ПСЖ преговара со Салах- фудбалскиот свет во шок

Мохамед Салах (32) наскоро ќе влезе во последните месеци од договорот со Ливерпул.

Египетскиот фудбалер, кој седум години е клучен играч на англискиот гигант, досега на 369 натпревари постигна 224 гола и забележа 100 асистенции. Во тековната сезона тој продолжува да покажува извонредна форма, со 13 гола и 11 асистенции на 20 настапи.

Сепак, Салах размислуваше за иднината и го изрази своето разочарување што челниците на Ливерпул се уште не му ги понудиле вистинските услови за продолжување на соработката, за што зборуваше последните месеци.

Сето ова отвора можност ПСЖ да ја искористи ситуацијата и да го донесе еден од најдобрите светски фудбалери без обештетување во летото 2025 година.

Француските медиуми, поточно „Л’Екип“ пренесуваат дека парижаните веќе се во преговори со Салах, кој во својата кариера меѓу другите играше за Базел, Челзи, Фиорентина и Рома.

ПСЖ е познат по тоа што не штеди пари кога се во прашање огромните трансфери и плати. Според информациите на „Капологија“, Салах моментално во Ливерпул заработува 18.200.000 фунти годишно, што е речиси 22 милиони евра. Таква плата не е проблем да се понуди ниту во Париз, каде слични договори имаат неколку играчи, меѓу кои и Усман Дембеле, кој заработува 20 милиони евра годишно.

Салах не го криеше разочарувањето што сепак не добил понуда за продолжување на соработката со Ливерпул. На крајот на ноември, Салах изјави: „Речиси е декември и се уште не сум добил понуда да останам. Тоа ме разочарува и сега се чувствувам повеќе како да сум надвор од клубот отколку внатре во него“, во контекст на неговата иднина во Ливерпул. Сепак, Салах истакна дека не се повлекува од игра и останува фокусиран на тековната сезона, со надеж дека со Ливерпул ќе ја освои Премиер лигата и Лигата на шампионите.

-Овде сум долго време, нема клуб како Ливерпул. Ги сакам навивачите и тие ме сакаат мене, но тоа не зависи само од мене и од нив. Мора да почекаме и да видиме што ќе се случи – заклучил Салах.

Останува да се види како ќе се одвива оваа ситуација, но без никакво сомневање ќе биде многу интересно да се види каде Салах ќе ја продолжи кариерата.

Гвардиола: Веројатно многу личам на Мурињо... Но тој освои три, а јас шест титули во Премиер

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги коментираше споредбите со поранешниот тренер на Челзи и Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо по гестот на Шпанецот на натпреварот со Ливерпул (2:0) во 13. коло од Премиер лигата.

Кога навивачите почнаа да скандираат за отказ на Гвардиола, тој покажа шест прсти на трибините, алудирајќи на шест титули во лигата.

- Се надевам дека не во мојот случај! На крајот, можеби сме доста слични... Но тој освои три титули, а јас шест, изјави Гвардиола за „Гардијан“.

Манчестер сити нема победа на седум натпревари во сите натпреварувања - 6 порази и 1 нерешено. Тимот на Гвардиола се наоѓа на 5. место во поредокот во Премиер лигата со 23 бода.

Општина Куманово избра сувенир на градот

 Комисијата за избор на сувенир на општина Куманово го избра сувенирот на Општината за 2024 година, „Спортска сала Соколана Куманово“, со мотив „Да ја сочуваме“, соопштија денеска надлежните од општината. 

Сувенирот е дело на кумановскиот автор Јелена Спасовски, приспособен за масовно производство, со цел да се користи за промоција на Куманово.

-За изработката користев срмен конец, жица, акрилна боја, ставена на тафт подгола во дрвена рамка. Се инспирирав од Соколана кое обележје на Куманово, изјави авторката Спасовски.

Повикот беше објавен во октомври годинава. Општината на овој начин поддржува идеи и автентични трудови со цел да придонесат кон креирањето на производ кој ги отсликува карактеристиките на градот, во насока на зголемена промоција. Сувенирите содржат елементите на препознатливост и да ја отсликуваат традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот.

-На претходно објавениот јавен конкурс учествуваа тројца автори со свои креативни дела, во кои беа содржани елементи на препознатливост, отсликување на традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на Куманово, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општината за оваа намена одвои 100.000,00 денари без ДДВ, при што првиот дел од износот изнесува 30.000,00 денари и е биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд. Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 70.000,00 денари.

Куманово неодамна доби сувенирница, сместена во простор на занаетчискиот дом. Таа претставува траен симбол на посветеноста кон промовирањето на занаетчиството и туризмот. Локалните занаетчии имаат простор за презентацијата на своите дела.

МВР: Претрес во Кочани, пронајдена дрога

Полициски службеници од ОВР Кочани вчера го лишиле од слобода Н.Д.(22) од Кочани, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Како што информираат од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер