Додека премиерот Мицкоски подготвува писмо со нови предлози за тоа како да се продолжи преговарачкиот процес со ЕУ, за бугарскиот претседател Румен Радев преговорите меѓу Македонија и Бугарија се завршени уште пред две години, кога двете земји го потпишале билатералниот протокол по Договорот за добрососедство и соработка. Прашан за коментар по изјавата на Мицкоски - дека тој е подготвен да разговара со Радев за да се изнајде решение на долг рок, бугарскиот претседател упатува Скопје да води дијалог со Брисел, бидејќи Софија повеќе не била вистинската адреса. Вели дека состојбата многу добро му ја објаснил и на унгарскиот примиер Орбан, за кого се појави информација дека би можел на седми ноември во Будимпешта да ги седне на заедничка маса со Мицкоски.
„ Преговорите меѓу Бугарија и Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете држави го потпишавме билатералниот протокол врз основа на Договорот за добрососедство и соработка. Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води главно меѓу Македонија и Европската комисија. Бугарија може да помогне во тој процес. Ќе повторам дека подготвени сме и треба дапомогнеме. Ова е наша одговорност, а тоа е да и помогнеме на Македонија побрзо и поефективно да ги исполни условите нотирани во билатералниотпротокол и во преговарачката рамка, за да може посигурно да чекори по европскиот пат. И сите овие работи јас сум му ги објаснил многу добро на премиерот Виктор Орбан и тука немаме потреба од никакво посредување, работите се јасни, Македонија треба да ги исполни условите поставени веќе од Европската Унија. “-Румен Радев – Претседател на Бугарија.
Од Владата велат дека ќе го почекаат премиерот Мицкоски да се врати од самитот во Берлин, за потоа да се утврди содржината на писмото со кое тој наскоро ќе се обрати до институциите на ЕУ. Од Владата засега не откриват дали уставните измени со одложено дејство се главниот предлог или има и други идеи...
-Во овој момент претседателот на Владата учествува на самитот на Берлинскиот процес. Имавме изјава и став дека ќе ги видиме размислувањата на претсавниците на ЕУ во врска со прашањето кое ја засега Македонија и веднаш потоаќе се изготви тоа решенија кое ќе биде писмо и ќе биде доставено и објавено.За тоа кога и како и дали станвуа збор за различна понуда од тоа што ВМРО-ДПМНе и Владата и од она што го добивме како инфромација го зборува е дека кога ќе се створат услови ќе биде јасвноста за истото информирана. Марија Митева – Портпарол на Владата.
Викендов лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче излезе со став дека ќе дадат поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени и дека тие нема да ја кочат иднината на земјава за политичка корист, но порача дека нема да бидат параван за неуспешните политики на Владата..