Општина Куманово избра сувенир на градот

 Комисијата за избор на сувенир на општина Куманово го избра сувенирот на Општината за 2024 година, „Спортска сала Соколана Куманово“, со мотив „Да ја сочуваме“, соопштија денеска надлежните од општината. 

Сувенирот е дело на кумановскиот автор Јелена Спасовски, приспособен за масовно производство, со цел да се користи за промоција на Куманово.

-За изработката користев срмен конец, жица, акрилна боја, ставена на тафт подгола во дрвена рамка. Се инспирирав од Соколана кое обележје на Куманово, изјави авторката Спасовски.

Повикот беше објавен во октомври годинава. Општината на овој начин поддржува идеи и автентични трудови со цел да придонесат кон креирањето на производ кој ги отсликува карактеристиките на градот, во насока на зголемена промоција. Сувенирите содржат елементите на препознатливост и да ја отсликуваат традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот.

-На претходно објавениот јавен конкурс учествуваа тројца автори со свои креативни дела, во кои беа содржани елементи на препознатливост, отсликување на традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на Куманово, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општината за оваа намена одвои 100.000,00 денари без ДДВ, при што првиот дел од износот изнесува 30.000,00 денари и е биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд. Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 70.000,00 денари.

Куманово неодамна доби сувенирница, сместена во простор на занаетчискиот дом. Таа претставува траен симбол на посветеноста кон промовирањето на занаетчиството и туризмот. Локалните занаетчии имаат простор за презентацијата на своите дела.

Перински: Без млади, нема иднина, ни за локалната самоуправа, ни за државата

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во поткастот ,,ВМРО-ДПМНЕ зборува“ се осврна на клучните мерки на Владата насочени кон младите, при што нагласи и дека младите се клучот за иднината на државата и дека вложувањето во нив е приоритет.

„Оваа Влада и премиерот Мицковски се многу фокусирани во оваа насока. Мерките што ги предвидуваме ние, во оваа власт, се насочени кон младите. Предвидуваме електронски уред за секој студент, без разлика дали е на државен или приватен факултет, што е исклучително битно“, истакна Перински.

Перински најави и финансиска поддршка за младите претприемачи и нагласи дека се издвоени 10 милиони за стартапи за лица до 29 години.

„Предвидуваме 10 милиони за стартапи за лица до 29 години. Навистина суштински е потребно, затоа што младите луѓе се многу пообразовани од она што ние мислиме дека се. Ако им се овозможи оваа алатка, тие ќе имаат мотивација да се градат и развиваат во рамки на сопствената држава“, изјави Перински.

Перински ја нагласи и важноста на подобрувањето на условите за образование.

„Иако не е мој ресор директно, како влада сме насочени кон реконструкција и вложување во инфраструктурата во рамки на факултетите и во реконструкција на студентските домови, за што се предвидени 18 милиони евра“, кажа Перински.

Перински на крајот на својата изјава испрати силна порака.

„Верувајте ми, без млади нема иднина, ниту за локалната самоуправа, ниту за државата. Ние, како влада и локална самоуправа, ги мотивираме да останат, да растат и да се развиваат тука. Бидејќи, секаде на друго сте гости, само дома сте дома. Младиот човек треба да има соодветно образование и услови за реализација. Потоа, треба да му се пружи алатка како своите идеи, стекнати преку образовниот процес, да ги реализира и надоградува во рамки на својата држава“, заклучи Перински,се наведува во партиското соопштение.

Партијата на пензионери е категорично против за зголемување на прагот за пензионирање

Партијата на пензионери категорично е против и не ја прифаќа иницијативата за зголемување на прагот за пензионирање, кој сега изнесува 64 години живот.

За Партијата на пензионери, исто така, се неприфатливи и неразумни образложенијата на предлагачите на ваквата иницијатива, која наводно има за цел да се подобри финансиската положба на Фондот за ПИО, како и да се намали зависноста од државниот Буџет.

Причини за ваквиот став се:

- зголемената зависност од државниот Буџет, во овој и идниот период, за редовна исплата на пензиите, не е никако поврзана и предизвикана од актуелниот законски праг за остварување на право на старосна пензија, бидејќи, во периодот од донесување на оваа законска одредба, па се до Одлуката на Владата за линеарно усогласување на пензиите, зависноста на Фондот за ПИО кон Буџетот на државата континуирано се намалуваше.

