоа каде се наоѓаат децата.

Урнато е казино во Лас Вегас, поврзано со познат мафијаш- одекнуваа огномети низ градот (ВИДЕО)

Последното вистинско казино од времето на мафијата во Лас Вегас, култниот хотел Тропикана и салонот за коцкање, е срушен во контролирана експлозија во раните утрински часови по локално време.

Кулите на хотелот беа урнати во придружба на огномет. На местото каде што до утрово беше Казиното ќе се гради нов бејзбол стадион.

„Лас Вегас ја претвори оваа експлозија во спектакл во стилот на Лас Вегас“, рече Џеф Шумахер, историчар и потпретседател на изложби и програми во Музејот на Моб.

Сега од мафијашката ера на Стрип ќе остане само Фламинго. Но, оригиналните структури на Фламинго одамна исчезнаа. Казиното беше целосно реновирано во 1990-тите.

Тропикана е третото најстаро казино на Стрип, а затворено во април по 67 години угостување на гости.

Тропикана имала врски со организираниот криминал, главно преку озлогласениот мафијаш Френк Костело. Неколку недели по отворањето на „Тропикана“ бил застрелан во главата во Њујорк и преживеал, но полицијата во џебот од палтото му пронашла парче хартија со точниот износ на заработката на Тропикана и го открила уделот на мафијата во казиното, пишува Гардијан.

До 1970-тите, федералните власти кои ги истражувале мафијашите во Канзас Сити обвиниле повеќе од десетина оперативци за заговор за кражба на приходи од коцкање од 2 милиони долари од казината во Лас Вегас, вклучувајќи го и Тропикана. Обвиненијата поврзани само со Тропикана резултирале со пет пресуди.

Кој ќе сака да ја види фонтаната Ди Треви во Рим, ќе мора да плати (ВИДЕО)

Рим е една од омилените романтични дестинации која има многу да понуди.

И цела Италија е полна со неоткриени работи и секој може да си најде нешто за себе, без разлика дали е тоа храна, пијалок, некое обележје или слично.

Фонтаната ди Треви е една од главните знаменитости на овој град и секоја година ја посетуваат милиони луѓе. Сега италијанските власти решија да почнат да наплаќаат за посетата, иако секој што ја посетува остава неколку евра кога си замислува желба и ја фрла во неа.

Властите во италијанската престолнина велат дека сакаат да го започнат проектот во близина на Фонтаната Треви како дел од тековните планови за намалување на метежот и промовирање на „одржливиот туризам“. Фонтаната од 18 век одамна е „задолжителна посета“ на туристите во Вечниот град, но често е преполна и со џепчии.

- Лично би бил за размислување за нова форма на пристап и временски ограничена. Доколку се имплементира, тој би делувало како „систем за резервација на билети - бесплатен за Римјаните и би чинел симболично 1 евро за туристите - изјави Алесандро Онорато, градскиот советник на Рим одговорен за туризам, пишува „Еуроњуз“.

И покрај трошокот, градските власти велат дека целта на одлуката не е да се соберат пари, туку да се намалат и контролираат гужвите и да се спречат „да јадат сладолед или пица на споменик што заслужува соодветна почит“.

Фонтаната е една од најпосетуваните атракции во Италија и ширум светот. Тоа значи дека често е преполно со луѓе кои се борат да ја видат скулптурата, дизајнирана од италијанскиот архитект Никола Салви.

Рим во просек има 35 милиони посетители секоја година, а тој број ќе биде уште поголем во 2025 година, бидејќи се очекува јубилејот, верски настан кој трае една година што се одржува во градот и во Ватикан, да привлече милиони повеќе.

притисни ентер