За Партијата на пензионери, исто така, се неприфатливи и неразумни образложенијата на предлагачите на ваквата иницијатива, која наводно има за цел да се подобри финансиската положба на Фондот за ПИО, како и да се намали зависноста од државниот Буџет.
Причини за ваквиот став се:
- зголемената зависност од државниот Буџет, во овој и идниот период, за редовна исплата на пензиите, не е никако поврзана и предизвикана од актуелниот законски праг за остварување на право на старосна пензија, бидејќи, во периодот од донесување на оваа законска одредба, па се до Одлуката на Владата за линеарно усогласување на пензиите, зависноста на Фондот за ПИО кон Буџетот на државата континуирано се намалуваше.
- доколку се подигне прагот за пензионирање на 67 години се намалуваат шансите за вработување на младите кадри и се зголемува притисокот за нивно заминување во странство.
- животниот век на граѓаните во земјава, по пензионирање, а и општо, поради полошите услови за живот од оние во развиените земји, е меѓу најкратките во Европа.
- не е реално да се очекува исполнување на заложбата на работодавачите за зголемена продуктивност од работници на возраст над 64 години.
Поради наведеното, Партијата на пензионери, како единствен политички субјект на пензионерите во земјата, подржува креирање, исклучиво и само, политики со кои на нашето стопанство му се помага да може да оствари:
- отворање на нови и подолгорочно одржливи работни места,
- зголемување на вкупниот број на вработени, особено млади, како и редовно исплаќање на плати и придонеси.
- зголемување на сите плати и реалната куповна моќ на вработените,
- намалување на сивата економија, и
- зголемување на процентот кој се исплаќа за придонеси од плата (ПИО и ФЗО), доколку се појави акутна потреба за интервенција за заштита на стабилноста на ФПИО и редовна исплата на пензиите.
ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