- доколку се подигне прагот за пензионирање на 67 години се намалуваат шансите за вработување на младите кадри и се зголемува притисокот за нивно заминување во странство.

- животниот век на граѓаните во земјава, по пензионирање, а и општо, поради полошите услови за живот од оние во развиените земји, е меѓу најкратките во Европа.

- не е реално да се очекува исполнување на заложбата на работодавачите за зголемена продуктивност од работници на возраст над 64 години.

Поради наведеното, Партијата на пензионери, како единствен политички субјект на пензионерите во земјата, подржува креирање, исклучиво и само, политики со кои на нашето стопанство му се помага да може да оствари:

- отворање на нови и подолгорочно одржливи работни места,

- зголемување на вкупниот број на вработени, особено млади, како и редовно исплаќање на плати и придонеси.

- зголемување на сите плати и реалната куповна моќ на вработените,

- намалување на сивата економија, и

- зголемување на процентот кој се исплаќа за придонеси од плата (ПИО и ФЗО), доколку се појави акутна потреба за интервенција за заштита на стабилноста на ФПИО и редовна исплата на пензиите.

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ

Не стивнуваат реакциите, откако е објавено дека Бијонсе е најголема поп ѕвезда на 21. век

Билборд официјално објави дека Бијонсе е најголемата поп ѕвезда на 21 век.

Веднаш зад неа, на второто и третото место се Тејлор Свифт и Ријана. Социјалните мрежи се преплавени со коментари по прогласувањето на победникот. Нејзините најголеми обожаватели пишуваат дека Бијонсе го заслужила тоа и дека нема кој може да ја замени. Од друга страна, има и такви кои сметаат дека дури и самиот Билборд смета дека таа не го заслужила тоа.

Имено, многумина на социјалната мрежа Х напишаа дека Билборд во своето објаснување за победникот повеќе пати објаснувал зошто не е избрана Тејлор Свифт отколку зошто навистина била Бијонсе. „Дури и тие не можат да смислат неколку добри причини за таа да победи“, беше еден од коментарите на X.

„Искрено, таа е навистина преценета. Гласовно, не може да се спореди со Адел, Тејлор Свифт, Кери Андервуд и останатите“, напишал еден корисник на X. Веднаш потоа се огласи еден од нејзините обожаватели и објави видео од нејзиниот настап. „Дали сакаш да кажеш дека некој може подобро од ова?“ го праша.

"Фактот што го тресе задникот не ја прави одлична пејачка, а тоа го прави буквално на секој настап и во секое музичко видео. Секогаш истото. Сакам да слушам музика која инспирира и им помага на луѓето во тешки времиња“, одговори првиот корисник.

„Џеј Зи е на врвот на листата на Форбс, а Бијонсе на врвот на Билборд. Па, ова не може да биде поочигледно...“ беше уште еден коментар.

Многумина ја споменаа и морничавата теорија на заговор која неодамна почна да се шири, според која Бијонсе е страв и трепет на музичката индустрија. На социјалните мрежи кружат видеа на кои најголемите светски познати личности на денешницата ѝ се заблагодаруваат и ја споменуваат Бијонсе додека добиваат награди во категориите во кои ја победиле. Многумина беа убедени дека зад тоа се крие помрачна приказна.

„Билборд заборави да ѝ се заблагодари на Бијонсе и сега мора да ѝ го дадат првото место“, се пошегува еден корисник на X, додека друг додал: „Навистина не знам кој ја слуша нејзината музика“.

Потсетуваме, заедно со објавата, Билборд објави и текст во кој ја пофалија Бијонсе. Еве го делот: „Можете да ја гледате на сцената половина минута и веднаш да препознаете дека е безвременска; нејзината инхерентна комбинација на сјајна убавина, беспрекорна мода, туѓинска физичка способност и земниот и небесниот вокал зборуваат сами за себе“.

Покрај тоа, тие спомнаа дека Бијонсе „го подигна и трансформираше американскиот поп во текот на изминатите 25 години“. Категориите што ги разгледувале биле: комерцијален успех, способност за изведба, признание од критиката, влијание во индустријата и иконски моменти од поп културата.

притисни ентер